fbpx
Таг: евакуација

таг: евакуација

Авион „пајпер“ се сруши во населено место во Невада жителите евакуирани

Авион „пајпер“ се сруши во градот Елко, во Невада под засега неразјаснети околности. Според тврдењата на градските власти во него се наоѓале четири лица, а жителите од тој дел од градот биле евакуирани. Според пишувањата на сведоците на социјалните мрежи, авионот се срушил на паркиралиште и притоа предизвикал експлозија на паркираните автомобили. На местото на несреќата пристигнале полициски, противпожарни и возила...

Земјотрес во Нов Зеланд, нема штети и цунами

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, но нема извештаи за предизвикана штета или цунами. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот бил на 45 километри југоисточно од градот Бленхајм, на длабочина од 10 километри. Спасувачките служби на Нов Зеланд, со помош на брод и на хеликоптер, и денеска ќе продолжат со евакуацијата на...

Во Париз се евакуираат 3.000 мигранти од предградие

Париските власти денеска почнаа евакуација на околу 3.000 мигранти од шаторскиот камп под железничкиот мост на северозападот на француската престолнина, каде се населија голем број луѓе откако минатата недела беше затворен кампот во крајбрежниот град Кале. Полицијата ја почнала евакуацијата утринава во пет часот, а светските медиуми јавуваат дека мирно се одвива дислоцирањето на мигрантите кои се наоѓаат во близина...

ОН најавуваат евакуација на 200 ранети од Алепо

Високиот претставник на ОН, Јан Егеланд, денеска изјави дека ОН ќе се обидат да обезбедат евакуација на околу 200 ранети лица и да достават храна и лекови во сирискиот град Алепо. Егеланд рече дека „ОН не се предаваат“ и додаде дека во минатото недостигот од доверба, стравот и неразбирањето, како и неприфатливите услови ги уништиле хуманитарните напори. Воздушните напади на сириските и на...

Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава. Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства. Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица. Повеќе од 25.000 припадници на ирачката војска, курдски...

Сириските власти отворија коридор за евакуација во Алепо

Сириската влада денеска отвори коридор за бунтовници и за цивили што сакаат да ги напуштат источните делови на Алепо, кои се под опсада. Сепак, многу жители од тие подрачја, сепак, не сакаат да си заминат тврдејќи дека немаат гаранции оти државните сили нема да ги уапсат. На телевизиските снимки се гледаат булдожери како отвораат пат во Кастело, кој е главен правец за...

Во Данска евакуирани аеродроми, плоштад и трговски центар

Во Данска денеска на повеќе локации во близина на Копенхаген се евакуирани аеродроми, трговски центар и плоштад поради низа бомбашки закани, соопшти данската полиција. Данската телевизија 2 јавува дека имало закани и за Копенхаген и за меѓународниот аеродром, но полицијата наведе дека тие закани не се сериозни. Во градот Роскилд, западно од Копенхаген, полицијата го евакуирала локалниот аеродром и еден плоштад. Полицијата не...

Експлозија во Будимпешта, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци се повредени во силна експлозија која одекнала во сутерен во деловна зграда во центарот на Будимпешта, соопшти денеска полицијата. Експлозијата се случила синоќа, околу 22.30 часот, а засега не е познато што ја предизвикало. Повредените двајца полицајци биле во патрола кога одекнала експлозијата и тие се хоспитализирани. Нема информации за други повредени. https://www.youtube.com/watch?v=ouJiDs5Pb8w Полицијата го блокираше тој дел од градот и...

Паниката ги проретчи училиштата, МОН чека инструкции од кризниот комитет

Официјален став од Министерство за образование за затворање на училиштата нема, но и покрај тоа, голем дел од родителите самоиницијативно одлучуваат да не ги носат децата на училиште и во градинка. Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина од децата. Од Министерството за образование...

Голем пожар два дена беснее на грчкиот остров Тасос, прогласена вонредна состојба

На грчкиот остров Тасос веќе втор ден беснее силен пожар, кој зафати голем дел од планинскиот појас на островот. Грчките власти од ноќеска прогласија вонредна состојба на островот. Во огнената стихија изгоре огромен дел од планинскиот појас на островот, десетици куќи и таверни во селото Казавити, а сериозно е повреден еден пожарникар. Превентивно се евакуирани две села и два...

Ураган ја погоди Флорида, илјадници домаќинства без струја

Рано утринава, по локално време, ураганот Хермин го погоди брегот на Флорида, предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија, јавуваат американските медиуми, наведувајќи дека 270.000 домаќинства се во мрак. Ураганот Хермин на копното донел ветрови со брзина од 130 километри на час и силен дожд. https://twitter.com/EricBurrisWESH/status/771596128995332097 Националниот урагански центар предупредува дека во некои места се очекува нивото на водата во поплавените делови да...

Силен земјотрес го погоди северо-источниот брег на Нов Зеланд

Властите на Нов Зеланд издале барање за евакуација на жителите на источниот брег на северниот остров на земјата, откако силен земјотрес бил регистриран во морето во близина на островот, јавува „Би-би-си“. Службите за цивилна заштита побарале од жителите од регионот на Толога Беј да ги напуштат своите домови по земјотресот со магнитуда од 7,1 степен по Рихтеровата скала, кој бил...

Евакуиран дел од аеродромот во Франкфурт од безбедносни причини

Дел од аеродромот во Франкфурт, еден од најфреквентните на светот, денеска е евакуиран откако едно лице влегло заобиколувајќи ги безбедносните проверки. Компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот, соопшти дека евакуацијата била мерка на претпазливост и оти сите патници морале уште еднаш да минат низ безбедносната проверка. Аеродромот во Франкфурт е четврти по број на патници во Европа и има капацитет за 65...

Четворица загинати и илјадници евакуирани во пожарите во Франција и во Португалија

Најмалку четири лица загинаа, повеќе десетина куќи се уништени, а повеќе илјади се евакуирани поради пожарите кои ги зафатија јужните делови на Франција и Португалија. Во Франција, пожар поради силниот ветер се шири кон Марсеј. Мобилизирани се 1.500 пожарникари, а повеќе од 1.000 лица биле принудени да ги напуштат домовите. Локалните власти велат дека пожарот е со помал интензитет, но оти...

Голем пожар на грчкиот остров Хиос

На грчкиот остров Хиос рано утрово, околу 3.30 часот, избувна силен пожар. Пожарот избувна во јужниот дел на островот, а грчките противпожарни служби се обидуваат да го стават под контрола огнот, но гаснењето е отежнато поради силнот ветар. Во гаснењето на пожарот се вклучени шест хеликоптери, 16 противпожарни возила, 40 волонтери и 40 камиони со вода. Хеликоптерите имаат проблеми со фрлање вода...

Евакуиран турскиот парламент поради закана за напад

Евакуирана е зградата на турскиот парламент откако се прошири вест дека се подготвува напад на објектот, јавуваат локалните медиуми. Парламентот е затворен, а главните порти за заклучени. - Закани за напад на парламентот... Изворот е непознат, но вработените и парламентарците ја напуштија зградата – напиша на „Твитер“ Зија Пир од прокурдската Народна демократска партија. Безбедноста во зградата на Парламентот е зголемена по...

Голем пожар во Франција, загина еден пожарникар

Повеќе од 3.000 туристи се евакуирани од четири кампови на југот на Франција поради пожар, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека еден пожарникар загинал. Силниот ветер дополнително го разгорува огнот и го проширува пожарот кој изби во близина на местото Тореја, во округот Пирене-Оријентал, каде престојуваат повеќе илјади туристи. Во пожарот досега изгореа 22 бунгалови, соопшти противпожарната служба. Пожарникар кој патувал на местото...

Повеќе од 120 жртви во поплавите во Кина

Најмалку 128 луѓе загинаа во поплави во Кина во изминативе пет дена, а 42 лица се водат како исчезнати. Поројните дождови загрозија 11 кинески провинции. Околу 41.000 домови биле разурнати, а 1,34 милиони луѓе се евакуирани. Според досегашните проценки, причинета е материјална штета од 5,73 милијарди долари.

Стотици евакуирани поради пожарите во близина на Лос Анџелес

Неколку стотици жители на Лос Анџелес се евакуирани поради шумските пожари што зафатија повеќе од 20 квадратни километри во близина на градот, јавуваат американските медиуми. Поради огнената стихија која беснее на околу 40 километри од Лос Анџелес, 750 жители од загрозените подрачја биле принудени да ги напуштат своите домови. Во пожарите засега нема жртви, но властите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа. Двата пожари,...

Русија: Експлозија во магацин за ракети, евакуирани 600 лица

Најмалку 600 лица се евакуирани поради експлозија во магацин за муниција на полигон во Астрахан, Јужна Русија, соопшти руското министерство за одбрана, додавајќи дека нема жртви. Како што се наведува во соопштението, се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање ракети во ниската орбита околу Земјата. Противпожарните служби набргу успеале да го изгаснат пожарот. - Пожарот се случи по низа силни...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...