понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: кликбејт | 19 резултати

Објава лажно нуди работа за 100 пакувачи на медицинска опрема

април 6, 2024

Оваа објава не нуди никакви работни позиции за пакувачи на медицинска опрема во Македонија, туку е креирана како кликбејт, односно јадица или мамка, за да се зголеми интернет сообраќајот на одредени страници, од што креаторот на објавата најверојатно ќе добие финансиски надоместок, пишува Вистиномер.    Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која […]

Клик бејт наслов манипулира дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на сметките

јануари 13, 2023

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Во насловот што се споделува во постот, не е наведено дека станува збор за хороскоп, па се добива лажен впечаток дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на нивните банкарски сметки, што не е точно. Дополнително, освен што од насловот не може да се види […]

Стаорци изеле дрога во полициска станица во Индија, не во С. Македонија

декември 11, 2022

Текстот  нема никаква поврзаност со С. Македонија, настанот се случил во Индија и индиската полиција соопштила дека стаорци изеле 200 килограми запленет канабис. Насловот на текстот споделен во постот претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да […]

Недолична случка од парк во Русија, прикажана како да се случила кај нас

ноември 26, 2022

Во постот и во насловот што се споделува недостасува информацијата дека станува збор за случка во некој градски парк во градот Краснодар во Русија. Ова е типична манипулација за да се излажете да кликнете на текстот, па откако ќе се отвори содржината внатре ќе прочитате дека ваквата недолична ситуација не се случила во Градскиот парк […]

Со кликбејт наслов и манипулативна фотографија за пожар во Крушево читателите се доведуваат во заблуда

ноември 21, 2022

Објавата на Фејсбук е придружена од фотографија од речиси комплетно изгорен автобус. Но, кога ќе се отвори текстот, веднаш може да се заклучи дека не станува за „ударна“ или „страшна“ вест до тој степен каква што е намерата на авторите. Текстот единствено содржи официјално соопштение на СВР Битола за запален мотор на автобус. Од битолската […]

Вистиномер: Не е точно дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД

август 10, 2022

Во постот е споделен текст со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, којшто ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Од насловот на текстот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно. И покрај напнатата атмосфера што владее помеѓу овие две велесили изминатиот […]

Вистиномер: Дезинформациите и манипулациите за и околу францускиот предлог

јули 7, 2022

Серија дезинформации и манипулации кружат околу предлогот на француското претседателство на ЕУ на јавната сцена. Некои се бесмислени, но не и наивни и невини, други се однесуваат на самиот текст од документот, но имаат проблем со сопствената политичка позадина и потребата од стекнување политички поени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Вистиномер: Пост за починатиот Матеј Периш преку манипулативен наслов сака да привлече што е можно повеќе кликови

мај 26, 2022

Текстот содржи фотографија од телото на Матеј Периш, но таа е целосно замаглена, така што не може да се каже дека не е за тие со слабо срце, односно не може да се види дека „целиот е распаднат“, како што се тврди во насловот. Исто е и со видеото во написот. На видеото се гледа само […]

Вистиномер: Клик-бејт наслов прикрива дека поранешен, а не актуелен амбасадор бара оставка од Заев

септември 21, 2021

Целта на овој наслов не е точно и сеопфатно да ја информира јавноста, туку да ја наведе во погрешна насока заради зголемување на читаност и кликови. Насловот е сензационалистички и манипулативен за читателите, затоа што кога ќе кликнат на текстот ќе сфатат дека се измамени и дека не станува збор за актуелен амбасадор, туку за […]

Препораки за новинарите за известување за новиот корона вирус

март 11, 2020

Глобалната мрежа за истражувачко новинарство -ГМИН (Global Investigative Journalism Network) објави низа препораки за новинарите кои известуваат за состојбите со новиот корона вирус COVID-19. Вклучувајќи совети од различни новинарски организации, искусни новинари и експерти, ГМИН препорачува во мала мерка да користат „субјективните“ придавки, како „смртоносна“ болест, фотографиите и другите илустрации да се користат многу внимателно […]

Портали го донесоа корона вирусот во регионот, а „носителот“ остана во Индија

јануари 31, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Босански портал измислил и апсење на министер и медиум што ја објавил „веста“

јануари 13, 2020

Типичен пример на лажна вест пронајде босанскиот сервис за борба против дезинформациите и за проверка на фактите, raskrinkavanje.ba. Имено, станува збор за целосна измислица дека е уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ, а згора на тоа порталот што ја објавил „веста“ целосно го измислил и медиумот што бил посочен како извор […]

Бугарски „Стандарт“ со „исплашен“ наслов за реакциите на Заев и Димитров на негаторството од БАН

декември 13, 2019

Бугарскиот весник „Стандарт“ објави на својата веб-страница денеска текст со наслов „Нè плашат со крај на пријателството со Македонија“, со кој е озаглавен текст за реакциите на министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев на потегот на Бугарската академија на науките (БАН) да нагласи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. На едно место во […]

Српски „Курир“ виде страв и драма за Македонија и НАТО таму каде што нема

декември 12, 2019

Српскиот портал „Курир“ деновиве (09.12.2019) излезе со потсмешлив наслов во кој иронизира со укажувањето на шефот на државата Стево Пендаровски дека „во очи на влезот на НАТО, можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда и на фејк њуз” Овој негов став во насловната конструкција на „Курир“ е преточен во нагласено тенденциозна порака, делумно […]

Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години

јули 11, 2019

Со формулацијата „Немири во Скопје: Македонците прават нереди поради доаѓањето на турскиот претседател Ердоган“ српскиот портал „Дневно.рс“ пласираше крајно неумесен обид за да се привлечат што е можно повеќе читатели со бомбастичен наслов. Тој е ставен над една нормална статија, всушност пренесена вест од српската новинска агенција „Бета“ за посетата на амбасадорката на Турција во […]

Страна 1 од 1