fbpx

Вистиномер: Не е точно дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД

-

Во постот е споделен текст со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, којшто ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Од насловот на текстот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно. И покрај напнатата атмосфера што владее помеѓу овие две велесили изминатиот период, дипломатските односи  иако се променети, сепак не се прекинати, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Медиумски напис, споделен на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД. Ова не е точно.

По посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, се заострија односите помеѓу Кина и САД. Од двете земји беа испратени остри тонови па дури и заканувачки пораки заради посетата на американската висока фукнционерка на Тајван.

Но и покрај напнатата атмосфера кој владее помеѓу овие две велесили изминатиот период, дипломатските односи помеѓу двете држави иако се променети, никако не се прекинати, како што се тврди во насловот на самиот напис.

Вака кога ќе се прочита насловот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно.

Насловот освен што е сензационалистички, тој е и манипулативен за читателите, затоа што кога ќе кликнат на текстот ќе сфатат дека се измамени и дека Кина и САД всушност не ги прекинале дипломатските односи.

Кога ќе го  отворите текстот, во него коректно се известува за што точно станува збор. Имено, Министерството за надворешни работи на Кина излезе со список на области каде повеќе нема да има комуникација меѓу кинеските и американските официјални лица. Тие вклучуваат работни состаноци помеѓу одделенијата за одбрана, соработка за илегална миграција, климатски промени и друго.

Што, всушност, значи прекинување на дипломатски односи?

Прекинувањето на дипломатските односи се случува кога фактички завршуваат сите директни официјални комуникации меѓу две влади. Ова може да се направи со взаемна согласност, но најчесто се извршува со унилатерален чин на една од владите, или како израз на политички протест, како политичка санкција (на пр. против злоупотреба на дипломатските привилегии) или како средство за спроведување на одлука или препорака на меѓународна организација. Нормално, дипломатските односи се прекинуваат со експресно известување. Меѓутоа, постојат и имплицирани форми како што е вистинското затворање на сопствената мисија заедно со барањето другата влада исто така да ја затвори својата мисија – дејствија кои јасно ја манифестираат намерата на едната влада да ги прекине дипломатските односи со другата.

Прекинот на нормалните дипломатски односи меѓу две држави повлекува отповикување на дипломатски претставници и затворање на дипломатските претставништва. Прекинот на дипломатските односи обично се случува како резултат на почетокот на војна (објавување војна или вооружен напад) или за време на сериозни компликации во односите меѓу државите. Прекинот на дипломатските односи понекогаш му претходи на избувнувањето на војната.

Државите кои ги прекинале дипломатските односи можат да одржуваат контакти за одредени, обично актуелни, прашања преку дипломатската мисија на некоја трета држава, на која овие држави ѝ ја доверуваат заштитата на нивните интереси и интересите на своите граѓани, како и заштитата на просториите. на мисијата што се отповикува, нејзиниот имот и досиеја.

Во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, кога ќе се прекинат дипломатските односи, државата домаќин мора да обезбеди помош за брзо заминување на членовите на персоналот на дипломатската мисија и нивните семејства.

Ништо од ова не се случува во односите помеѓу САД и Кина, па така сосема е погрешен и маниупулативен заклучокот дека двете земји пристапиле кон ваков чекор.

Вака споделен текстот, со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Ваков наслов е креиран само за да привлече внимание и да се постигне што е можна поголема читаност на сајтот. Целта на овој наслов не е точно и сеопфатно да ја информира јавноста, туку да ја наведе во погрешна насока заради зголемување на читаност и кликови.

Бидејќи е повеќе од јасно дека не станува збор за целосен прекин на дипломатските односи, овој наслов претставува пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и дезинформација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...