fbpx

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

-

„Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме сè што беше негативно да ни се повтори“, се вели во новогодишната честитка на претседателот Ѓорге Иванов упатена до граѓаните.

Во неа се додава дека Новата година кај секој од нас буди нови очекувања, надежи и желби.

– Во овие моменти, кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности, на потребата да бидеме солидарни, хумани, праведни – се вели во честитката.

Иванов на граѓаните им посака желбите да им станат реалност, а реалноста да биде поубава и поблагопријатна за сите.

– Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и во благосостојба – се додава во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...