fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

ССНМ: Мора да се подобрат правата на новинарите заради доброто на професијата

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) порача дека е неопходна итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници, како место од кое почнува, но и во кое може да заврши, искривоколчувањето на професијата. ССНМ посочува на извештаите за...

Почна постапката за гаснење на Радио Слободна Македонија

Стручните служби на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) по извршениот вонреден надзор на Радио Слободна Македонија констатирале дека оваа радиодифузна куќа повеќе не ги исполнува минималните кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и му препорачуваат на директорот на ААВМУ да достави предлог до Советот на ААВМУ за покренување постапка за одземање на...

„Репортери без граници“: Омразата кон новинарството е закана за демократијата

Македонија, според Индексот на слобода на медиумите во светот за 2018 година на „Репортери без граници“ се наоѓа на 109. место, што е скок за две позиции од минатата година, кога била на 111. место. Според извештајот насловен „Омразата кон новинарството е закана за демократијата“, во светот расте анимозитетот кон новинарите и непријателското расположение кон медиумите, поттикнато од политичките водачи...

ААВМУ ја опомена ТВ „Нова“ да емитува нова програма, а не репризи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера презела две мерки против телевизијата „Нова“, како и против телевизијата „Шења“ и магазинот „Леона“. На телевизиите „Нова“ и „Шења“ им е изречена опомена поради необјавување импресум, а на магазинот „Леона“ опомена поради не објавени податоци за адресата на издавачот на медиумот, податоци за печатницата и датумот на печатење или препечатување. Дополнително, телевизијата...

Стејт департментот виде потчинети медиуми, напади врз новинари и недоверба на јавноста

Бројни проблеми со закани и напади со новинари, медиуми потчинети на политиката и економските интереси и недоверба на јавноста во медиумите се дел од крупните проблеми што ги нотира извештајот за состојбата со човековите права за 2017 година за Македонија, подготвен од Стејт департментот на САД. „Уставот обезбедува слобода на изразување, вклучително и на медиумите, но владиниот притисок на медиумите,...

На собраниски комисии извештајот на СЈО и предлог-законот за АВМУ

Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова...

Поповски: Ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести

На панелот „Медиумите во дигиталната ера: Борбата против лажните вести“ на Дигиталниот самит кој денес завршува во Скопје, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, рече дека Велес, за жал, станал синоним на лажните вести. - Ние ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести не само во тој град, туку и во Македонија – рече...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Предлог-законот за АВМУ повторно на мета на експертите и фелата

На денешната јавна расправа за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која беше организирана од Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието, експертите, новинарските здруженија и луѓе од медиумските дејности критикуваа решенија од текстот, за кои велат дека ќе ги влошат состојбите. Според претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, тоа што за МРТ како јавен...

Правата за реемитување програма судрија дел од кабелските оператори и телевизиите

Правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која интересна група им припаѓаат. Најголеми се разликите меѓу националните телевизии на една и операторот „Телекабел“ на друга страна. Едните бараат затемнети телевизиски екрани и казни во случај кога операторот нема регулирано права за реемитување, другите...

АЕК и ААВМУ за јавноста сè уште се главно „политички“ тела

Мал е процентот граѓани кои знаат што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и кои се нивните надлежности. Ова е заклучокот на презентацијата на завршниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК. Во изминатите 18 месеци, „Евротинк“ во соработка со „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја следеше работата на двете...

Ванхауте: Реформите во медиумите ќе опстојат само ако има политичка волја

Понатамошен значаен напредок може да се постигне за неколку години, под услов Владата, а особено надлежниот министер, да останат вклучени во поддршката на слободното и професионално медиумско опкружување - вели белгискиот експерт во интервјуто за „Вистиномер.мк“ и „Мета.мк“. Питер Ванхауте, медијаторот во разговорите меѓу политичките партии за време на процесот за постигнување на Договорот од Пржино неодамна престојуваше во Македонија по...

Со серија забелешки, законот за АВМУ следната недела оди на пленарка во Собранието

Потребни се повеќе пари за Македонската радио телевизија (МРТ) како јавен радиодифузен сервис, но и давање поголеми ингеренции за регулација и улога на предлагач на решенија на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за да се овозможат суштински медиумски реформи. За да не се предизвика големо нарушување на рекламниот пазар, пак, неопходно е да се...

Јавна расправа утре за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија утре ќе одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На дебатата ќе учествуваат членови на Владата на Република Македонија, медиуми, портали, новинарски здруженија, како и претставници на разни институции и невладини организации. Во јавната расправа, ќе учествуваат и пратениците, кои се  членови...

Фоторепортерите почнаа битка со „копи пејст“ објавите, ги чекаат и новинарите

Фотографии, исти наслови, цели текстови копирани заедно со печатни грешки станаа секојдневие во македонските медиуми. Ретко кој го цитира и медиумиот кој прв објавил екслузивна вест. Какви алатки им стојат на располагање на новинарите и медиумските работници кога се во прашање авторските права? Опомени пред тужба за неовластено користење на авторски фотографии добија портали, но и еден весник и...

Довербата во медиумите во Македонија меѓу најниските во Европа

Според најновиот извештај на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), довербата во медиумите кај граѓаните на Македонија е меѓу најниските во Европа и дури и  опаѓала во изминативе пет години. Во анализата што се темели претежно на 88-от извештај на Еуробарометар, се вели и дека ниската доверба на македонските граѓани во медиумите е во тесна врска и со индексот за слобода на...

Во Собранието денеска предлог-законот за АВМУ

На 38-та седница во Собранието на Република Македонија денеска, покрај другите точки, пратениците треба да расправаат и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). По девет месеци од првите активности за донесување нов закон, кој треба да донесе департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис, односно Македонската радиотелевизија (МРТ), и регулаторното тело – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

Десетици медиуми добија опомени за тужби за прекршување на авторски права за фотографии

Голем број македонски медиуми и неколку приватни лица деновиве добиле писма со опомена од адвокатка којшто застапува неколкумина професионални фоторепортери од Македонија во постапка за неовластено користење нивни авторски фотографии. Иницијативата за заштита на правата на авторите е поддржана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), и нивниот адвокат Наталија Миленковска, како што ни изјави, испратила триесетина опомени...

Медиумските реформи се во тек, темпото и квалитетот варираат од сектор до сектор

Реформите во медиумската сфера течат, но со различно темпо и квалитет во различните сектори, беше истакнато на денешната презентација на вториот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“, Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од...

Владата и кабелските оператори се дообјаснуваат околу авторските права

По расправијата со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вчера Владата се објаснуваше и со кабелските оператори за тоа што точно мислел министерот за комуникации и отчетност, Роберт Поповски, кога во петокот зборуваше за кршење на авторските права. Асоцијацијата на кабелски оператори АКО и Стопанската интересна заедница на оператори на кабелската мрежа МК НЕТ вчера преку соопштение наведоа дека...

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...