Во земјава досега вакцинирани 519.106 граѓани, вчера биле дадени 12.939 вакцини

Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во земјава и со теренската вакцинација, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно досега се дадени 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

Со последните бројки 64 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57 отсто од населението над 60 години примило барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години има примено барем една доза вакцина .

„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата земја, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, информираат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи како што велат, само така ќе успееме да го победиме вирусот.