Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер зафати повеќе делови од Македонија, информираше Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според, УХМР најмногу дожд наврнало во Светиниколско 33 литри, Берово 11, Штип осум литри, и по еден литар во Битола и Тополчани во Пелагонија.

Во скопската котлина невремето ги зафатило центарот и источните делови каде што ветерот во 17 часот достигнал 25 километри на час.Ветерот најсилно дуваше во Струмица во 17 часот со брзина од 35 километри на час.

Во вечерните часови нестабилно ќе биде претежно во северните делови, а преку ноќта облачноста ќе се намалува.