fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да се обезбедат преку заем...

УСС: Со онлајн полагањето ќе има манипулации со испитите

„Доколку пристапиме кон онлајн проверка на знаењето, наставните кадри нема да имаат никаква контрола врз условите за спроведување на испитот, нема да постои никаков механизам кој ќе обезбеди целосен надзор врз начинот на полагање и ќе се овозможат манипулации со испитите. Ваквиот начин на проверка на знаењето дополнително ќе го срози и така разнишаното образование во државава“ – велат...

Ацески: За неколку години ќе ги видиме вистинските последици од корона кризата во образованието

„Ова е голем удар за образованието. Нашите системи не се подготвени за вакви кризи, за вакви непредвидливи ситуации. Ние сме надвор од модерните текови на учење. Релативно сме технолошки опремени, но самите модели и пристапи не ги применуваме. Имате професори на Филозофски факултет кои се уште пишуваат со креда“, изјави за „Мета.мк“, пензионираниот унверзитетски професор и социолог, Илија Ацески. Загрижен...

Поради корона вирусот 138 држави ги затворија училиштата

Прекин на образовниот процес има во скоро сите држави од целиот свет. Според статистиката од УНЕСКО, 1.379.344.914 ученици или вкупно 80% од оние кои активно ја следат наставата не одат во училиште. Ова се должи на затворањето на училиштата во 138 држави, се со цел спречување на заразата со Ковид-19. Со оваа мерка, во Северна Македонија засегнати се над...

Расте бројката на заразени во светот, се воведуваат сѐ порестриктивни мерки

Состојбата со новиот корона вирус во Европа и во светот ескалира, со огромен пораст на бројката на заразени и хоспитализирани, откако Македонија го забележа првиот смртен случај. Бугарија, според официјалното соопштение од утрово, има 190 случаи, Македонија според официјалното соопштение има прв смртен случај, а до вчера до пладне 114 заразени. Новата бројка на заразени треба да биде соопштена денеска...

Одложена седницата на Европскиот Совет на која требаше да се одлучува за преговорите со Македонија

Членовите на Европскиот Совет одржаа видео-конференција и одлучија да го одложат одржувањето на состанокот на Европскиот Совет, којшто беше закажан за 26 и 27 март, јавуваат светските медиуми. Причина за одложувањето е актуелната состојба со корона вирусот. На овој решавачки состанок на Европскиот совет требаше да се донесе одлука за почеток на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ. Освен...

Хрватска ги напишала препораките за давање датум на Македонија и Албанија

Хрватска, како претседавач со Советот на ЕУ, веќе ги подготви нацрт-заклучоците, кои би требало да бидат усвоени следната седмица на Советот за заеднички работи на ЕУ, односно да им се даде датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, пишува хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“. Според неофицијалните информации пласирани од весникот, се предлага безусловен...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

И покрај ветувањата за пораст, трговската размена меѓу Албанија и Македонија во надолна линија

Албанија и Македонија продолжуваат со слаб индекс на перформанси во однос на трговската размена. За време на заедничките меѓувладини состаноци, шефовите на двете држави се заложија дека ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји. Но, официјалните бројки за увоз - извоз не го покажуваат тоа, пренесува „Порталб.мк“. Првата меѓувладина средба меѓу Албанија и Македонија, што се одржа на 16 декември...

Српски медиуми раширија лажна вест за 1.000 мигранти во Македонија

На 06 март, српскиот портал Телеграф.рс објави ударна вест со наслов: „Првите мигранти стигнаа во Македонија: Околу 1.000 од нив ја искористија збрката на граница и се провлекоа?“ (Prvi migranti stigli u Makedoniju: Oko 1.000 njih iskoristilo frku na granici i provuklo se?). Ваквата вест ја пренесоа повеќе српски медиуми. Сепак, се потврди дека истата е лажна. Имено, Телеграф.рс во...

Македонија е првата земја од Западен Балкан која планира укинување на употребата на јаглен

Македонската влада на почетокот на февруари ја одобри Стратегијата за енергетски развој до 2040 година и со тоа стана првата земја од Западен Балкан која го разгледува укинувањето на користењето на јагленот пред 2030 година, соопшти невладината организација „Бенквоч“(Bankwatch). Две сценарија од оваа Стратегија предвидуваат укинување на употребата на јаглен до 2025 година, додека третото го одложува затворањето на термоцентралата...

Новите пасоши – нова (погрешна) нервоза во Грција околу името

Грчкиот портал newsbreak.gr објави текст во кој, почнувајќи од насловот, се демонстрира голема нервоза поради тоа што новата пратка од 100.000 обрасци за македонски пасоши која се очекува кон крајот на март ќе биде од „старите“, односно на нив ќе пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“. Притоа се тврди дека е тоа спротивно на Преспанскиот договор. Текстот не е...

Македонски пчелари кои заталкале во Бугарија добија условни казни за незаконско преминување граница

Реонскиот суд Ќустендил досуди по 3 месеци затвор - условно за три години, како и глоба од 100 лева (околу 48 евра) на двајца македонски пчелари оти незаконски влегле на територијата на Бугарија. Според соопштението на веб-страницата на судот Горан Х (39) и Милан М. (62) на пат кон селото Селник и местото каде што биле поставени нивните сандаци со...

Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид

МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот е од огромно значење...

Корифејот на борбата за Македонија стана провокација за бугарската матрица

Бугарскиот портал „Пик“ пренесувајќи вест од други бугарски медиуми, успеа да види провокација за Фејсбук-постот на претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, за годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, корифејот на македонското револуционерно дело, борецот за автономна Македонија и познат противник на Врховистичките шеми и политика кои се кроеле во Софија. Во насловот на „Пик“, „ПОРЕДНА ПРОВОКАЦИЯ! Зоран...

Наслови на српски портали „почнаа војна“ меѓу Македонија и Грција

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Бугарите од Скопје го фатија во лага „Телеграф“ дека е скршена спомен-плочата на Мара Бунева

Целосно лажна вест дека наводно повторно била скршена спомен-плочата на Мара Бунева, објавена во бугарскиот весник „Телеграф“ разоткри Лазар Младенов, претседателот на Управниот одбор на Бугарски културен клуб Скопје. Тој на својот Фејсбук-профил објави фотографија од вест објавена вчера на 8-та страница од бугарскиот весник „Телеграф“ која освен што носи наслов „Пак ја скршија плочата на Мара Бунева“, почнува со...

На пауза или стоп: Димитров и Ѓорѓиев не се согласуваат ниту за моменталниот статус на Заедничката комисија

Д-р Ангел Димитров, еден од двајцата со-претседавачи на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците (вториот со-претседавач, од македонска страна, е д-р Драги Ѓорѓиев, директорот на македонскиот Институт за национална историја) во саботата повторно ги изнесе своите обвинувања до македонските членови на заедничката комисија (искажани првпат во декември) дека не ја паузирале, туку ја прекинале работата на...

Д-р Драги Ѓоргиев: Колку почесто се гледавме со бугарските колеги, толку повеќе растеа тензиите

Д-р Драги Ѓоргиев е директор на Институтот за национална историја, но во моментов е во центарот на вниманието на македонската јавност, поради тоа што е еден од двајцата претседавачи, заедно со неговиот бугарски колега д-р Ангел Димитров, на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците. Во последниот период од Бугарија стасаа многу обвинувања, вклучително и од Димитров, дека...

Ах, маките на „Дума“ со „недоносени“ заклучоци

Во којзнае кое продолжение веќе во „историскиот сериски спектакл“ што се „снима“ во соседна Бугарија, бугарскиот дневен весник со лева ориентација „Дума“ излезе со „нова“ лекција и за „неосвестените“ во Македонија, но и за бугарската власт. Во серија жалопојки и „факти“, во коментарот „Ех, мъко македонска“ (Ех, мако македонска), авторката се обидува да ги поучи и оние што не го...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...