понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ХААРП | 13 резултати

Невремето во земјава не беше предизвикано од ХААРП

11 август 2023

Во С. Македонија на 5 август 2023 година, кога е објавен постот имаше невреме, ама на ниеден начин непредизвикано од ХААРП. Станува збор за еден од најпопуларните истражувачки проекти во кој се вклучени различни партнери, индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети во Соединетите Американски Држави. Наспроти изнесеното во постот, на страницата на Универзитетот Алјаска […]

Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени

9 август 2023

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не […]

Стари фотографии се споделуваат како да се од актуелното невреме на Балканот

26 јули 2023

Проверката покажува дека од шесте споделени фотографии во постот, за коишто се тврди дека го претставуваат невремето што го зафати Балканот изминатите денови, само две се автентични и навистина го прикажуваат неодамнешното невреме. Останатите четири немаат никаква врска со Балканот, ниту, пак, се снимени  во 2023 година. Во објавата, исто така, неточно се тврди дека […]

Невремето во Словенија нема никаква врска со ХААРП

22 јули 2023

Силното невреме кое ја погоди Словенија, не е резултат на ХААРП, туку е природна појава. Станува збор за суперклеточна бура со грмотевици која се карактеризира со присуство на мезоциклон: длабок, упорно ротирачки нагорен проток. Поради ова, овие бури понекогаш се нарекуваат ротирачки грмотевици. Научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето, […]

ХААРП ниту е, ниту може да биде виновен за климатските промени

12 јули 2023

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и во дени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус. ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, но теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена […]

Климатските промени се реалност, а не резултат на ХАРП и прскање од авиони

23 јуни 2023

Климатските промени и глобалното затоплување се многу реални и докажани од научници, а прскањето со авиони и обвинувањето на ХАРП за елементарните непогоди коишто се случуваат низ светот, се едни од најраспространетите теории на заговор, пишува Вистиномер.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на социјалните мрежи шири дезинформации дека глобалното затоплување не постои […]

Турција не решила да излезе од НАТО и конзулатите не беа затворени поради земјотресот

15 февруари 2023

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати, пишува […]

Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со ХААРП

15 февруари 2023

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија нови теории на заговор кои без никакви докази инсинуираат дека катастрофалниот земјотрес бил на вештачки начин создаден од САД со користење на ХААРП технологија. Наспроти ваквите тврдења, ХААРП е програма која ги истражува својствата и однесувањето на јоносферата, а научниците и метеоролозите велат […]

Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција

14 февруари 2023

ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да […]

Страна 1 од 1