fbpx

Со кликбејт наслов и манипулативна фотографија за пожар во Крушево читателите се доведуваат во заблуда

-

Објавата на Фејсбук е придружена од фотографија од речиси комплетно изгорен автобус. Но, кога ќе се отвори текстот, веднаш може да се заклучи дека не станува за „ударна“ или „страшна“ вест до тој степен каква што е намерата на авторите. Текстот единствено содржи официјално соопштение на СВР Битола за запален мотор на автобус. Од битолската полиција за Вистиномер потврдија дека сите 15 патници биле надвор од автобусот кога се случил пожарот, кој го зафатил само моторот и воопшто не се проширил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која со кликбејт наслов се манипулираат  читателите и се доведуваат во заблуда.

Во објавата пишува:

УДAPНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: CTPAШНАТА ВЕСТ БРЗО СЕ ПРОШИРИ, СЕ 3АПАЛИ АВТОБУС ПОЛН СО РАБОТНИЦИ

Оваа објава е придружена од фотографија од речиси комплетно изгорен автобус. Но, кога ќе се отвори текстот, веднаш може да се заклучи дека не станува за „ударна“ или „страшна“ вест до тој степен каква што е намерата на авторите. Текстот единствено содржи официјално соопштение на СВР Битола, под чиј сектор е отсекот на крушевската полиција.

Вчера во 16.00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска” во Крушево настанал пожар на автобус „сетра” со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирмa. Увид извршиле екипи на надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема, пишува во текстот.

Делот од насловот „УДAPНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: CTPAШНАТА ВЕСТ БРЗО СЕ ПРОШИРИ“ е сензационалистички, истиот шири страв и паника, но воедно е мамка за кликови, а јавноста се доведува во заблуда.

Освен тоа, невистинит е делот во кој се вели дека „се запалил автобус полн со работници“.

Автобусот не бил полн со патници, како што се тврди во насловот, туку полупразен, а работниците веднаш се симнале од автобусот откако бил забележан чад од моторот.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, за Вистиномер вели во автобусот имало 15 работници.

Сите патници биле надвор од автобусот кога се случил пожарот, кој го зафатил само моторот и воопшто не се проширил. Работниците се симнале од автобусот кај пазарот во Крушево, откако возачот забележал чад во задниот дел на возилото. Пожарот не се проширил во кабината на автобусот, туку само во задниот дел кај моторот. Никој не е повреден, појаснува Стаматова во изјава за Вистиномер.

За манипулацијата да биде уште поголема, порталот користи стравотна фотографија на која се гледа потполно опожарен патнички автобус. Фотографијата, доколку се провери на Google Search Image, ќе се види дека е објавена на 31 октомври 2022 година од страна на порталот Информер.рс и се однесува на пожар што се случил во Ковачица, Србија. Истата фотографија е преземена од инстаграм профилот на 192.рс.

Оваа фотографија не е автентична и не се однесува на пожарот на автобусот во Крушево, туку е манипулативна илустрација со која се сее страв кај читателот од една страна, а од друга страна е и мамка за кликови на порталот кој ја реобјавува и ги доведува читателите во заблуда. Дополнително на ова, никаде во објавениот текст не пишува дека фотографијата е преземена, па оттаму читателите лесно можат да поверуваат дека станува збор за автентична фотографија од местото на настанот.

Овој вид кликбејт, манипулативни наслови, се речиси секојдневие во македонскиот медиумски простор, а и на социјалните мрежи. Со нив се предизвикува вознемирување и манипулација на читателската публика, особено кога станува збор за случаи каде во прашање се доведуваат несреќни случаи со потенцијални жртви.

Поради горе наведените факти оваа објвава ја оценуваме како сензационалистичка и манипулативна, односно објава на која ѝ недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...