Нови 54 случаи на ковид-19, едно лице починало од болеста

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19: Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.

Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.