fbpx

Жбогар: Фер кампања и веродостојни избори се прв чекор во разврска на кризата

-

Фер кампања и веродостојни избори во декември се клучен и прв чекор за разврска на политичката криза. Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и на демократскиот поредок и ја парализира земјата предолго.

Ова денеска го изјавил евроамбасадорот Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

Според амбасадорот на Европската Унија во Македонија, декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, зрелоста на земјата, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и, конечно, за граѓаните.

Во насока на фер и демократски избори, Жбогар смета дека треба да има транспарентно финансирање на политичките партии и на изборните кампањи. Тој истакна дека Европската Унија, ќе помогне за полесно да се дознае како се финансираат политичките партии.

Евроамбасадорот упатил и порака за слободата на изразувањето и медиумите кои ги смета за сериозен предизвик за земјата.

– Потребни се искрени и многу суштински напори и посветеност од сите актери, примарно од политичките лидери, да одговорат на правото на граѓаните за објективен и веродостоен пристап до информации. Ако граѓаните немаат пристап до слободни медиуми, ако им се негира правото на балансирано, фактичко и веродостојно информирање, тие се изложени на пропаганда, што значи поткопување на демократијата и ефективноста на институциите – изјави Жбогар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...