fbpx
Таг: конкурс

таг: конкурс

МОН ги објави резултатите од конкурсот за прием во ученичките домови

Министерството за образование и наука синоќа ги објави конечните резултати од првиот приемен рок од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година. Од МОН соопштија дека електронското пријавување за вториот уписен рок е активно од вчера и ќе биде отворено сè додека има слободни места, за што Министерството континуирано на својата...

Само Заев кандидиран за претседател на СДСМ, поддршка од сите општински комитети?

Засега не можеме да излеземе со информации, затоа што треба да провериме какви пријави се стигнати на конкурсот. Дури од утре ќе може да дадеме соодветни информации, изјави пред малку портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето колку кандидатури за претседател на партијата и за членови на централниот и на надзорниот одбор на СДСМ се пристигнати до вчера, кога...

СДСМ објави оглас за самокандидирање за претседател на партијата

СДСМ вчера на својата веб-страница објави повици, кои во дел од весниците денеска се објавени како огласи за самокандидидирање на заинтересирани за функцијата претседател на партијата, односно за местото на Зоран Заев, како и за членови на централниот и на надзорниот одбор на партијата. Во повикот за претенденти за претседателската функција се вели дека кандидатот мора да биде истакнат член...

Американска амбасада во Софија: Бугарија сè уште не е подготвена за безвизен режим со САД

Бугарија сè уште не ги исполнува условите за безвизен режим со Соединетите Американски Држави. Бројот на одбиени барања за визи минатата година бил 15 отсто од вкупниот број на барања, а условот за добивање безвизен режим е одбиените барања да бидат под три отсто. Ова денеска го објасни генералната конзулка на САД во Бугарија, Кејт Мекгур, но увери дека...

Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, седми пат распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ - за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ - за необјавена поетска збирка. Расказите, односно песните, не треба да се претходно објавувани. Секој расказ треба да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската...

Втор уписен рок во средните училишта

Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули. Првото пријавување за упис во средните училишта за гимназиско, стручно и за уметничко обазование и за спортската академија се одржа на 28 и на 29 јуни,...

Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Општина Охрид го распиша традиционалниот конкурс за најдобар расказ за наградата „Живко Чинго“. Наградата ќе биде врачена на 13 август, на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во неговото родно место, Велгошти. Краен рок за доставување на трудовите до Општината е 31 јули. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.  

Француски институт го објави конкурсот „Моето минивидео 2016“

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „Моето минивидео“. Конкурсот е отворен за млади од 18 до 28 години, кои се интересираат за мултимедијалната сфера и потребно е да имаат паметен телефон со камера. Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат своето мислење на конкретна...

„Бибер“ објави збирка раскази на тема помирување

Книжевно-активистичкиот тим „Бибер“ денеска соопшти дека е објавена збирка кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот што беше објавен минатата година. Во збирката има 25 избрани ракази, меѓу кои и на авторите Владимир Табашевиќ, Надиа Герас и Слаѓана Љубичиќ, кои се наградени на конкурсот. Обајвените и наградените раскази ги избра жирито во состав Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ. Во збираката...

МОН со грант од 700.000 евра ќе финансира проекти меѓу средни училишта и фирми

Министерството за образование и наука (МОН) почнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра чија цел е поврзување на јавните стручни средни училишта со малите, средни и големи компании во земјава, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Програмата се спроведува во соработка со Светската банка преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, а...

Штипскиот универзитет ќе додели 500 стипендии

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип распиша конкурс за доделување 500 стипендии за најдобрите студенти. Преку донации од бизнис-секторот и од стопанството, обезбедени се средства за кои ќе можат да конкурираат студенти од сите факултети и сите студиски програми. - Ова е фонд за поддршка на добрите студенти. Сакаме да ги стимулираме за нивно квалитетно образование, а ние како универзитет ќе...

96-годишниот Мирко Иваноски, најстар жител во општините Охрид и Дебарца

Охриѓанецот Мирко Иваноски(96), кој е роден на 17 ноември 1919 година, е прогласен за најстар жител во општините Охрид и Дебарца на конкурсот објавен од охридскиот Црвен крст, како дел од активностите за одбележување на Неделата на грижа за стари лица. Како што пренесува порталот „Охрид њуз“, за брачна двојка со најмногу години поминати заедно, во рамките на истиот конкурс,...

Доделени наградите за најдобрите фотографии за климатските промени во Македонија

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, француската амбасадорка Лоренс Оер и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, денеска ги доделија наградите од првиот фото-конкурс за климатските промени во Македонија, насловен „#Делувај сега“. Изаири ги поздрави учесниците во конкурсот и ја истакна важноста за зачувување на животната средина. Дваесетте победнички фотографии во 10 категории, кои се избираа со гласање...

МВР: Почна обуката на 660 кандидати за полицајци

Денеска во Центарот за обука на кадри на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Идризово, почна едногодишната обука на 660 кадидати за полициски службеници, селектирани по огласот за прием на 600 полицајци што беше објавен на 10 јули годинава, соопшти МВР. На конкурсот за работно место полицаец, според МВР, биле пријавени околу 3.000 кандидати. „Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази...

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат од албанската...

Горан Трајковски повторно избран за директор на УЈП

Горан Трајковски останува на чело на Управата за јавни приходи, јавува телевизија „Телма“. Владата на вчерашната седница одлучи Трајковски да продолжи да раководи со една од најмоќните институции во државата. Оваа одлука Владата ја донесе експресно, со оглед на тоа што рокот за пријавување на јавниот оглас за избор на нов директор на УЈП истече вчера. Ова ќе биде трет...

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, најдобар на конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, испратен под шифра „Куќа“, избран е за најдобар на конкурсот распишан од Општина Охрид. Конкурсот е спроведен во рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“, што традиционално се одржува во селото Велгошти, родното место на Чинго. На конкурсот пристигнале 73 раскази, што за членовите на комисијата покажува дека Живко Чинго има голем број свои следбеници. Паричната награда на...

Објавени наградените книги на конкурсот „Јован Котески“ и „Крсте Чачански“

Културниот центар „Бран“ од Струга ги објави првонаградените книги од 5. конкурс „Јован Котески“, за необјавена збирка поезија, и „Крсте Чачански“, за необјавена збирка кратки раскази. Наградата „Јован Котески“ ја доби поетот Славчо Кавиловски за книгата „Барутна поезија“, додека „Помен за едно време“ од Добре Тодоровски е годинешниот лауреат на наградата „Крсте Чачански“. Стихозбирката „Барутна поезија“ е поделена во три циклуси:...

Конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“

Министерството за култура распиша конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“. Конкурсот, соопшти Министерството, трае до 30 април. Текстот на конкурсот може да се најде и на веб-страницата на Министерството за култура.

„Шеќерно дете“ ќе добие најмногу од филмскиот буџет за 2015 година

Агенцијата за филм на Македонија ги објави резултатите од првиот конкурс за филмови, според кој 23 филмови ќе добијат дел од филмскиот буџет за оваа година, кој изнесува 134.300.000 денари. Првиот филм за деца, „Шеќерно дете“, на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе добие најмногу од буџетот, односно 46 милиони денари. На листата на долгометражни филмови се осум играни и четири документарни,...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...