fbpx
Таг: ковид

таг: ковид

Во земјава досега вакцинирани 519.106 граѓани, вчера биле дадени 12.939 вакцини

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во земјава и со теренската вакцинација, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно досега се дадени 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Со последните бројки 64 отсто од населението над...

Вистиномер: Дури и ако се разболат, вакцинираните многу полесно се справуваат со ковид-19 од невакцинираните

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со тежок тек на болеста....

Нови 54 случаи на ковид-19, едно лице починало од болеста

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19: Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар - 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1. Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови. Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје...

Вистиномер: Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје...

Вистиномер: Вакцината не е поврзана со демонски сили

Вакцината не претставува смртна опасност, ниту пак, докторите ги трујат граѓаните, како што дезинформира постот. Досега во Северна Македонија нема пријави за смртни случаи од ковид-вакцината. Од Агенцијата за лекови и медицински средства во земјава (МАЛМЕД) објаснуваат дека досега пријавените несакани реакции од вакцините не отстапуваат од опишаните во упатствата за употреба и дека не е пристигната ниту една...

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.   Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк...

Денеска се регистрирани 39 нови случаи на ковид-19 и 12 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар...

Вистиномер: Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост

Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго...

МЗ: Вчера се дадени 18.149 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се дадени 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани,...

Регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство иизвести дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава од почетокот на пандемијата е 156.078. Во истиот период, како оздравени се пријавени 6 пациенти, а нема пријавено смртни случаи. Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, со што се откриени 24-те нови случаи, односно...

МЗ ги најави селата во кои утре ќе се врши теренската вакцинација

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека утре - 26.07.2021, теренската вакцинација против ковид-19 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Палчиште, Новаке, Камењане, Синичани, Урвич, Јеловјане Гостивар – Равен, Здуње, Јеловце, Печково Берово – Будинарци Свети Николе – Дорфулија, Каратманово Струга – Мислешево, Мороишта Неготино – Тимјаник Пробиштип – Неокази Кочaни – Бели Кичево – Колибари, Трапчин Дол, Длапкин Дол Битола – Могила, Радобор, Д.Чарлија, Будаково, Трап Македонски...

МЗ: Само 96 граѓани биле позитивни на ковид по втората доза вакцина

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Од таа бројка заразени, 13 биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување „Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со...

Вистиномер: Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното...

Вистиномер: Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата

Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“, пишува Вистиномер.мк. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после...

Вистиномер: Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени, објави Вистиномер во својот нов текст кој го пренесуваме во целост: Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција...

Филипче: Децата во Гевгелија имаат обична вирусна инфекција што не е поврзана со ковид

Нема простор за паника, овие случаи немаат никаква директна врска со ковидот, станува збор за обична вирусна инфекција со т.н. синцицијален вирус. На овој начин министерот за здравство Венко Филипче денеска ги објави резултатите од направените анализи на крвта на десетици деца кои во болницата во Гевгелија се јавиле со респираторни проблеми. „Тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е...

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и  55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​

Во Специјалниот завод Демир Капија беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино, информираат од министерството за труд и социјална политика. Прва доза од вакцините против Ковид-19 добиле 155 корисници, од вкупно 171 корисник кои долгорочно престојуваат во установата. „По препорака од одговорниот лекар од...

„Заспаниот“ имунолошки систем кај децата остава простор за респираторни инфекции

Респираторни инфекции, односно вируси кои вообичаено ги напаѓаат бебињата и децата во зимските месеци се појавија среде лето. Во болницата во Гевгелија се пријавиле голем број млади пациенти со респираторни инфекции, за кои е утврдено дека не се позитивни на САРС-КОВ-2. Додека се чека тим специјалисти да утврди за што се работи, неодамнешното појавување на ваков вирус кој обично ги...

Филипче: Децата во Гевгелија не се позитивни на САРС-КОВ-2, ќе се испита за што се работи

Тим од специјалисти денеска ќе испитува за каква респираторна инфекција се работи, откако Министерството за здравство информира дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале родители на 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава пред малку кажа дека на ПЦР тестовите не...

Вистиномер: Не е вистина дека Делта сојот „опасно“ се шири во Грција

Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен, затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Вистината е дека Делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...