понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Македонија пат | 17 резултати

Намалена видливост на Стража, можна појава на одрони

декември 10, 2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, известуваат од „Македонија Пат“. Врнежи од снег во раните утринските часови се забележани на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово. […]

Намалена видливост поради магла во Делчево и Стојмирово

февруари 5, 2018

Поради магла намалена видливост од 30 до 50 метри има во Делчево и Стојмирово. Од „Македонија пат“ соопштуваат дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Коловозите влажни, „Македонија пат“ препорачува внимателно возење

декември 18, 2017

Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно, по влажни коловози, а во западниот дел на државата наместа со остатоци од кашест снег. Како што информира јавното претпријатие „Македонија пат“, снег со слаб интензитет врне кај Крива Паланка, Стража, Маврово и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни […]

Владата на денешната седница донела одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“

август 9, 2017

Владата денеска ја одржа 22. седница, на која биле донесени одлуки поврзани со спроведување на планот „3-6-9“, а се од интерес на локалната самоуправа и се однесуваат на енергетиката, информираат од владината прес-служба. „На денешната седница, Владата ја донесе уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) по општини за 2018 […]

УЈП ја објави новата листа на должници

мај 11, 2017

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници за долгови доспеани до 31 јануари и за неплатени долгови до 30 април врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се компании, јавни претпријатија и физички лица. „Македонија пат“ е едно […]

УЈП ја објави новата листа на даночни должници

април 11, 2017

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и […]

Патот до Драгоево и до Селце четврти ден непрооден

јануари 9, 2017

Жителите на двете штипски села Драгоево и Селце веќе четврти ден се завеани од снегот, кој на места, поради наносите, е со висина до еден метар. На помош е повикана механизацијата на „Македонија пат“, која денеска го расчистува патот. Се очекува до крајот на денот селата да бидат пристапни. Во делови околу Штип има наноси од снег […]

Сообраќајот се одвива отежнато со забрана за товарни возила на Плетвар и на патот Маврово – Дебар

јануари 8, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег по интервенција на екипите на „Македонија пат“. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патниот правец Маврово – Дебар. Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а […]

Забрана за тешки товарни возила на Маврово, Ѓавато и кон Деве Баир

јануари 7, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата од „Македонија пат“, соопштуваат од претпријатието. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато, и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, а укината е забраната за Стража и за Плетвар. […]

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато по влажни коловози

јануари 7, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег, по интервенција на екипите на  ЈП „Македонија пат“. Утринава, околу 7 часот, на патниот правец село Крупиште – Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои […]

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

јуни 11, 2016

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци. „Македонска радио-телевизија“ должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, „Македонија пат“ должи 433 милиони денари или околу 7 милиони евра, а „Македонски шуми“ должи околу 253 милиони денари или […]

Сообраќајот на автопатот Катланово – Велес се одвива по една лента

мај 27, 2016

На патниот правец Катланово-Велес е воведена привремена измена на режим на сообраќај поради изведување градежни работи, односно осветлување на тунелот Бел Камен, соопшти ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

СДСМ прашува како е можно „Македонски шуми“ да нема пари за данок, а да има за палми

јануари 13, 2016

Управата за јавни приходи призна дека Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ѝ должи на државата 3,5 милиони евра за неплатени даноци, реагираат од опозицискиот СДСМ. Од партијата преку соопштение велат дека „Македонски шуми“ нема пари за даноци, но има за да ги задоволи егзотичните идеи на Никола Груевски. „Македонски шуми“ набави 1.100 палми во вредност поголема од половина […]

Страна 1 од 1