fbpx
Таг: конкурс

таг: конкурс

Конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“, петтипат го распишуваат востановениот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ - за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ - за необјавена поетска збирка. Според пропозициите, расказите, односно песните не смеат претходно објавувани. Расказите треба да не се подолги од 100 реда (три страници новинарски проред)...

Распишан конкурсот за „Макфест“

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ од Штип, денеска објави меѓународен конкурс за избор на композиции за 30. издание на фестивалот. На конкурсот можат да учествуваат домашни и странски автори. Ќе бидат избрани 30 нови забавни мелодии. Од авторите се бара да достават оригинална композиција напишана за вокал и за ревиски оркестар, изработена во духот на македонската модерна забавна музика. Композицијата...

„Метаморфозис“ објави конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации

Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ спроведува конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации. Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти од мрежи на граѓански организации преку доделување шест мали грантови во износ од 1500-2500 евра со цел активно вклучување на граѓаните во работата на локалната самоуправа...

Вевчани – Меѓународен конкурс за карикатура

Во пресрет на традиционалната манифестација Вевчански василичарски карневал, во ова питорескно место под падините на Јабланица, а по повод 30-годишнината од одржувањето на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“, распишан е Меѓународен конкурс за карикатура на тема „Поплава, поплава...“ Во организацијата е вклучено и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“. Право на учество на конкурсот имаат сите што цртаат карикатури и имаат смисла...

Изложба на најдобри фотографии на конкурсот на Град Скопје

Вчеравечер во изложбениот салон на Културно-информативниот центар - Скопје, беше отворена изложба на фотографии од конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, како за наградените, така и за фотографиите, кои влегле во потесниот круг на избор од конкурсите во 2013 и во 2014 година Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во рамки на отворањето на изложбата на...

Конкурс за дизајн на пакување за кондом

Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје, во соработка со Фондацијата „Ем-Ти-Ви Стеинг алајв“ (MTV Staying Alive Foundation) од Лондон, објавува конкурс за дизајн на пакување за кондом, на тема „Дизајнирај го својот кондом“. Конкурсот е дел од проектот „Приказни во сенка“, кој во наредниве три години ќе дејствува со различни активности наменети за едукација на младите, на тема сексуално и репродуктивно здравје,...

Конкурс за најдобра филмска критика на „Синедејс“

Конкурс за најдобра филмска критика распиша Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а рокот за пријавување е до 12 ноември 2014 година. Конкурсот е од отворен карактер, а добредојдени се сите млади  на возраст до 35 години, кои би сакале да го прикажат својот потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз. Текстовите не би требало да се подолги од...

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ. - Со обајавување на имињата на авторите, ќе се открие дали е исполнет критериум за репрезентативни дела на македонската...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...