fbpx
Таг: грмежи

таг: грмежи

Македонија ја зафати локално невреме со пороен дожд и грмежи

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер зафати повеќе делови од Македонија, информираше Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според, УХМР најмногу дожд наврнало во Светиниколско 33 литри, Берово 11, Штип осум литри, и по еден литар во Битола и Тополчани во Пелагонија. Во скопската котлина невремето ги зафатило центарот и источните делови каде што ветерот во 17 часот достигнал 25 километри...

Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне се очекува промена на состојбата, односно променливо и нестабилно облачно време, со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 28 степни. УВ-индексот ќе...

Времето денеска сончево со услови за пороен дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието силен северозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува до околу 70 километри на час. Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 21 до...

Времето денеска нестабилно со пороен дожд

Времето претпладне во источните делови од земјава ќе биде нестабилно, на повеќе места ќе биде со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозапад. Температурата ќе се движи од 8 до 31 Целзиусов степен. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотрајна...

Пороен дожд и грмежи не очекуваат денеска

Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до 19 Целзиусови степени.  

Пороен дожд и грмежи нè очекуваат денеска

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, најпрвин на запад, а потоа и насекаде, ќе има пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе наврнат повеќе од 20 литри дожд на еден квадратен метар, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13 Целзиусови...

Сончево време со услови за дожд попладне

Сончево време со умерена облачност и со слаб јужен ветер нè очекува во текот на денешниот ден. Попладне е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 26 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

Претежно сончево време, со услови за дожд попладне

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локален краткотраен дожд со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо...

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од нула до 8 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 16 степени. Во...

Времето претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Времето претпладнево ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде...

Променливо време, со температура до 33 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилно време со врнежи од дожд, грмотевици и засилен ветер, кои ќе бидат поизразени во источните и североисточните делови од земјата. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните делови од земјата се очекува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура се...

Променливо време, со температура до 34 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, кој ќе биде поизразен во западните делови од земјата, каде на моменти ќе достигне брзина од околу 70 километри на час. Утринската температура се движи од 16 до 23 Целзиусови степени, а...

Времето денеска сончево, попладне со услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи, особено во западните и во јужните планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Утринската температура во Македонија ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 29 до 37 степени. Во Скопје...

Силен дожд ги зафати Битола и Пелагониско

Силен пороен дожд со грмежи ги зафати попладнево Битола и пелагонискиот регион. Реки вода потекоа низ градот, а пелагониските ниви по еден месец, конечно се наводнети од дождот. - Овој дожд е добредојден најмногу за пченката и за тутунот, затоа што за другите земјоделски култури веќе е доцна. Господ и Свети Илија ѝ помогнаа на жедната Пелагонија, зошто од хидросистемот „Стрежево“...

Попладнево невреме и пороен дожд

Попладнево во Македонија има развој на нестабилна облачност, којa најпрвин почна во планинските подрачја во западниот дел од државата, околу Јакупица и на крајниот североисточен дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму информираат дека во моментов поинтензивна нестабилност има во прилепскиот дел, на потегот од Охрид кон Крушево и во североисточните делови. Според радарската слика од Тополчани, југоисточно од Прилеп...

Променливо облачно и нестабилно време со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен и проследен со грмежи. Поголема нестабилност, проследена со грмежи, засилен ветер и со врнежи од град, се очекува во северните и во југозападните делеови од земјата. Утринската температура се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе...

Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Во Македонија времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала од умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Нестабилно време особено се очекува во северните и западите делови од земјата. Утринската температура се движи во интервал од 13 до 22...

Променливо време со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, а во попладневните часови се очекува да преовладува облачно и нестабилно време со услови за локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во планинските делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 34 до 37 Целзиусови степени....

Нестабилно време со услови за пороен дожд и за грмежи

Од УХМР најавуваат нестабилно време со пороен дожд и со грмежи, особено во западните и во јужните делови на земјава. Не е исклучена и изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град. Максималната температура денеска се движи од 31 до 38 Целзиусови степени.

Претпладне сончево, попладне – дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топлo. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 39 степени. Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево и многу топло. Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста,...