fbpx
Таг: евакуација

таг: евакуација

Јужнокорејски авион се запали на аеродромот во Токио

Повеќе од 300 патници и членови на посадата се евакуирани од авион на јужнокорејска компанија, откако при полетување од токискиот аеродром Хенада му се запалил левиот мотор. Поради инцидентот, властите одлучиле привремено да го затворат за сообраќај аеродромот. Никој не е повреден, иако околу 30 патици се пожалеле дека не се чувствуваат добро. Од авионот се евакуирани 302 патника и 17 припадници...

Евакуирани два милиони луѓе во Бангладеш поради циклон

Властите во Бангладеш евакуирале речиси два милиони луѓе поради циклонот кој се очекува викендов да ја погоди земјата, јавуваат светските агенции. Како што е соопштено, циклонот се очекува да пристигне денеска вечерта, а мерките на претпализвост се подигнати и во соседните држави, Индија и Мијанмар. Оваа недела, во циклонот што ја погоди Шри Ланка животите ги загубија 150 лица, а...

Чешката полиција врши евакуација во повеќе градови

Припадници на чешката полицијата во поголем број се распоредени во десетина градови во земјата, вклучувајќи ги главните железнички станици и административните седишта во Прага, Прадубицам и во Плзен, по дојава за бомба која, според повикувачот, ќе експлодира попладне. Полицијата евакуирала вработени и граѓани, кои по работа дошле во градската управа. Возовите не возат до главната железничка станица во Прага, туку се...

Евакуирани 500 лица поради протекување на амонијак во Полска

Повеќе од 500 лица се евакуирани, а 28 се хоспитализирани поради течење на амонијак во фабрика за живинарско месо „Индикпол“ во местото Олштин во Полска. Инцидентот се случил рано утринава, кога во фабриката имало 528 работници, јавува телевизијата „Н24“. Воспоставена е безбедносна зона во одделот за замрзнување по протекувањето и во тек е испумпување на амонијакот.

Пожарот и понатаму се шири, продолжува евакуацијата

Канадските власти почнаа евакуација на илјада лица од работните кампови северно од градот Форт Мек-Муреј поради пожарот кој и понатаму се шири во канадската држава Алберта. Осум илјади лица вчера со авион беа евакуирани, а денеска ќе продолжи евакуацијата и по автопат, ако биде доволно безбеден од пожар. Премиерката на Алберта, Рејчел Нотли, изјави дека првиот конвој ќе биде составен од...

Поради силен пожар, евакуиран цел град во Канада

Околу 60.000 луѓе, целата популација на Форт Мек-Муреј, се евакуирани поради огромен пожар што го зафатил овој канадски град во провинцијата Алберта, јавуваат светските медиуми. Пожарот, како што пренесува „Би-би-си“, уништил поголем број домови, а улиците на градот се покриени со пепел. Бегајќи, жителите на Форт Мек-Муреј предзвикале метеж и блокада на главниот пат од градот, на околу 380 километри северно...

Делумно евакуиран аеродромот во Амстердам, уапсени неколку лица

Меѓународниот аеродром во Амстердам синоќа е делумно евакуиран откако полицијата била повикана поради сомнеж за поставена експлозивна направа, а холандските медиуми јавуваат дека неколку лица се уапсени. Експертите за експлозиви го прегледале багажот на маж, уапсен на Шипол, околу 21.30 часот, но не пронашле никаква бомба. Според локалните медиуми, уште две лица подоцна се приведени, а по нив уште четири кои...

САД: Семејствата на американските дипломати да го напуштат југот на Турција

Американскиот Стејт департментот и Пентагон денеска издадоа наредба семејствата на американските дипломати и воени претставници да ја напуштат јужна Турција. Причината на ваквата наредба се зголемените безбедносни ризици во овој дел на Турција. Во документот, кој е издаден за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД, се наведува дека семејствата на вработените во Конзулатот на САД...

Евакуиран аеродрмот во Атланта, се слушаат пукотници

Полицијата го евакуирала меѓународниот аеродром „Хартѕсилд-Џексон“ во Атланта поради сомнителен пакет. Светските медиуми јавуваат дека се евакуирани сите патници на аеродромот и се трага по сомнителен пакет, кој, наводно, се наоѓа во нечиј багаж. Одредени медиуми, повикувајќи се на објави на социјалните мрежи, јавуваат дека на аеродромот дошло и до пукање. На социјалната мрежа „Твитер“ има многу објави што говорат за пукање на аеродромот и...

Евакуиран аеродромот во Тулуз

Аеродромот во Тулуз, во Јужна Франција е евакуиран од безбедносни причини. Дури и патниците во авионот мораа да излезат. Аеродромот е затворен утринава во 6.45 часот по локално време. Контролата на аеродромот ја презела полицијата и војската. - Безбедносните компании што работат за владата пристигнаа да ги осигураат премините околу аеродромот. Работат на проверка на идентитетот и пребарување на возила – рече...

Поради дојава за бомба, евакуирани 2.000 луѓе од пазар во Москва

Околу 2.000 луѓе биле евакуирани од пазар во центарот на Москва по анонимна дојава за подметната бомба, соопштила полицијата, а пренесува ТАСС. Потврдено е дека сомнителен пакет бил пронајден на пазар, но повеќе детали не се познати. Пазарот Рижски, од каде што граѓаните биле евакуирани, е еден од најпрометните во главниот град на Русија за купување цвеќе. Утринава имало многу повеќе луѓе...

Евакуирани 20 училишта во Австралија поради анонимни закани

Речиси 20 училишта низ Австралија се евакуирани по низа анонимни повици и закани со напад, јавуваат локалните медиуми. Медиумската мрежа „Најн њуз“ јави дека училиштата биле евакуирани по телефонски повици во државите Викторија, Квинсленд и Нов Јужен Велс. - Очигледно е дека постои шаблон на овие лажни тревоги чијашто цел е да направат метеж и да привлечат медиумско внимание - изјавиле...

Сиднеј: Евакуација во неколку училишта поради закани за бомби

Ученици и кадар во неколку средни училишта во Сиднеј се повторно евакуирани, три дена по масовната евакуација во училишта во Австралија поради лажни закани за поставени бомби, објавија службени извори. Евакуација или блокирање се спроведени во девет училишта, јавуваат локални медиуми. - Сите училишта преземаат мерки за да ги осигураат своите ученици и ниту еден ученик не е загрозен – објави министерството за образование...

Париз: Евакуирани шест училишта поради дојава за бомби

Шест престижни средни училишта во Париз се евакуирани откако телефонски било дојавено дека во нив се поставени бомби, соопшти француската полиција. Училиштата утринава, во период од 10.20 до 11.20 часот, добиле речиси идентични позиви од анонимни лица, се наведува во полициското соопштение. Учениците од училиштата „Шарлмањ“, „Фенелон“, „Монтањ“, „Анри IV “ и „Луј ле Гран“, кои се наоѓаат во луксузни квартови...

Турски авион принудно слетал во Ирска поради закана со бомба

Авион на „Туркиш ерлјанс“, кој летал на релација Хјустон - Истанбул, бил пренасочен на аеродром во ирскиот град Шенон, поради закана со бомба, пренесува „Раша тудеј“. Авионот слетал поради сомнителен пакет што бил пронајден во авионот, за кој постоело сомневање дека е експлозивна направа. Екипажот, исто така, добил дојава за бомба. Тимови за демонтирање експлозив го прегледувале сомнителниот пакет, а во тек е...

ОН: Жители на Мадаја умираат од глад, потребна е итна евакуација

На околу 400 жители на сирискиот град Мадаја, кој е под опсада, им е потребна итна евакуација заради медицински третман, соопштија Обединетите нации, по вонредниот состанок на Советот за безбедност во врска со ситуацијата во Мадаја. Вчера, конвој на Светската програма за храна достави хуманитарна помош за градот со околу 40.000 жители, кој е под опсада со месеци. Обединетите нации соопштија...

Евакуираните железнички станици во Минхен, отворени за сообраќај

Двете железнички станици што синоќа беа евакуирани во Минхен, денеска повторно беа отворени за сообраќај. За време на новогодишната ноќ, германската полиција на „Твитер“ објави дека постојат предупредувања за можен терористички напад. Сепак, било утврдено дека не постојат докази за заканата. Германија добила информации од известувачките служби на други држави дека Исламска држава планира да изведе напад во Минхен со седум бомбаши-самоубијци,...

Швајцарија: Евакуиран трговски центар поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Прателн“ во близина на Базел денеска е евакуиран откако анонимно лице се заканило дека ќе детонира бомба во подземната гаража на центарот, соопшти швајцарската полиција. Локалните медиуми известија дека специјалните полициски екипи заедно со кучиња трагачи го пребарале трговскиот и оти не е откриена експлозивна направа.

Евакуација од сирискиот град Забадани

Возила на брза помош и автобуси денеска влегоа во опколениот сириски град Забадани, кој е под контрола на бунтовниците, за да евакуираат голем број војници, меѓу кои има и ранети. Евакуираните ќе бидат префрлени во Турција, во согласност со договорот кој е постигнат со посредништво на ОН, соопштија извори на бунтовниците од градот. Договорот ќе им овозможи на борците, кои со...

Евакуирани 70.000 лица во Парагвај

Парагвајските власти евакуирале повеќе од 70.000 лица поради големите поплави, кои се последица на обилните врнежи што ја зафатија земјата. Хидрометеоролошките служби јавуваат дека дождот придонел за зголемување на нивото на реките на речиси 7,2 метри, а се очекува поплавите да погодат уште поголем број луѓе. Конгресот на Парагвај минатата недела прогласи вонредна состојба и издвои четири милиони долари за помош на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...