fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

ААВМУ не може да избегне одговорност за медиумскиот хаос, велат од Владата

Владата и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера и денеска разменија остри забелешки за проблемите во медиумската сфера во изминатиот период, по обвинувањето од министерот Роберт Поповски во петокот дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права. ААВМУ вчера реагираше дека станува збор...

Кабинет на Иванов: Селмани е погрешно информиран, сертификатите се за соработници

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, испрати соопштение до јавноста во кое ги негира наводите што денеска ги кажа претседателот на Здружението на новинарите на Република Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, дека кабинетот издавал безбедносни сертификати на новинари. Во реакцијата се вели дека Селмани бил погрешно информиран. „Во процесот на спроведување на итните реформски приоритети врзани за прашања за безбедноста,...

ЗНМ го повика Иванов да се откаже од обидот да им ги врзува рацете на новинарите

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, практично им ги врзал рацете на околу 20 новинари со тоа што им понудил да им се издадат безбедносни сертификати без тие да имаат можност да дознаат како тоа ќе се одрази на нивната работа, рече претседателот на Здружението на новинарите на Република Македонија (ЗНМ) Насер Селмани на прес-конференција. Тој го повика...

Сопки на патот кон слободниот пристап до информации

Новинарите, организациите и граѓаните кои поднесуваат барања за слободен пристап до информации се соочуваат со бројни сопки на патот кон добивање на информацијата од јавен карактер. Владата најави менување на Законот за слободен пристап до информации со што граѓаните очекуваат олеснување на пристапот до информациите од институциите. Пишува: Кристина Озимец - ПИНА Бројот на вработени во Одделот за односи со јавност...

Владата го усвои Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Владата на Република Македонија на својата 55-та седница попладнево го усвоила Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), извести на Твитер-профилот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Од #седница на @vladamk: усвоен e Законот за аудио и аудио визуелни услуги. Следува процедура во @sobraniemk. — Миле Бошњаковски (@portparolVRM) February 20, 2018 Сега Предлог-законот ќе биде испратен...

Владата платила само 250 евра за реклами на „Фејсбук“ и „Твитер“

Владата на Република Македонија на 22 август донесе одлука со која повеќе нема да нарачува реклами во електронските радиодифузери, во весниците и порталите, како и билборди, но го задржува правото да информира за своите активности преку социјалните медиуми. За таквото информирање од нејзиното назначување во јуни се потрошени 15.800 денари, одговори портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањата од...

Јанеска – Саркањац: Програмскиот совет на МРТ не коментира политички изјави

Претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска - Саркањац, не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски, кој рече дека новиот избор на старо-новиот директор на МРТ, Марјан Цветковски е „одлука на Програмскиот совет на МРТ кој сè уште функционира во стариот состав, а граѓаните добро знаат кој членува во тој...

ЗНМ: Реизборот на Цветковски за директор не оди во прилог на реформите на МРТ

Здружението на новинари на Македонија смета дека резиборот на Марјан Цветковски за директор на Македонската радио-телевизија не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола, се вели во реакцијата на ЗНМ. Од таму додаваат дека „изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го правеа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и...

Бошњаковски: Новото раководство на МРТ ќе трае до новиот закон

Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија „добро знаат кој членува во тој стар состав, на кој начин работеше и под чии влијанија и како е направен овој избор“, истакна...

Марјан Цветковски реизбран за директор на МРТ од 13 пријавени кандидати

Актуелниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ), Марјан Цветковски, во конкуренција од 12 пријави вчера е реизбран на чело на јавниот сервис, потврди за „Мета“ Смилка Јанеска – Саркањац, претседател на Програмскиот совет на МРТ. Советот на 26 јануари го распиша конкурсот за избор на нов директор, бидејќи стариот мандат на Цветковски му истекува во март. Цветковски функцијата генерален директор ја...

„Алфа“, „Сител 3“, „Сонце“, „Скопје“ и „Слободна Македонија“ имаат две седмици да ја платат лиценцата

Советот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната, 5-та седница годинава, едногласно донесе одлука да почне постапка за одземање на дозволите за емитување на радиото „Слободна Македонија“ и на телевизиите „Алфа“, „Сител 3“, „Сонце“ и ТВ „Скопје“, но им остави уште две седмици да го платат надоместокот. Претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, побара ААВМУ да...

ААВМУ утре и задутре ќе расправа за одземање 22 лиценци на телевизии и радија

На својата петта седница годинава, Советот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) утре ќе расправа и за одземање на лиценци на четири телевизии кои емитуваат на национално или регионално ниво и едно радио кое емитува на национално ниво. Причината се неплатени обврски за лиценца, а рокот истекол вчера, дознава „Мета“ од извори во ААВМУ. Имињата не се објавуваат...

ААВМУ мора да биде вистински носител на политики за медиумите, не само регулатор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) мора да биде вистински носител на политики за медиумската сфера, покрај својата редовна работа како регулатор, што барем во периодот април - септември минатата година, ја работеше квалитетно. Програмскиот совет, пак, на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ), мора да биде поотворен за јавноста и повеќе да ја игра својата...

Владата отвора канал за онлајн-комуникација со граѓаните, нема да дава пари за реклами

Владата ќе комуницира со граѓаните преку социјалните мрежи и преку јавниот радиодифузен сервис МРТ, а нема намера за тоа да троши буџетски пари, одговори владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето од „Мета“ дали Владата ќе плаќа реклами кога ќе комуницира со јавноста преку јавниот радиодифузен сервис МРТВ и дали планира да плаќа за продукција на рекламни спотови или објави...

ЗНМ договори соработка за полесен пристап на новинарите до информации од јавен карактер

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе потпише меморандум за соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со што ќе отвори можност да се подигне нивото на општествена транспарентност и ќе им се олесни патот на новинарите до информации од државните институции. Тоа било договорено на денешната средба на претставници на...

Судии не ги признаваат порталите за медиуми во случаите за клевета и навреда

Тужби во Основниот суд Скопје 2 Скопје за случаи за клевета и навреда во кои едната страна е новинар што работи во онлајн-медиум, се отфрлаат со образложение дека „порталот нема пасивна легитимација“. Со ова, судиите практично не ги признаваат порталите за медиуми. Но, за други судови, како на пример во Охрид и Битола нема дилема дали порталите се медиуми...

МРТ планира да добие 13,37 милиони евра и да побара нови 3 милиони за новите канали

Македонска радиотелевизија (МРТ) испрати план до Владата за почнување со работа на телевизиски канал што 24 часа ќе емитува програма на албански јазик и уште еден канал што ќе емитува на другите јазици на националностите. Еден месец откако тоа ќе биде одобрено, МРТ е подготвена да ги стартува програмите, рече Смилка Јанеска - Саркањац, претседател на Програмскиот совет на...

Министерството за одбрана се отвора кон јавноста и ќе објавува сè што не е тајно

Трошењата на министерот за одбрана , платите и јавните набавки во Министерството за одбрана повеќе нема да бидат тајна, порача Радмила Шекеринска, првиот човек на ова министерство на прес-конференција. - Министерството за одбрана, не само во Македонија, но особено во Македонија се сметаше за едно од традиционално најзатворените министерства, заради природата на работа, но и заради таквата политичка волја. Зад...

Нема да го повлечеме Законот за медиуми, вели Манчевски

Законот за аудио и аудиовизуелни услуги нема да биде повлечен, но остануваме отворени за дискусија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во врска со забелешките од одредени здруженија дека законот е противуставен и дискриминаторски. - Би сакал да знам зошто овие здруженија на многуте јавни дебати што ги имавме не го искажаа овој став, туку го...

Министерството за култура ќе ги преиспитува музичките субвенции на МРТВ

Министерството за култура соопшти дека ќе ја преиспита законитоста на одлуките на Македонската радио-телевизија (МРТВ) од 5 јануари за доделените субвеници за поддршка на домашната музичка продукција. Во врска со објавените резултати и одлуки на МРТВ по објавениот конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, од Министерството информираат дека минатата година биле извршени јавни консултации со повеќе засегнати...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...