fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Поповски до Десир и Која: Опозицијата ги блокира медиумските реформи

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на вчерашната средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир и со новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, се пожалил дека опозицијата со блокирањето на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во собраниската процедура, ги блокира медиумските реформи. На средбата...

ААВМУ ќе ѝ ја одземе дозволата на „ТВ Нова“

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) до Советот на агенцијата ќе поднесе предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Нова“, која е речиси два месеци во стечај. Според дневниот ред на утрешната седница на Советот на ААВМУ, тоа би можело да се случи и утре. Според Агенцијата, телевизијата која беше сопственост на бизнисменот...

Манчевски апелира членовите на Советот на МРТВ и на ААВМУ сами да си поднесат оставки

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од пет месеци го блокира донесувањето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), а тоа го продолжи и денеска. Апелирам и членовите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) да поднесат оставка и да овозможат да се случат медиумските реформи, порача Министерот за информатичко...

Селмани: Слободни и професионални медиуми се кислород за секоја демократија

Ве замолувам, во наредниот период во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, посветете повеќе внимание на медиумските реформи. Слободни и професионални медиуми се кислород на секоја демократија. Професионалните медиуми се најдобар лек против злоупотребите на секоја власт. Има промена во медиумите, но тие промени се далеку од тоа да бидат одржливи. Ние како новинарско здружение соработуваме и ќе...

Буџетот на МРТ за годинава ќе се зголеми за три милиони евра

Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот на Македонската радио телевизија, со што за оваа година на сметката на јавниот радиодифузер ќе легнат уште околу три милиони евра. За 2018 година првично беше планирано МРТ да добие 700 милиони денари, а со ребалансот овој износ се зголемува за 186 милиони и 550 илјади...

ЗНМ бара да се прекине мандатот на членови на Советите на МРТ и на ААВМУ

Ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно и со фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за да ги заштити своите партиски војници, бараме собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да утврди престанок на мандатот на тројца членови...

Новинарите се соочуваат со притисоци и по промената на власта

Владата се пофали дека медиумските работници се ослободени од политички притисоци. Но поведението на дел од функционерите во власта и искуствата на новинарите во секојдневната работа се доказ дека ова сè уште не е точно. Закани, притисоци, навреди, влијанија - сите овие методи се уште се дел од секојдневието во медиумската сфера, говорат повеќе новинари за Платформата за истражувачко...

TВ „Нова“ оди во стечај

Телевизијата „Нова“ на Сеад Кочан, која важеше за блиска до власта во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е во стечај. Одлуката за отворање стечај на Основен суд Скопје 2 е објавена денеска во весниците, a е донесена во петокот. Предлогот за отворање стечај е на група доверители застапувани од адвокатско друштво „Бона Фиде“ од Скопје. Претходно 43 вработени и...

Реформите во медиумската сфера мора да продолжат посеопфатно

Некои одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не донесуваат квалитет, а во некои случаи и ги враќаат работите назад, додека значителен број работи се испуштени од овој закон што се битни за медиумските реформи, беше нагласено на денешната експертска дискусија за нацрт-документот за идните интервенции во медиумското законодавство, подготвен од Центарот за развој на медиумите. Според документот,...

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски сака закон за партизација на медиумските регулаторни тела

Дамјан Манчевски денеска изврши класичен притисок врз законодавната власт со намера да се донесе неквалитетен закон кој што ќе овозможи груба партизација на медиумските регулаторни тела, обвини ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација. Манчевски обвини дека опозицијата го кочи донесувањето на Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и со голем број...

Манчевски: Опозицијата четири месеци ги кочи медиумските закони

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција во Владата побара собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, да работи без престан и секојдневно, додека не заврши амандманската расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тој рече дека опозицијата треба да мисли на интересот на граѓаните, наместо со голем број...

Недонесувањето на клучните законски измени го кочат реформскиот процес во медиумите

И покрај заложбите на Владата да гради партнерство со асоцијациите и со граѓанскиот сектор во сферата на медиумите, таа сфера сеуште не е ослободена од институционални или персонални влијанија поради бавноста со која Собранието ги носи потребните законски измени беше истакнато на презентацијата на третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР) денеска во Клубот...

Трет периодичен извештај за медиумските реформи утре во Клубот на новинари

Утре во 11 часот во Клубот на новинарите ќе биде презентиран третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за промовирање на граѓански вредности „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Овој периодичен извештај ги презентира...

ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот закон со кој се предвидува кандидатите за членови во...

Манчевски: Владата сака независна МРТ и професионални регулаторни тела

Владата се залага за создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Наша цел е МРТ да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела да бидат транспарентни, професионални и компетентни. Особено е важно во регулаторните тела и националниот радиодифузер да не членуваат високи партиски функционери, поранешни пратеници, кандидати за градоначалници и роднини на партиски функционери,...

ВМРО-ДПМНЕ не сака јавна расправа за кандидатите за ААВМУ и Советот на МРТ

Со јавна расправа за кандидатите за Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски содржини (ААВМУ), како и на Програмскиот совет на МРТ ќе се направи непотребно оцрнување и линч и ќе се наруши нивниот углед, беше аргументот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешнотото второ продолжение на 17-та седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, на која...

ТВ „24“ и ТВ „21“ не добија национална дозвола, радиото „Слободна Македонија“ згаснува,

На денешната седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) едногласно беше донесена одлуката да почне постапката за одземање на дозволата на радиото „Слободна Македонија“. Како што напомена претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, останува можноста во законскиот рок од 15 дена откако радиодифузерот ќе ја добие одлуката, да преземе мерки за да ги исполни условите. Но,...

Поповски: По 10 години, конечно повеќе критички текстови од пофалби во медиумите

По 10 години има повеќе критички текстови отколку пофалби во медиумскиот простор, порача денеска министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на редовната владина прес-конференција. – Го одбележуваме овој ден на медиумите, во демократска, слободна и европски ориентирана Република Македонија. За прв пат, после 10 години, ќе има можеби повеќе критички текстови од пофалби, укажувања, сугерирања...

„Репортери без граници“ со ново видео повикува на борба против лажните вести

Одбележувајќи го 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓународната организација „Репортери без граници“ почна нова кампања со видео за борба против лажните вести, под етикетата #FightFakeNews. Во видеото се споредува штетата што на луѓето ја нанесуваат фалсификуваните фармацевтски и индустриски производи со политичките штети што произлегуваат од лажните вести и информации. „За разлика од ваквите фалсификати, чиешто влијание врз...

Манчевски: Медиумите треба да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта

Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по повод 3...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...