fbpx

Француски институт го објави конкурсот „Моето минивидео 2016“

-

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „Моето минивидео“.

Конкурсот е отворен за млади од 18 до 28 години, кои се интересираат за мултимедијалната сфера и потребно е да имаат паметен телефон со камера.

Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат своето мислење на конкретна актуелна тема, а оваа година тема ќе биде слободата на изразување.

Најуспешните минивидеозаписи од три минути ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот „Оф корт“ (Off-Court) во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.

За слектираните 15 кандидати наменети ќе бидат две подготвителни работилници, кои ќе се одржат на 12 и на 13 мај 2016 година, за да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и за практична реализација на видеозаписот.

Формуларот за учество на конкурсот и на подготвителните работилници треба да се испрати на [email protected] најдоцна до 6 мај 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...