четврток, 15 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: КоцеТрајановски | 18 резултати

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

август 1, 2015

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од осумте канцеларии каде се издаваат електронските картички. – Паралелно со […]

Пуштена е во употреба реконструираната улица Јордан Мијалков

јули 12, 2015

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски денеска официјално ја отворија за сообраќај улицата Јордан Мијалков. Сообраќајницата во изминатиов период се прошируваше и се реконструираше на потегот од крстосницата со улицата Герман до раскрсницата со улицата Павел Шатев. – По проширувањето, оваа сообраќајница доби три коловозни ленти со ширина од по 3,25 […]

Почна јубелејното десетто издание на „Баскерфест“

јуни 13, 2015

Вчеравечер на плоштадот Филип Втори почна јубилејното, десетто по ред издадние на Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2015“, кој оваа година ќе трае од 12 до 21 јуни. Новитет на годинешното издание е тоа што првпат ќе има детска креативна работилница, на која најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер-изведувачите. […]

Трајановски: Кафулињата во Скопје ќе работат по старо

април 27, 2015

На угостителските објекти нема да им се скрати работното време и ќе работат како и досега, до 24 часот, потврди градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. – Би сакал да го демнатирам тврдењето дека на кафанџиите ќе им биде скратен еден час од работното време. Тоа не е точно. Кафулињата и кафеаните ќе останат со […]

Одбележан почетокот на пролетта

март 20, 2015

Со низа активности за заштита на животната средина, денеска почна одбележувањето на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата 2015“. Во паркот на природата Гази Баба се одржаа едукативни предавања за заштита на бувот, како и акција за садење дрвца, на која присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони […]

Почна изградбата на надвозник преку автопатот Скопје – Петровец

март 18, 2015

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски, и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на пешачки надвозник преку автопатот Скопје – Петровец. Овој надвозник ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба.

Трајановски: ГУП на Град Скопје е донесен транспарентно

март 17, 2015

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вели дека сè што било донесено во Советот на Град Скопје било транспарентно, а во тоа учество имала и јавноста. – Прво би сакал да кажам дека се неточни искажувањата кои се дадени. Градот на еден крајно транспарентен начин го донесе Генералниот урбанистички план. Претходниот беше донесен во 2002 година, […]

Дератизацијата да се почне во ист период во цело Скопје

март 2, 2015

На денешната 15. седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, се дискутирало за данокот на имот, за процесот на подготовка на регулациони планови и за спроведување на дератизација на територијата на Град Скопје. – Спроведувањето на дератизацијата на територијата на Град Скопје е надлежност на општините, додека Градот Скопје е надлежен за спроведување на дезинсекција. […]

Акција за чистење на просторот во индустриската зона Визбегово

февруари 28, 2015

Град Скопје и јавните претпријатија, во соработка со Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово, почнаа акција за чистење и уредување на просторот во оваа зона, покрај Јадранската магистрала (Качанички пат). – Градот Скопје посветува големо внимание на индустриските зони во Скопје и оваа акција произлегува од одличната соработка што ја имаме со Здружението на стопанственици на […]

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

февруари 26, 2015

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа. Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на […]

Град Скопје најави инфраструктурни проекти за 2015 година

декември 29, 2014

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција се осврна на проектите што Градот Скопје ги реализира во годинава што изминува, а ги најави и градските проекти што се планираат за наредната 2015 година. – Годинава што полека ја оставаме зад нас, за Градот Скопје беше успешна. Завршивме значајни инфраструктурни проекти и решивме долгогодишни […]

Трајановски се сретна со борците од НОБ

ноември 13, 2014

Во чест на 70 години од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија. Борците на средбата во кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 70 години, а […]

Почнува акцијата за чистење во Карпош

ноември 11, 2014

Утре во 13 часот, кај фонтаната во Карпош 3, меѓу улиците Никола Русински и Карпошово востание, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината.

Утре почнува акција за чистење во Аеродром

ноември 9, 2014

Утре во 13 часот, на булевар Јане Сандански, на паркиралиштето зад ТЦ „Капитол“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, ќе присуствуваат на акција за чистење која се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина Аеродром, […]

Страна 1 од 1