fbpx

Недолична случка од парк во Русија, прикажана како да се случила кај нас

-

Во постот и во насловот што се споделува недостасува информацијата дека станува збор за случка во некој градски парк во градот Краснодар во Русија. Ова е типична манипулација за да се излажете да кликнете на текстот, па откако ќе се отвори содржината внатре ќе прочитате дека ваквата недолична ситуација не се случила во Градскиот парк во Скопје. Објавата за неколку дена стана многу вирална и доби огромен број на коментари, споделувања и реакции. Меѓу коментарите има и такви на изреволтирани корисници на социјалните мрежи кои помислиле дека станува збор случка во Македонија, а подоцна сфатиле дека се работи за Русија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На социјалната мрежа Фејсбук, објавен е текст кој ги наведува читателите да поверуваат дека она за коешто информира се случило кај нас, во Македонија, но тоа не е така. На оваа објава фактички ѝ недостига контекст.

Во рамките на постот е линкуван текст со наслов: Безобразна сцена во градскиот парк: Имаа однос на клупа, деца ги гледаа (ВИДЕО), а во самата објава пишува:

Ни срам, ни перде

Она што прво ќе го помислите кога ќе го видите овој текст споделен на социјалната мрежа со ваквиот опис, е дека станува збор за сцена којашто се случила кај нас во државата, односно во нашиот Градски парк во Скопје.

Она што недостасува во информацијата е дека ова се случило во некој градски парк во градот Краснодар во Русија. Тоа како податок ќе го добиете дури откако ќе се излажете да кликнете на текстот, па кога ќе се отвори содржината внатре ќе прочитате каде навистина се случила оваа ситуација.

Ова е типична манипулација којашто често ја има на социјалните мрежи. Се споделуваат наслови кои сугерираат дека написот информира за нешто што се случило во С. Македонија, за откако ќе го прочитате текстот да сфатите дека тоа воопшто не е така. Притоа, оние корисници коишто ќе кликнат на линкот и ќе сфатат дека ова не е случка од С. Македонија се чувствуваат измамени. А оние, коишто нема да кликнат и да го прочитаат текстот, туку се информираат само од насловот, ќе останат погрешно информирани затоа што насловот ги наведува да заклучат нешто што не е точно.

Оваа објава за неколку дена стана многу вирална и доби огромен број на коментари, споделувања и реакции на објавата. Притоа, во дел од коментарите може да се забележат изреволтирани корисници на социјалните мрежи, кои помислиле дека станува збор случка во Македонија, а подоцна сфатиле дека се работи за настан во Русија.

Ваквите објави, на коишто им недостасува соодветен контекст, се споделуваат на социјалните мрежи само за да предизвикаат внимание. Тоа добро го знаат креаторите на вакви сензационалистички објави, кои користат вакви „мамки“ на социјалните мрежи за да привлечат што е можно поголем број на кликови, споделувања и видливост, како на објавата така и на самата Фејсбук страница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...