fbpx
Таг: Кичево

таг: Кичево

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ,...

Кинез кој работел на автопатот Охрид – Кичево, фатен како поставува стапици за животни

Градежен работник од Кина, кој работел на изградбата на автопатот Охрид - Кичево, вчера околу 14 часот бил фатен од полициска екипа како поставува стапици за животни во селото Малкоец, соопшти СВР Охрид. Станува збор за З.З. (44), кој бил привремено сместен во селото Извор. Тој бил приведен од полицијата, која го товари за незаконит лов. По консултација со јавен...

Го испрскала сопругот со солна киселина по лицето

Жена на возраст од 43 години, жителка на кичевското село Брждани, доби кривична пријава од полицијата бидејќи со солна киселина го испрскала по лице својот сопруг. Како што соопшти СВР Охрид, В.В. (43) се товари за телесна повреда, оти на 29 мај околу 15 часот при расправија со сопругот во нивната семејна куќа во Брждани го испрскала со хемикалијата и...

Едно лице повредено во тепачка за огревно дрво

Во кавга, а потоа тепачка што се случила вчера попладне во Кичево, расеченица на лицето добил 44-годишник, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 13.30 часот на улицата Осојски пат во Кичево, при што по кавга околку огревно дрво, дошло до тепачка помеѓу А.Х. (44) и Т.М. (21), обајцата кичевци. Притоа помладиот со остар предмет му нанел повреда на лицето на...

Беса од Кичево порача: Албанците ќе ја казнат ДУИ со нивниот глас

Движењето Беса вечерва ја промовираше предизборната програма и кандидатите за пратеници на предизборен собир во Кичево. Пред насобраните симпатизери и членови, се обрати кандидатот за пратеник од Кичево во петтата изборна единица, Арбен Лабеништи, кој порача дека е време е за промени. - Ќе дојдат нови сили кои ќе знаат да ги бранат интересите на Албанците. Албанците ќе ја казнат ДУИ со...

Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа кај Зајас

Три лица загинаа во тешка сообраќајка кај селото Зајас вечерва околу 19 часот. СВР Охрид потврди дека се работи за три помлади лица од околните села, пишува „Прес 24“. Според неофицијални информации, автомобил „форд“ удрил во трактор, кој возел неосветлен. АМСМ информираше дека сообраќајот на магистралниот пат Кичево - Скопје е во прекин, но потоа возилата се пропуштаа наизменично.

Поплавен патот кај Кичево кон Охрид поради невреме со пороен дожд

Невреме со пороен дожд го зафати вечерва Кичево, по кое остана поплавена главната улица по која се вози кон Охрид, пишува sdk.mk. Полицијата била на терен и ги пренасочувала возилата по споредни улици во градот. „Во Кичево имаше десетминутен пороен дожд, кој престана да врне пред еден час. Поплавена е Дива населба, која нема атмосферска канализација. Според правилата, прва реагира локалната власт,...

РСБСП: Летово најризичен е автопатот Кичево – Охрид

За време на летните одмори, најризичен е автопатот Кичево - Охрид, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштата. На овој автопат фреквенцијата на возила е драстично зголемена поради големиот број странски и домашни туристи што одмораат на Охридско Езеро. Истовремено, се гради новиот автопат Кичево - Охрид, чија траса на многу делници минува паралелно со сегашниот пат, а не е...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Груевски во Кичево на средба со граѓани

Нов пат и канализација за Другово, санација на водоводот во Вранешница, проект за ангажирање дефектолози, изградба на нов автопат Гостивар - Кичево беа дел од проектите што им ги вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на жителите на Кичево. При посетата на Вранешница, Груевски на граѓаните им ги објасни можностите што ги нуди новата штотуку отворена фабрика на „Ки сејфти систем“, која...

Нервна раздразнетост, причина за вчерашното братоубиство во Кичево

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.С. (42) од кичевското село Другово, кого го товари за убиство за обид за убиство. Пријавениот, вчера, со нож му нанел тешки телесни повреди на својот брат Арун С. (46), кој подоцна им подлегнал на повредите. Тој се обидел од живот да ја лиши и својата снаа Б.С. (39), која добила убодни повреди во левото рамо. Според...

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на СВР во Охрид, Стефан Димоски. Кривичното дело е извршено на 18 овој месец, околу 17 часот,...

Владата во вторник ќе расправа за проблемот со греењето во училиштата

Македонската влада дури во вторник ќе расправа за проблемот со греењето во кичевските училишта. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, изјави дека Бирото за стокови резерви дало позитивно мислење за интервентно позајмување нафта за кичевските училишта. - Бирото за стокови и нафтени резерви позитивно се изјасни за доделување 200.000 литри и врз основа на тоа ќе одлучиме - изјави министерот за образование. Адеми...

Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта

Повеќе од 1.000 ученици од основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноњски“ во Кичево одбиваат да следат настава поради ладните простории. Според информациите, во училиштата нема пари за нафта за парното греење, а поради застарени долгови сметките се блокирани. Поради ова, советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ реши и денеска учениците да седат дома, а родителите најавија протест пред Општина...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...