fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Светска банка за годинава предвидува пад на македонската економија од 4,1 отсто

Економија во земјава оваа година ќе забележи пад од 4,1 отсто, следната 2021 година ќе се врати на нивото на економски раст од 3,6 отсто, додека во 2022 година растот би изнесувал 3,5 отсто, во услови на очекувана зголемена потрошувачка, раст на приватните инвестиции и извозот. Ова го прогнозира Светската банка во извештајот објавен денеска, под наслов :„Економски извештај...

Бугарски професори, научници и историчари го осудија Меморандумот на официјална Софија против Македонија

Вкупно 34 бугарски историчари, професори и научници кои работат и живеат во Бугарија или во странски земји, упатија јавно писмо со кое го осудуваат Меморандумот што официјална Софија го упати до членките на ЕУ, поставувајќи црвени линии и сериозни историски претензии за приклучувањето на Северна Македонија на ЕУ. Во писмото што го објави mediapool.bg, потписниците, меѓу кои се и историчарот...

ИФИМЕС: ЕУ и САД мора да ја сопрат Бугарија да се нафрла на Северна Македонија

Во време кога Бугарија ја мачат многу внатрешни проблеми, властите решија да ги „извезат“ своите бројни политички проблеми во соседна Северна Македонија, правдајќи се со историските и идентитетските прашања. ЕУ и САД тоа не смее да го дозволат, но не смее и да дозволат Бугарија да ги оспорува идентитетот и јазикот на Македонците, порачува Меѓународниот институт за Блискоисточни и...

Силен земјотрес во Грција почувствуван на југоистокот на земјава

Сеизмолошката опсерваторија (СО) при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје соопшти дека ноќеска во 50 минути по полноќ се случил земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 км. југоисточно од Скопје, во соседна Грција. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а бил почувствуван од населението на југоисточните делови на нашата земја, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

НАТО центарот за односи со јавност прераснува во центар за борба против дезинформации

Министерството за одбрана ќе го развие својот Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) во регионален НАТО-центар за борба против лажни вести и дезинформации. РЦОЈ, попознат под неговиот англиски акроним ПАРК (PARC-Public Affairs Regional Centre), од 2013 година е акредитиран од НАТО како партнерски центар за образование и обука. „Ќе се специјализираме, во духот на концептот на „паметна одбрана“. Информациите...

Македонија се искачи за две места погоре на листата на Глобалниот иновациски индекс

Државата годинава се искачи за две места погоре во однос на лани, на листата земји кои вложуваат во иновации и иновациска структура што резултира во економски напредок, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за 2020 година. Фондот за иновации и технолошки развој информира дека во Глобалниот извештај кој рангира 130 држави во светот во однос на иновативните перформанси...

Руски ловци пак „пресретнаа“ американски бомбардер над Црното Море (видео)

Два руски ловци Су-27 „пресретнале“ американски бомбардер Б-52 во меѓународен воздушен простор над Црното Море во петокот, објави утрово Европската команда на вооружените сили на САД (ЕУКОМ), која објави и видео од средбата, оценувајќи ја како „небезбедна и непрофесионална“ . Бомбардерот е еден од шесте „Стратотврдини“ Б-52 кои во петокот извршија прелети над сите 30 членки на НАТО, вклучувајќи...

Стратком: Македонија особено ранлива на хибридни закани и невоени и сајбер напади

Македонија и Црна Гора се најотпорни во регионот на штетни влијанија во сферата на надворешната политика и безбедноста, покажуваат анализите на НАТО Центарот за извонредност во стратешките комуникации (Стратком). Но, и покрај добрата вкупна оценка, Македонија е оценета со „критично ранлива“ во подобласта на „национална отпорност“, односно во отпорноста на хибридни закани, а ризикот го зголемуваат околностите што земјата...

Граѓаните повеќе веруваат во политички „грб“ и лажни вести отколку во институциите (инфографик)

Корумпираните медиуми се директна рута за странско штетно влијание во општеството, во кое расте поделбата поради социјалната нееднаквост, ниската доверба во институциите и политичкиот фаворитизам. Тоа е сублимирана оценка на четири анализи, студии и истражувања на НАТО Центарот за извонредност во стратегиските комуникации (Стратком), спроведени во период од една година во шесте земји на Западен Балкан. Македонија, по Албанија,...

Стратком: Во Северна Македонија сериозен проблем се слабите институции, корупцијата и политичкиот фаворитизам (инфографик)

Македонија е најмалку подложна на странски влијанија во регионот на Западен Балкан, покажува серија студии и истражувања на НАТО Центарот за извонредност во стратегиски комуникации (СТРАТКОМ). Но, сериозни проблеми и најголеми ризици се концентрацијата на моќ во политичките партии, слабите институции и недовербата на граѓаните во нив, високото ниво на корупција, неказнивоста на политичките елити и силниот политички фаворитизам. „Севкупно,...

Светски ден на хепатитис – лани евидентирани 141 случај на заболени во земјава

Во Република Северна Македонија во 2019 година регистирани се 91 заболен од хепатит Б, а вирусниот хепатит Ц е регистриран кај 50 случаи. Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц, информираат од Министерството за здравство, на Светскиот ден на хепатитис, 28 јули. „Вирусен хепатитис е воспаление на црниот дроб што доведува до...

Швајцарија воведе двонеделен карантин за патниците од Западен Балкан

За патниците кои пристигнуваат во Швајцарија од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово од денеска е воведен задолжителен двонеделен карантин. Албанија е единствената земја од Западен Балкан што не се најде на ажурираната листа на швајцарскиот Завод за јавно здравје, на која во моментов се наоѓаат 16 земји од целиот свет. Единствените земји кои се...

До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Веќе е изработен...

Вистиномер: Придобивките и компромисите во Преспанскиот договор – грчки поглед (IV дел)

Како на дилемите околу Преспанскиот договор се гледа од другата, грчката, страна? Еве што пишуваше на овие теми весникот „Катимерини“ (февруари 2019), систематизирани како „најчесто поставуваните прашања“ во врска со Преспанскиот договор и нивните одговори, пренесува „Вистиномер“.   ДАЛИ РУСИЈА МОЖЕ ДА ГО ОСПОРИ ДОГОВОРОТ СО ВЕТО ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН? Според одредбите од Договорот, од Советот за безбедност и од генералниот...

Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)

Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа. ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за уставни прашања (07.11.2018), кажа дека со...

Анализа: Земјите на Балканот немаат конзистентна стратегија за тестирањето за ковид-19

Ниту една земја во светот не ја знае точната вкупна бројка на лица кои се заразени со сарс-ков-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19. Сè што е познато е она што може да се дознае од официјалната евиденција која здравствените власти ја водат врз основа на добиените резултати од направени тестови. Сите инфекции кои се лабораториски потврдени, се сметаат...

Метежот на улиците ни е секојдневие, а сме на дното во Европа по број на автомобили по глава на жител (инфографик)

Северна Македонија е една од земјите во Европа со најниска стапка на моторизација на населението. Позади нас се единствено Албанија, Косово и Турција, покажуваат податоците на „Евростат“. И покрај ова, сообраќајниот метеж во нашите градови е секојдневна појава, додека проблемот со паркирањето расте секојдневно, особено во главниот град. Во 2018 година во нашата земја биле регистрирани вкупно 415.062 патнички...

Албанија ќе биде економски најпогодена земја од пандемијата со ковид-19 во регионот

Албанија се смета за економски најзагрозена земја во регионот од ефектите на пандемијата со ковид-19. Светската Банка и ЕБОР сметаат дека стопанството на Албанија ќе биде најпогодено, а како последица ќе дојде до зголемување на нивото на сиромаштија. Светската Банка за Северна Македонија изнесува пооптимистични сценарија, пишува „Порталб.мк“. Меѓутоа, кои се причините за проценките на меѓународните институции во нивните прогнози...

Спасовски очекува угостителите да кажат како ќе ја сузбијат сивата економија во нивната дејност

Коментирајќи го барањето на Комората за туризам и угостителство, дека ќе треба државна помош за дезинфицирање на угостителските објекти штом се отворат, техничкиот премиер Оливер Спасовски возврати со став дека од нив очекува метод за сузбивање на сивата економија во угостителството. Попладнево во Штип Спасовски кажа дека во време на здравствено - економската криза бил присутен на настани поради барања...

Вистиномер: Шпанскиот грип и други зарази ја пустошеле Македонија на крајот на Првата светска војна

Фото: Болница во Битола -1916; Принтскрин -eprints.ugd.edu.mk
Крајот на Првата светска војна на просторот на јужен Балкан и на територијата на денешната македонска држава, освен големите воени разорувања и жртви од воените дејствија, кај локалното население бил одбележан и со појавата на епидемијата на шпанскиот грип. Болеста, предизвикана од Х1Н1 вирус на грип со необична јачина, бргу се раширила не само помеѓу војниците и завојуваните страни,...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...