fbpx

СЗО: Кризата со ебола ќе трае уште една година

-

Епидемијата на ебола во Западна Африка ќе трае до крајот на 2015 година, оцени шефот на одделот за борба против овој вирус при Светската здравствена организација, Питер Пајот.

Белгискиот микробиолог Пајот истакна дека е охрабрен од напредокот во Сиера Леоне и од новите антивирусни терапии. Тој, сепак, предупреди дека е потребно време за развој на вакцини.

Пајот, кој е еден од научниците што ја откри еболата во 1976 година, изјави дека последиците од епидемијата ќе се чувствуваат уште долго време.

Вирусот ебола засега уби повеќе од 7.300 луѓе, повеќето во Сиера Леоне, Либерија и во Гвинеја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...