недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: лекување | 75 резултати

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

јануари 6, 2017

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска. – Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не […]

21-годишна девојка од Скудриње починала од труење со јаглерод моноксид

ноември 4, 2016

Дваесет и едногодишна девојка од долнореканското село Скудриње починала, најверојанто од труење со јаглерод моноксид, а најзината една година постара сестра е пренесена на лекување во скопските клиники. Трагичниот настан се случи ноќеска, додека двете сестри спиеле во просторија од нивниот семеен дом, која се затоплувала со печка на дрва. Сестрите, кои биле во бесознание, […]

Протест пред Собрание за зголемување на буџетот за превенција на ХИВ

октомври 6, 2016

Денеска пред Собранието ќе се одржи протест на неколку невладини организации, кои ќе бараат да се зголеми буџетот за превенција и за лекување на ХИВ. Како што најавуваат невладините и граѓанските организации, протестот ќе се одржи затоа што во буџетот за 2017 година, глобалниот фонд за ХИВ/сида, туберкулоза и маларија се повлекува. „Владата на РМ […]

ФЗОМ одобри пари за лекување на Мартин Мицев

септември 17, 2016

Фондот за здравствено осигурување денеска соопшти дека лекувањето за бебето Мартин Мицев е одобрено. Како што пишува во соопштението на фондот, Мартин Мицев ќе се лекува во Германија, а неговото лекување, кое во целост ќе биде покриено од ФЗОМ, ќе чини 280.000 евра. „Почитувани, по повод пишувањата на определени веб-портали и социјални мрежи кои повикуваат […]

Фондот за здравство одобри лекување во странство за малата Ханита Салиу

март 8, 2016

Фондот за здравствено осигурување одобри средства за лекување во странство за Ханита Салиу, која има иста дијагноза како малата Тамара Димовска од Велес која почина минатата година. Малата Ханита во јавност се појави на 9 фебруари на протестот на годишнината од смртта на Тамара. Таткото на девојчето, Садула Салиу, тогаш изјави дека двапати побарале помош од државата, […]

ФЗОМ експресно одговори: Ханита в петок да дојде на преглед на Клиниката за ортопедија

февруари 9, 2016

По протестот по повод едногодишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, каде што говореше и Садула Салиу, татко на 11-годишната Ханита, која има иста дијагноза како и починатото девојче, експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување. Оттаму во соопштение велат дека „Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема […]

Осуденик се обидел да се самоубие во затворот „Идризово“

декември 18, 2015

Вчера попладне, затвореник во скопскиот затвор „Идризово“ се обидел да си го одземе животот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, осуденикот М.С. се обидел да се самоубие со бесење и со пиење поголемо количество медикаменти. Веднаш штом бил забележан, тој бил префрлен во ургентниот центар на Клиниката за токсикологија, каде, како што […]

Тодоров: Во Македонија ќе се легализира канабисот за медицински цели

декември 16, 2015

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска соопшти дека Mинистерството за здравство, по опсежните јавни дебати, ќе поднесе предлог-закон за употреба на канабисот за медицински цели. – По изнесување на различни искуства и воочување на добивките и ризиците од употребата на канабис во медицински цели, денеска сакам да информирам дека Министерството за здравство во соработка со Агенцијата […]

Научници од Синсинати откриле можност за лекување со помош на струја

јуни 10, 2015

Тим научници од Универзитетот во Синсинати можеби пронашле начин на брзо лекување на нашите тела од повреди и од рани, користејќи струја, пишува „Хафингтон пост“. Нивниот експеримент функционира врз основа на тоа што нашите тела реагираат на електрични полиња, благодарение на присуството на наелектризирани честички, јони, во нашите клетки. Андреи Коган, професор по физика на […]

Украдени пари од хуманитарниот концерт за Иван Стојанов

февруари 9, 2015

Од картонската кутија, каде се собирале парите за лекување на 25-годишниот Иван Стојанов од Штип, биле украдени повеќе од 25.000 денари. Во саботата вечерта, Домот на млади, заедно со невладината организација „Сивитас“, организираше хуманитарен концерт со настап на тројца диџеи. Настанот беше наменски организиран за помош на Иван, кој веќе две години се обидува да собере […]

Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

ноември 23, 2014

Хуманитарен турнир во мал фудбал се одржа денеска во Штип, на кој учесниците донираа средства за помош на лекарката Евица Бојаџиева, која боледува од рак. Организар на турнирот, на кој учествуваа дваесетина екипи, беше музичарот и спортски работник од Штип, Мирче Кикиритков. Со парите што досега беа собрани, д-р Бојаџиева замина на лекување во Кина, […]

Страна 4 од 4