fbpx
Таг: епидемија

таг: епидемија

Бразил се бори против епидемија на жолта треска

Бразил се соочува со можност за избивање епидемија на жолта траска, која само во последните два месеци усмрти 40 лица, соопштија претставници на земјата. Министерството за здравство на земјата наведува дека тоа е најголем број на жртви на жолта треска во последните 14 години. Иако постои вакцина против жолта треска, во државата Есприто Санто забележани се 22 случаи, каде вакцинирањето не...

Грипот коси, но далеку сме од условите за прогласување епидемија

Надлежните институции досега не прогласија епидемија на грип иако бројките на заболени се алармантни и далеку поголеми од вообичаените случаи во претходниот период. Сепак, еден од условите за прогласување на епидемија е да има „невообичаено зголемување на бројот на заболени со компликации или смртен исход“. Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека заклучно со први јануари биле пријавени 9.485 новозаболени...

И во Србија е продолжен зимскиот распуст поради зголемен број на заболени од грип

Училишниот распуст во Србија ќе биде продолжен поради зголемениот број на болни од грип, информира српското министерство за образование. Одлуката била донесена во координација со министерството за здравство, па наместо на 9 јануари, учениците ќе тргнат на училиште на 11 јануари. Постои можност рокот уште еднаш да биде продолжен, доколку бројот на заболени се зголеми уште повеќе. Најмногу заболени има меѓу...

Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип. Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип. Албанија, но и други европски земји, имаа епидемија...

Итен состанок на СЗО поради вирусот зика

Светската здравствена организација денеска ќе одржи итен состанок посветен на сузбивање на вирусот зика, кој се појави во Јужна Америка. СЗО предупреди дека вирусот, кој го пренесуваат комарците, се шири со голема брзина во Америка и оти во текот на годинава се очекува да бидат инфицирани три до четири милиони лица. Директорката на СЗО, Маргарет Чен, изјави дека експертите треба да...

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

Нов случај на починат од болеста ебола е регистриран во западно-африканската држава Сиера Леоне, официјално потврдиле официјални лица на земјата, само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне беше прогласена за слободна од вирусот на ебола на 7 ноември минатата година, а целиот регион беше прогласен за исчистен...

Виница пред епидемија од варичела

Триесетина деца од предучилишна возраст и еден родител од Виница во текот на ноември заболеле од варичела, меѓу народот познатa како овча сипаница. Ноември е месецот со најголем број на заболени, со оглед на фактот дека од февруари до почетокот на декември се регистрирани вкупно 37 болни. Само во вторникот биле пријавени пет нови случаи на варичела на возраст...

Епидемија на колера во Ирак

Минатиот месец во Ирак се потврдени 1.600 случаи на заболување од колера, додека хуманитарната ситуација во земјата се влошува и на повеќе од 8,6 милиони лица им е потребна помош, соопштија Обединетите нации. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања наведува дека главна причини за епидемијата на колера се расипаните водоводни системи и недоволното количество хлор за прочистување на водата. Последната...

Се зголемува бројот за заболени од БИРС во Јужна Кореја

Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се потврдени уште 14 нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Бројот на заболените е зголемен на 122. Повеќе од илјада лица се наоѓаат во карантин поради епидемијата, а затворени се 2.474 училишта, вклучувајќи и 22 универзитети. Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, поради ситуацијата ќе ја одложи посетата на САД. Таа требаше...

Бил Гејтс се плаши од епидемија

Во разговор за телевизијата „Фокс“, Бил Гејтс откри од што се плаши на глобалното ниво. – Сметам дека шансите за нуклеарна војна за време на мојот живот се многу мали. Но, шансите за епидемија, поголема од епидемијата на ебола, додека јас сум жив, се поголеми за 50 отсто – изјави Гејтс. Тој има 59 години, а епидемијата за која говори би...

Пет лица починале од ебола до крајот на април

До 30 април, пет лица од Западна Африка починале од ебола, а регистрирани се 49 новозаразени случаи, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, од почетокот на епидемијата во Западна Африка, починале 10.895 лица, а 26.339 се заразени.

Нови случаи на туларемија, во Арачиново прогласена епидемија

Два нови случаи на туларемија на подрачјето на општина Арачиново биле лабораториски потврдени, поради што Центарот за јавно здравје - Скопје вчера прогласил локална епидемија на подрачјето на општината. Со новите два случаи, вкупниот број на заболени од туларемија во општина Арачиново изнесува 12, додека на територијата на целата земја вкупната бројка е 31 заболен. Заболените се на возраст од 11...

Нема да се прогласи епидемија на туларемија во Македонија

Нема потреба од прогласување епидемија на туларемија во Македонија, оцени министерот за здравство, Никола Тодоров. - Беше прогласена епидемија на локални подрачја, каде има локални жаришта, за да се избегнат дополнителни нови случаи. Од тој момент досега нема нови случаи. Остана последната бројка на заразени - изјави Тодоров, додавајќи дека преземените задолжителни мерки за вакви случи веќе дават добри резултати.

Во општина Лозово прогласена епидемија на туларемија

Здравствените власти денеска прогласија епидемија на болеста туларемија во општина Лозово, каде бројот на заболени достигна 11 лица, пренесува „Телма“. Новозаболени лица од туларемија се регистрирани и во Грушино и во Арачиново, кои се водат како второ жариште на болеста, а туларемија била дијагностицирана и кај жител на кумановското село Опае. Вкупниот број на заболени, со новите случаи од вчера до денеска,...

Еболата во Либерија речиси искоренета

Властите во Либерија денеска соопштија дека има уште пет случаи на ебола и потврдуваат дека епидемијата која однесе повеќе илјади жртви е блиску до искоренување. „Имаме пет потврдени случаи на ебола во Либерија од денеска“, рече заменик-министерот за здравсто, Толберт Њенсувијах. Тој рекол дека три случаи се забележани во престолнината Монровија, а два во северозападните окрузи Боми и Гранд Кејп Монт. „Одиме...

Охрид поштеден од сезонскиот грип

Засега нема епидемија на сезонски грип во Охрид, информираат од Центар за јавно здравје. Во текот на изминатата седмица во Охрид биле евидентирани само 10 пациенти заболени од грип. - И во текот на целата зимска сезона, неделно беа евидентирани од три до пет заболени од сезонскиот грип. Во споредба со изминатата година, оваа зима бројот на заболени е енормно...

Епидемијата на ебола ќе заврши оваа година

Најлошата досега епидемија на ебола би можела да заврши оваа година, изјави шефот на мисијата на ОН за борба против оваа болест, Ентони Бенбери, кој заминува од оваа функција. Бенбери, во последното обраќање до јавноста, нагласи дека кризата е далеку од крајот, но истовремено изрази оптимизам и верување дека е можно да се оствари целта да нема нови случаи на зараза...

Од ебола досега умреле 7.842 лица

Бројот на жртвите од ебола во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 7.842, соопшти Светската здравствена организација. Во овие земји бројот на заболените од овој смртоносен вирус е 20.081. Повеќе од третина од потврдените заразени случаи се во Сиера Леоне, земјата која најмногу беше погодена од оваа болест. Генералниот секретар на Обединетите нации,...

СЗО: Кризата со ебола ќе трае уште една година

Епидемијата на ебола во Западна Африка ќе трае до крајот на 2015 година, оцени шефот на одделот за борба против овој вирус при Светската здравствена организација, Питер Пајот. Белгискиот микробиолог Пајот истакна дека е охрабрен од напредокот во Сиера Леоне и од новите антивирусни терапии. Тој, сепак, предупреди дека е потребно време за развој на вакцини. Пајот, кој е еден од научниците што ја...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...