вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ипа фондови | 31 резултати

Економскиот и инвестициски план за Западниот Балкан: нова надеж или ново пакување?

октомври 14, 2020

Оваа година Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западниот Балкан го засени нејзиниот пакет докумeнти за проширувањето. Европската комисија сака да испрати политичка порака дека е посветена на регионот на Западниот Балкан и да го поврати веќе разнишаниот кредибилитет. Меѓу главните причини за донесувањето на Планот е опстојувањето на јазот во економскиот развој […]

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

октомври 6, 2020

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на […]

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот и фондот за закрепнување

јули 21, 2020

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија рано утрово го постигнаа договорот за повеќегодишниот заеднички буџет и за фондот за закрепнување. После неколкудневните маратонски преговори, договорен е заедничкиот буџет на ЕУ во висина од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, како и фондот за закрепнување на ЕУ во износ од 750 […]

Општините од Североистокот и Истокот ќе формираат заедничко претпријатие за управување со отпад

октомври 21, 2019

Осуманесет општини од Североисточниот и Источниот плански регион деновиве се договорија заедничкото меѓуопштинско претпријатие за управување со отпад, како прво од овој вид во државата, да се формира во Свети Николе. Основачкиот влог е три милиони денари, при што секоја од општините учествува пропорционално на бројот на жители. Со тоа почнуваат да се придвижуваат активностите […]

Обвинителство го гони државниот секретар во МИОА за примање поткуп при спроведување на ИПА-проект

јуни 10, 2019

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на „Еуроправда“ спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп“ од страна на […]

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка на бизнисот за усогласување со ЕУ-стандардите

септември 26, 2018

Отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата согласно европските правила и стандарди. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на средба со стопанственици од Стопанската комора на Северозападна Македонија. – Дополнително, пазарите се […]

Општините ќе може да апицираат за 5 милиони евра за подобрување на услугите

јуни 11, 2018

Општините ќе може да аплицираат со капитални проекти за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, информираше министерот за финансии, Драган Тевдовски  на отпочнувањето на градба на општинската зграда на Oпштина Арачиново. Тој најави дека ќе биде објавен јавен оглас за 5 милиони евра заеми преку проектот и ги повика градоначалниците кои што имаат […]

Потребна е поголема искористеност на ИПА-средствата за поврзување на регионот

ноември 1, 2017

Наша обврска е што повеќе да ги искористиме средствата предвидени за инфраструктурно и за енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на координативниот министерски состанок на Националниот ивестициски комитет (НИК). Како национален координатор за ИПА-фондовите, тој даде насоки за условите за успешно функционирање и за користење на средствата од […]

Тевдовски: Македонија нема да искористи 119,7 милиони евра од фондовите ИПА 1

август 22, 2017

Македонија нема да искористи 119,7 милиони евра од фондовите ИПА 1, а новата Влада прави напори до крајот на годината да се искористат 30 милиони евра, бидејќи доколку не се реализираат проектите ќе треба да се финансираат со буџетските средства за 2018 година, изјави денеска на прес-конференција министерот за финансии, Драган Тевдовски кој заедно со вицепремиерот за […]

Османи: Се подготвува план за подобро искористување на ИПА-средствата

август 20, 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата разговарале и размениле податоци за состојбите околу реализацијата на проектите и искористувањето на ИПА-средствата. Османи го известил Бертолини дека се подготвува обемен мастер-план, кој ќе биде поделен според итноста на мерките, а со кој […]

Договорот за добрососедство со Бугарија помина на владина седница

јули 26, 2017

Владата доцна синоќа на посебна седница го прифати извештајот за извршените преговори за текстот на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Бугарија и го прифати усогласениот текст, соопшти владината прес-служба. „Владата донесе одлука со која се определува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и […]

„ЕУ за тебе“ утре во Штип

април 25, 2017

Утре шефот на Делегацијата не Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, ќе го посети Штип како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Кампањата има цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. Во Штип, амбасадорот ќе се сретне со градоначалникот, Илчо Захариев. Амбасадорот Жбогар ќе се обрати до […]

Кучи побара поддршка од Словенија за подобро искористување на ИПА-фондовите

октомври 7, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, се сретна со новоименуванот амбасадор на Словенија во Македонија, Милан Јазбец. Министерот Кучи истакна дека Словенија е еден од позначајните трговски партнери, кој постојано е позициониран меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Кучи и Јазбец изразија задоволство од досегашната соработката во сферата на […]

Адеми и Даниелсон разговарале за изборите, реформските приоритети и за ИПА-фондовите

септември 16, 2016

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и за соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, со кој разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, претстојните парламентарни избори, реформските приоритети, како и за ИПА-фондовите. „Двајцата соговорници констатираа дека оценката на политичките […]

СДСМ: Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА-програмата

јули 21, 2016

„Министерот за финансии Кирил Миноски напразно се труди да се оправда за кратењето на ИПА-фондовите, за што има вина како поранешен директор на Управата за јавни приходи. Во документот од Министерството за финансии со потпис и со печат од тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, испратен до Владата, се укажува на директни слабости од УЈП, чиј […]

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

јули 11, 2016

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на […]

Димова: Владата се задолжува со пари што може да ги троши без контрола

јули 8, 2016

„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, по повод одлуката на Владата за издавање еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Според неа, парите од ИПА-фондовите е тешко […]

Димова: Кратењето на ИПА-фондовите укажува дека не знаеме како да ги користиме

јули 7, 2016

Кратењето на околу 100 милиони евра од фондовите ИПА 2, пари кои се наменети за развој на неколку сектори, веќе утврдени меѓу Владата и Европска комисија уште во 2014 година, е резултат на тоа што како држава ништо не сме направиле за да се искористат тие пари, смета пратеничката на СДСМ, Лидија Димова. Според неа, за […]

Тунтев: Власта крати средства за основните потреби на граѓаните

јули 4, 2016

„Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги осиромашува и да го кочи развојот на економијата. Со ребалансот на буџетот се кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции“, изјави пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција. Според него, во првиот квартал реализирани се само 13 проценти од предвидените инвестиции […]

СДСМ: Европската комисија точно ја лоцираше одговорноста за кратење на фондовите

јули 3, 2016

Европска комисија точно го адресираше виновникот за кратењето на ИПА-фондовите во неспособноста и во немањето капацитет на Владата за спроведување на реформите, за кои постојано се алармираше преку меѓународни извештаи направени со скенирање на состојбите во Македонија, одговори членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, на прашањето дали одлуката на Брисел за кратење на […]

Страна 1 од 2