fbpx
Таг: криза

таг: криза

Политичка стабилност за кризата да заврши, посака Груевски во новогодишната честитка

И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна годинa, но и покрај политичката криза добро е што ја зачувавме економската стабилност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишната честитка до граѓаните. - Сите нам и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број инвестиции, отворање на нови работни...

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

„Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме сè што беше негативно да ни се повтори“, се вели во новогодишната честитка на претседателот Ѓорге Иванов упатена до граѓаните. Во неа се додава...

СКСЗМ: Економскиот развој за кој слушавме во 2016 година е пропаганда

Владата во 2016 година немаше конструктивен однос кон бизнис-заедницата и терминот „развој“ што постојано го употребуваше не е ништо друго освен кампања, изјавија од Стопанска комора на Северозападна Македонија, кои на прес-конференција дадода оценка за економијата во 2016 годинава и ги кажаа очекувањата во 2017 година на економски план. - Економскиот развој за кој толку многу слушавме повеќе е пропагандна политика...

Милошоски: Заев ја продолжува кризата и се обидува насилно да ја преземе власта

Речиси две недели по изборите, кога сите граѓани ги знаат изборните резултати, Зоран Заев сè уште се обидува да манипулира, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција. - Не дека Заев не знае кој победи, а кој ги изгуби овие избори, тој многу добро знае, но претпоставуваме дека некој од горе, како што тој комуницира...

Се зголемуваат корпоративните и депозитите на домаќинствата

Стабилизацијата на очекувањата на економските субјекти во третиот квартал позитивно се одрази на банкарското работење во целина, соопшуваат од Народна банка. - Квартално зголемување е забележано како кај корпоративните, така и кај депозитите на секторот домаќинства. Речиси еднаков придонес за зголемувањето на вкупните депозити забележаа и денарските и девизните депозити - се вели во соопштението на Народна банка. Намалувањето на ризиците...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 4 на 3,75 проценти

Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, Народна банка ја намали за 0,25 процентни поени, и таа сега изнесува 3,75 проценти. - Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, кое во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација...

Флоријан Бибер смета дека ЕУ ќе се обиде да го спречи продлабочувањето на кризата

Европската Унија и меѓународната заедница веројатно ќе се обидат да спречат продлабочување на политичката криза во Македонија, изјави за „Мета“ експертот за Балканот и професор на Универзитетот во Грац, Австрија, Флоријан Бибер, коментирајќи ги тесните изборни резултати. - Тешко може да се каже, но очекувам дека ќе има некаква инволвираност на ЕУ во обид да се спречи продолжување на кризата...

Груевски: Да направиме 11 декември да биде празник на демократијата

„Имаме уште два дена кои треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Треба само да сме мудри и со ладни глави...“, рече на прес-конференција во Кавадрци, Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4. - Институциите мора да дејствуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив, ова се однесува меѓу...

Важно е да не дозволиме редефинирање на државата, порача Груевски од Струга

Не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на централниот митинг на партијата вечерва во Струга. - Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега...

Мигрантската криза во фокусот на заедничката седница на српската и на унгарската влада

Во Србија за овие две години се регистрирани околу 110.000 мигранти и уапсени се околу 2.000 криумчари, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, за време на заедничката седница на владите на Србија и на Унгарија во Ниш, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Мигрантската криза била една од главните теми на седницата, а унгарскиот премиер Виктор...

Ердоган е разочаран од американскиот однос кон воената криза во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради односот кон сириската криза, изјавувајќи дека е разочаран од политиката на Вашингтон. Ердоган во интервју за „Си-Би-Ес“ изјави дека, како резултат на американската политика во Сирија, постои безбедносна закана по Турција на нејзината јужна граница, а последица на тој однос е и што во неговата држава има три милиони...

ЕБРД ја намали проекцијата за порастот на домашниот БДП од 3,2 на 2,1 отсто

Европската банка за реконструкција и за развој (ЕБРД) ја намали прогнозата за Македонија за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,1 отсто од 3,2 проценти проектирани во мај, што е резултат на влијанието на политичката криза во државата. „Во 2016 година голема е веројатноста да има значителен пад на БДП на 2,1 отсто, но веројатно ќе се врати на 3...

Штајнмаер: На Европската Унија ѝ се заканува пропаст

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, предупредува дека на Европската Унија би можело да ѝ дојде крајот. - Ако веќе не умееме да ја цениме вредноста на Европската Унија, тогаш таа ќе пропадне – рече Штајнмаер во интервју за „Зидојче цајтунг“. Според неговите зборови, во текот на минатата година се покажало дека вредностите што со децении важеле за апсолутно сигурни,...

Хан – Груевски: Исполнети се условите за одржување предвремени избори

Актуелните политички случувања, изборите и мигрантската криза биле темите на разговор на средбата меѓу еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Соговорниците констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Груевски посочил дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот...

Иванов: Неодлучноста на ЕУ да ја деблокира интеграцијата е една од причините за кризата

Неодлучноста на Европската Унија и на НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Македонија беше една од главните причини за политичката криза во Македонија, што кулминираше оваа година. Ова, меѓу другото, го кажа претседателот Ѓорге Иванов на панел-дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија на конгресот на Паневропската унија во Виена. - Неодлучноста на Унијата да ги надмине блокадите и заморот од проширувањето...

Жбогар: Фер кампања и веродостојни избори се прв чекор во разврска на кризата

Фер кампања и веродостојни избори во декември се клучен и прв чекор за разврска на политичката криза. Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и на демократскиот поредок и ја парализира земјата предолго. Ова денеска го изјавил евроамбасадорот Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките...

Глобалниот долг на историски највисоко ниво

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е загрижен поради проблемот со зголемување на глобалниот долг, кој достигна 225 отсто од светскиот домашен бруто-производ (БДП), што може да доведе до нова финансиска криза. Бруто-долгот во нефинансискиот сектор номинално е повеќе од двојно зголемен од почетокот на овој век, достигнувајќи 152 милијарди долари со тренд на зголемување, наведува ММФ во своето најново полугодишно издание...

Русија е подготвена да преговара со САД за сириската криза

Руската војска соопшти дека е подготвена да ги продолжи разговорите со САД за ситуацијата во Сирија. Соопштението доаѓа откако американскиот државен секретар Џон Кери се закани дека ќе ја прекине секоја соработка со Русија во Сирија, ако Москва и нејзините сојузници не ги прекинат воздушните напади на Алепо. Стејт департментот соопшти дека Кери му поставил ултиматум на шефот на руската дипломатија,...

Самит посветен на бегалската криза ќе се организира во ОН, в понеделник

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе организира самит посветен на бегалската криза во седиштето на ОН во Њујорк на 19 септември, в понеделник. На самитот ќе се разговара за стратегијата за дејствување на државите на интернационално ниво, во врска со овој глобален проблем. На овој настан ќе присуствуваат и претставници од Меѓународната организација СОС Детско село, за да се презентираат...

САД и Македонија разменија искуства за дејствување на вооружените сили во случај на криза

На форумот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили“, кој денеска се одржа во Охрид, САД и Македонија разменија искуства за дејствување на вооружените сили во случај на криза. - Размената на искуства со САД и со другите држави е многу значајна за Македонија. По сите кризни ситуации, се прават анализи...