fbpx
Таг: Јованка Тренчевска

таг: Јованка Тренчевска

Жените без документи зборуваа за своите проблеми со министерката Тренчевска

„Гласна и храбра“ е името на кампањата на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), која треба економски да ги зајакне жените и да влијае позитивно на нивното ментално здравје. Министерката Јованка Тренчевска се сретна со жените без документи и заедно со професорката Софија Арнаудова имаа отворена дискусија. На средбата беше присутна и пратеничката од Собранието, Љатифа Шиковска. Жените...

Помош од 80 милиони евра од ЕУ за земјава за справување со енергетската криза

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, а парите ќе им помогнат на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На денешната прес-конференција зборуваа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која учествуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министрите-за финансии...

Тренчевска: Во закон се воведува работа од дома и на далечина, значајна новина за младите

Во предлог-законот за работни односи се воведува работа од дома и работа и далечина, нешто што е посебно значајно за младите, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на денешната дискусија „Родовата еднаквост - клуч за економскиот раст на државата“, организирана од Европската бизнис асоцијација. Панелистките дискутираа за родовата еднаквост во нашето општество и за работните места, во...

Шефот на мисијата на ОБСЕ: Земјава немала претседателка или премиерка, да го промениме ова

Во Собранието на Северна Македонија, има 51 пратеничка од вкупно 120, а во локалната власт вклученоста на жените е 36 отсто. Во Германија, имаме помало учество на жените во политиката. Ова се подобри бројки, поради родовата квота воведена во Изборниот законик. Сепак, тажната реалност е дека само неколку жени стигнуваат до врвот, бидејќи се обесхрабрени да ја продолжат својата...

Лицата со незавршено средно стручно образование може да се дообразуваат за полесно да најдат работа

Невработените лица кои бараат работа, а немаат довршено средно стручно образование, имаат можност да го завршат и да добијат државна призната диплома со II и III ниво на стручни квалификации, со што полесно ќе можат да најдат работа. Ова го овозможува ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување на Република...

Над 80.000 лица од земјава се вклучија во програмите за вработување преку „Гаранција за млади“

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведувањето на рамката на политики „Гаранција за млади“, која им овозможува на младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување. Ова беше истакнато на конференцијата посветена на гаранциите за млади во земјите од Западен Балкан што се одржа...

Тренчевска: Овозможуваме и таткото да се вклучи во грижата на своето дете

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска изјави дека со новините во Законот за работни односи не се кратат досегашните права во однос на породилното отсуство, туку се дава можност и таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Таа на прес-конференција во Владата појасни дека новините се прават за да се усогласи нашата легислатива со...

Зачестените пријавувања на булинг во училиштата – мотив за државата да почне да го менува системот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Центарот за справување со булинг „Лука Риз“ во Загреб. Центарот е отворен од 2017 година и обезбедува на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на...

Тренчевска: Со владините мерки, за неполни две години се вработиле 3.370 жени

Согласно Оперативниот план за активни програми и мерки, за неполни две години се вработиле 3.370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6.035 жени. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на средбата со претставнички на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Билјана Радончич-Кер-Линдзи, помошник директор во...

Ќе има пари за плати, пензии и надоместоци, кажа министерката Тренчевска

Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6,8 oтсто и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, во септември и во март. Ова го кажа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување во телевизија 24. Таа порача граѓаните да бидат спокојни бидејќи исплата на пари за плати, пензии и надоместоци од...

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, денеска го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре. По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца,...

Започна ГРЕВИО евалуациската посета на Република Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО првата евалуциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците...

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. Таа во своето обраќање ја...

Тренчевска: Згрижувачиките семејства се од исклучителна важност за едно општество

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална...

Тренчевска: Инклузијата и почитувањето на правата на лицата со попреченост е еден од нашите клучни приоритети

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на Националната работилница за подготовка на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ на која што присуствуваше и Премиерот Димитар Ковачевски, Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф и Директорот на ГИЗ Канцеларијата на Северна Македонија Давид Оберхаубер. Работилницата беше во организација на Владата на Република Северна...

Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ. Целта на конференцијата беше да се даде осврт на главните социјални предизвици со кои се соочуваат граѓаните на земјите-членки на ЕУ,...

Презентирана иницијативата „Алијанса за родова еднаквост на работното место“

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АТЕМ), денеска официјално беше презентирана иницијативата Алијансата за родова еднаквост на работното место. Главниот стремеж на ваквата нова иницијатива е да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот, со насока кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Учениците и денеска немаат настава, штрајкувачите одбија зголемување на платата за 2.500 денари

Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го продолжи штрајкот во дејноста образование и детска заштита откако не ја прифатија понудата на Владата да им се зголемат платите на наставниците и воспитувачите за 10 отсто. Мнозинството ученици во државата, шести ден по ред не се на настава, а по последната одлука за продолжување на штрајкот реагираа од Владата,...

Тренчевска: Обединети до подoбри резултати во заштитата од насилство врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилница за спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, информираат од Министерството за труд и социјална политика. На работилницата која е организирана во соработка со УНФПА, претставници од институциите и организациите информираа за проектните активности за спречување и заштита од насилство врз...

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...