Вистиномер: Пост за починатиот Матеј Периш преку манипулативен наслов сака да привлече што е можно повеќе кликови

-

Текстот содржи фотографија од телото на Матеј Периш, но таа е целосно замаглена, така што не може да се каже дека не е за тие со слабо срце, односно не може да се види дека „целиот е распаднат“, како што се тврди во насловот. Исто е и со видеото во написот. На видеото се гледа само местото од каде е извлечено телото, односно водата од реката и скалите. Таму не се гледа ниту тело, ниту пак други детали и очигледно е дека видеото е снимено откако телото е веќе извлечено од водата, пишува Вистиномер.мк. 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук споделува напис кој тврди дека содржи видео од моментот на извлекувањето на мртвото тело на Хрватот Матеј Периш кој беше пронајден во водите на Дунав во Белград. За да биде поубедлив насловот, пишува дека „не е за тие со слабо срце“. Но кога ќе го отворите написот, ќе видите дека станува збор за клик бејт наслов кој има единствена цел да привлече што е можно повеќе кликови.

Очевидци откриваат како е пронадено телото на Хрватот Матеј Периш во водите на Дунав. На него стоело облеката што ја носел кобната вечер додека телото му било во распаѓање, се вели во написот.

Текстот содржи фотографија од телото на Матеј Периш, но таа е целосно замаглена, така што не може да се каже дека не е за тие со слабо срце, односно не може да се види дека „целиот е распаднат“, како што се тврди во насловот. Исто е и со видеото во написот. На видеото се гледа само местото од каде е извлечено телото, односно водата од реката и скалите. Таму не се гледа ниту тело, ниту пак други детали и очигледно е дека видеото е снимено откако телото е веќе извлечено од водата.

Всушност и самото видео кое е преземено од српските медиуми има наслов „Овде го извлекоа телото на Матеј Периш“.

Очигледно е дека постот содржи клик бејт наслов, кој нема за цел да информира, туку да привлече што е можно повеќе кликови.

Оттука можеме да кажеме дека на постот што го анализираме му недостига контекст.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...