fbpx
Таг: Каја Шукова

таг: Каја Шукова

Шукова: Воспоставуваме подобра координација и поинтензивно вклучување на колективните постапувачи со отпад

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во државата, денеска одржале консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот. Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, за потребата од поинтензивно дополнително...

Шукова по повод Денот на планетата Земја: Младите генерации се главни актери во промените за квалитетен живот

Министерството за животна средина и просторно планирање денес го одбележа 22 Април, Денот на планетата Земја, со изложба на постер презентации изработени од ученици кои посетуваат настава во училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата. На настанот, претставници од Министерството ги запознаа присутните ученици со работата на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух и говореа за придобивките од редовното...

Мета факт: Граѓаните сè уште чекаат воведување на комунална полиција

Комуналната полиција, чија задача треба да биде обезбедувањето чистота во општините и намалување на загадувањето, сè уште постои само на хартија. Во програмата на Владата која се однесува на животната средина и проектите кои ќе се реализираат од 2020 до 2024 година, стои дека во овој период ќе треба да се изработи и донесе Закон за комунална полиција, а...

Шукова: Во моментов нема услови за формирање Фонд за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање добива средства од само три надоместоци за животна средина кои се наплатуваат од јавните претпријатија или фирмите, додека сите други се влеваат во државниот буџет. Во моментов, според новата министерка за животна средина Каја Шукова, нема политичка волја за промена на оваа практика, што значи дека нема ниту можност за формирање на...

Шукова: Пречистителната станица против шестовалентниот хром во „Југохром“ мора да функционира

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари средба со вработените од пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром лоцирана во фабриката „Југохром“. „Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна...

Парите од продажбата на ќеси ќе одат за набавка на 7.000 контејнери за селекција отпад

Средствата од продажбата на ќесите од 15 денари во продавниците годинава ќе бидат наменети за набавка на околу 7.000 контејнери за селекција на отпад во сите македонски општини, како и за спроведување на кампања за подигање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Ова беше најавено на денешниот брифинг за новинари од новата министерка за животна средина...

Планот за управување со националниот парк „Шар Планина“ веќе четири месеци чека согласност од Министерството за животна средина

Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ веќе четири месеци чека согласност од Министерството за животна средина. Управата на Националниот парк тврди дека планот од декември па досега е испратен дури три пати до Министерството за животна средина и дека за тоа поседуваат архивски броеви, а испратен е и во електронска верзија на два јазика. Од Министерството, пак,...

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои требаше да бидат потпишани од...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...