И во Србија е продолжен зимскиот распуст поради зголемен број на заболени од грип

-

Училишниот распуст во Србија ќе биде продолжен поради зголемениот број на болни од грип, информира српското министерство за образование.

Одлуката била донесена во координација со министерството за здравство, па наместо на 9 јануари, учениците ќе тргнат на училиште на 11 јануари. Постои можност рокот уште еднаш да биде продолжен, доколку бројот на заболени се зголеми уште повеќе.

Најмногу заболени има меѓу предшколските и децата кои одат во основно училиште, на возраст од пет до 14 години (околу 12.000), додека меѓу средношколците има околу 3.000 заболени.

Во институтот за јавно здравје на Србија биле пријавени 50.473 болни од грип.

Во Албанија, исто така, е продолжен распустот на учениците поради грипот, но и поради најавениот студ, а во Македонија надлежните велат дека е рано да се размислува за тоа да биде продолжен зимскиот распуст, кој трае до 18 јануари.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...