Бразилската полиција официјално потврди дека грчкиот амбасадор е убиен

-

Грчкото министерство за надворешни работи и бразилската полиција официјално потврдија дека грчкиот амбасадор во Бразил, Кирјакос Амиридис, е убиен во Рио де Жанеиро. Вештачењето на најденото јагленосано тело во автомобилот, кој Амиридис го изнајмил заедно со сопругата за време на одморот во Рио де Жанеиро, покажало дека се работи за грчкиот амбасадор.

Грчкото МНР изрази длабоко жалење за трагичниот настан и за смртта на долгогодишниот дипломат кој служел во грчките дипломатски претставништва во Бразил, Србија, Европската Унија и во Либија.

Зад бруталното убиство на грчкиот амбасадор, според информациите од Бразил, стојат неговата сопруга со бразилско потекло, Франсуаз Амиридис, и нејзиниот љубовник, 29-годишен полицаец. Полицаецот и сопругата го признале убиството пред полицијата, иако Франсуаз на почетокот одбивала дека е на каков било начин поврзана со случајот.

Според информациите, Амиридис бил убиен во нивниот дом во Рио де Жанеиро, а потоа неговото тело било префрлено во автомобилот, однесено на друга локација и запалено.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...