fbpx

ЗНМ го повика Иванов да се откаже од обидот да им ги врзува рацете на новинарите

-

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, практично им ги врзал рацете на околу 20 новинари со тоа што им понудил да им се издадат безбедносни сертификати без тие да имаат можност да дознаат како тоа ќе се одрази на нивната работа, рече претседателот на Здружението на новинарите на Република Македонија (ЗНМ) Насер Селмани на прес-конференција.

Тој го повика претседателот Иванов веднаш да ја запре постапката за издавање на безбедносни сертификати, а новинарите кои потпишале кога биле ставени во просторија во која морале да влезат без своите мобилни телефони, поради што не можеле да искомуницираат со своите редакции и да се посоветуваат дали да потпишат, Селмани ги повика веднаш да побараат прекин на постапката, за која тој вели дека е врзување на рацете на новинарите.

На новинарите им било кажано дека сето тоа е во функција на поголема транспарентност.

ЗНМ за случајот било информирано од некои од новинарите што потпишале, кога сфатиле што всушност се случило. Според Селмани, иако во минатото имало одредени шпекулации за слично постапување од страна на државни институции, ова е првпат да има дефинитивна потврда од новинари. Сè се случувало по Нова година, кога новинарите биле повикувани во Кабинетот на претседателот со ветување дека ќе добијат информации за работата, а потоа биле затворани во просторија, во групи од по 5 до 10 луѓе.

– Сметаме дека ова претставува загрозување на јавниот интерес. Ваквиот непромислен потег на Кабинетот на Иванов е спречување на новинарите да ја вршат својата работа и да бидат контролор на власта. Го повикувам Иванов да нареди на советниците да ја прекинат постапката. Ги повикувам новинарите да побараат да се прекине постапката, оти во спротивно го прекршуваат Етичкиот кодекс на новинарите – рече Селмани, појаснувајќи дека новинарите во некои специфични ситуации може и треба да ги прекршат законите доколку јавниот интерес е поголем од заканата од санкции за новинарот што ќе го стори тоа.

Селмани го повика Иванов, кога веќе неговиот Кабинет се повикува на поголема транспарентност, тоа да го постигне со почесто информирање на сите новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...