Утре во 13 часот, кај фонтаната во Карпош 3, меѓу улиците Никола Русински и Карпошово востание, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина.
По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината.