fbpx
Таг: Христијан Мицкоски

таг: Христијан Мицкоски

Заев – Мицкоски: Потребно е учество на опозицијата во реформите

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти владината прес-служба. „Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси“, стои во соопштението. Соговорниците исто...

Мицкоски имал конструктивна средба со Заев, но не откри за што разговарале

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не откри за што разговарал со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, но средбата ја оцени како конструктивна и изрази надеж дека вакви средби ќе има и во иднина. По средбата, која траеше околу 90 минути, Мицкоски рече дека разговарале на теми поврзани со образованието, економијата и здравството. Прашан дали станало збор и...

Заев и Мицкоски денеска во Владата ќе ја имаат првата средба

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе ја имаат првата лидерска средба, по која треба да бидат дефинирани следните чекори на опозициската партија. Мицкоски денеска во Собранието изјави дека по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Ѓорге Иванов пред пратениците имал куртоазна средба со Заев на која...

Иванов му го честиташе изборот на Мицкоски

Претседателот државата, Ѓорге Иванов, денеска во својот кабинет го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од кабинетот на претседателот информираат дека Иванов на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Претседателот Иванов изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели...

Заев му посака среќа на Мицкоски и му порача заедно да мислат за Македонија

Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и заедно сите да му ја мислиме за Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев прашан како го оценува изборот на Христијан Мицкоски за претседател на најголемата опозициска партија. Тој истакна дека стабилни политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ значат стабилност за Македонија. - Завршувањето на конгресот на нашиот политички опонент...

Потребно ни е помирување и толеранција, порача Мицкоски од црква во Струмица

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица и порача дека на граѓаните им треба помирување. -Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување...

ЕПП му го честиташе на Мицкоски изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален „Твитер“ профил му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, велат од ЕПП. https://twitter.com/EPP/status/944626700142497792 Мицкоски вчера на партискиот...

Мицкоски: Мојот политички противник е СДСМ, а не поединци и помали групи во ВМРО-ДПМНЕ

Македонија мора да оди напред, kорупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави Христијан Мицкоски откако делегатите го избраа за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. -Сега е време да станеме заедно, ВМРО го очекува тоа од нас, а државата го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија. Ова што сега го гледаме не е ниту...

Димовски: Фактот што има само еден кандидат за лидер не е позитивен за партијата

Фактот дека има само еден кандидат за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е изненадувачки и не е позитивен за партијата, изјави Илија Димовски пред почетокот на вечерашната седница на Централниот комитете на партијата пред вонредниот конгрес што утре и задутре треба да се одржи во Валандово. - Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сè уште сме на ставот дека...

Мицкоски ќе биде единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде единствениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи утре и задутре во Валандово. Денеска пред истекот на рокот во 15 часот во ВМРО-ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за лидер на партијата, но била прифатена само кандидатурата Мицкоски, бидејќи другата не била валидна, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ. - Пристигнаа...

Мицкоски со чиста мисла се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја објави својата кандидатура за претседател на партијата во пресрет на вонредниот конгрес што ќе се одржи утре и задутре во Валандово. Мицкоски, во објавата на „Фејсбук“ вели дека ова за него лично е „една од најсериозните одлуки во животот“. - Во изминатиот период голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партиската структура, членови...

Мицкоски за протестите пред Кривичен суд: Имаме 3-4 сценарија како ќе продолжиме

Следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните приврзаници кои протестираат пред Кривичниот суд поради притворањето на пратеници и на учесници во настаните во Собранието од 27 април, ќе зависат од развојот на настаните, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Сè уште не знаеме, сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Според сознанија од пред два часа, околу...

Мицкоски: Бесмислена е кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со политичката хајка и со притисоците врз кандидатите за градоначалници, што е израз на нивниот страв и нервоза од претстојниот изборен пораз, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција во седиштето на партијата. - Тоа што Социјалдемократскиот сојуз го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните девет кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ ги договорило и последните девет кандидати за градоначалници, соопшти денеска Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата. Во Центар нивниот адут е кошаркарот Дејан Јовановски, во Илинден и во Македонски Брод тоа се актуелните градоначалници, Жика Стојановски и Милосим Војнески, додека во Делчево и во Берово партијата оди со нови кандидати и не им даде доверба на сегашните градоначалници. Во...

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Гази Баба ќе ги кандидира Коце Трајановски и Тони Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за свои кандидати за првите места во главниот град и во општината за локалните избори, соопшти Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти тој, партијата и во општина Росоман најверојатно ќе настапи со сегашниот градоначалник, Стојанче Лазов, а за...

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници

Со одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата како свои кандидати за градоначалници на општините Аеродром и Валандово на локалните избори ќе ги кандидира актуелните градоначалници, Ивица Коневски и Николче Чурлиновски, соопшти на прес-конференција Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека партијата ќе оствари убедлива победа на локалните избори и најави и предвремени парламентарни избори по „победата на...

Мицкоски: Инвеститорите ќе нè заобиколат поради објавување на висината на субвенциите

Владата на вчерашната седница донесе одлука за декласифицирање и за објавување на субвенциите што им се даваат на странските инвеститори во Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и на нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека не е никаква тајна, ниту е незаконски тоа што...

Мицкоски: Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ реализирани се 10.359 проекти

Во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, реализирани се преку 10.359 проекти од инфраструктурата, образованието, индустријата, спортот и секојдневниот живот, информираше денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во своите општини изградија и реконструираа преку 2.170 улици и патишта, односно беше поставен преку 1.750 километри нов асфалт.“ - Се заменија или поставија нови водоводни и канализациони мрежи...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на неколку кандидати за градоначалници

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да му ги предложи на Централниот комитет, кандидатите за градоначалници за општините Струмица, Петровец, Велес, Кривогаштани и за Куманово. Тој додаде дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори.“ - За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален...

Мицкоски: Заев на Бугарија ѝ даде можност да блокира отворање поглавја од преговорите

Со Договорот за добрососедство Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Македонија на целокупниот пат кон Европската Унија, бидејќи Заев прифати таа да има можност да не дозволи отворање на кое било поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нејзините цели и позиции, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека тоа значи нови проблеми...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...