fbpx
Таг: експлозија

таг: експлозија

Експлозија во Истанбул, тројца повредени

Во експлозија која денеска се случила во азискиот дел на Истанбул, три лица се повредени. До несреќата дошло кога експлодирал пакет што курир ѝ го испорачал на електронска компанија во делот на градот наречен Малтеп, кој е познат како комерцијален и станбен дел на градот. Во изминатите недели Турција е во состојба на зголемени мерки на претпазливост поради бројните напади и закани...

Експлозија во југоисточниот дел на Турција

Во југоисточниот дел на Турција утринава дошло до експлозија во која се повредени неколку лица. Експлозијата се случила во провинцијата Мрдин, а неколку возила на итна помош бргу пристигнале на местото на несреќата. Според првичните информации, неколку лица се повредени, но станува збор за полесни повреди.

Се зголемува бројот за жртвите во Дијарбакир

Осум загинати и повеќе од 100 повредени е последниот биланс од силната експлозија што се случи во јужниот турски град Дијарбакир, претежно населен од Курди, јавува весникот „Хуриет“, цитирајќи го премиерот Бинали Јилридим. Меѓу загинатите, како што соопшти премиерот, има двајца полицајци, пет цивили и едно лице за кое постои сомневање дека е припадник на Курдската работничка партија (ПКК). Експлозијата се случила...

Блокирани „Твитер“ и „Ватсап“ по силна експлозија во Турција

Неколку лица загинаа, а најмалку 30 се повредени утрово во експлозија на автомобил бомба во курдскиот град Дијарбакир во Југоисточна Турција, јавуваат турските медиуми. Експлозијата се случила во близина на полициска станица неколку часа откако полицијата уапси 11 членови на прокурдската партија НДП во Анкара. Од експлозијата се оштетени околните станбени згради, а можно е бројот на жртвите да се...

Експлозија во рудник во Кина, 33 рудари заробени во окното

Во рудник за јаглен на западот на Кина денеска се случи експлозија на гас, по која 33 рудари останаа заробени во јамата во која работеле, јавуваат кинеските државни медиуми. Агенцијата „Ксинхуа“ наведува дека не се знае во каква состојба се рударите кои се заглавени под земја. Експлозијата се случила во рудник во регионот Чингцинг, нешто по пладне, јавува истата агенција, повикувајќи...

Експлозија во германска хемиска фабрика

Германскиот гигант на хемиската индустрија БАСФ објавил дека неколку лица се повредени во експлозија во фабрика во Лудвигсхафен, град во кој се наоѓа седиштето на компанијата. Од БАСФ соопштија дека експлозијата се случила околу 11.30 часот во фабриката „Ландесхафен норд“ и дека истрагата е во тек. Компанијата наведува дека за експлозијата се известени релевантните служби.

Експлозивна направа оштети куќа во Мала Речица

Непозната експлозивна направа синоќа била поставена и активирана во куќа на улицата 146 во тетовска Мала Речица, сопственост на 66-годишен жител од ова село. При експлозијата, која се случила околу 23 часот и 50 минути, причинета е само материјална штета. Повредени нема бидејќи во куќата немало никого, семејството било на привремена работа во Италија. - Непознатите сторители насилно ја отвориле металната...

Најмалку 17 загинати и 50 ранети при експлозија во Багдад

Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 50 се ранети кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во толпа шиитски муслимани во Багдад. Експлозијата се случила во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитски ритуали ашура, кои го претставуваат оплакувањето на Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Светските медиуми наведуваат дека шаторот бил поставен на пазар преполн со луѓе во северен кварт на ирачката престолнина.

Најмалку 4 лица загинаа, а 12 се ранети во експлозија во Јемен

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се ранети при експлозија која се случила за време на погреб во јеменскиот град Марибу, источно од главниот град Сана. Експлозијата се случила за време на оддавање на почест на починатиот Абдуралаб Шададиј, кој бил воен заповедник и бил убиен пред неколку дена во борбите против бунтовниците Хути. Непријателствата во Јемен се зголемија по неуспешните...

Експлозија на бомба во Атина пред домот на јавна обвинителка

Силна експлозија го потресе центарот на Атина доцна синоќа. Во експлозијата е причинета голема материјална штета на една станбена зграда и десетина продавници, а целосно уништени се две возила. Бомбата експлодирала пред 23 часот, во густо населен кварт во близина на населбата Ексархија. Полицијата сè уште го истражува мотивот за подметнувањето на бомбата. Сомнежите се дека мета била или обвинителната...

Пет лица повредени во експлозија во Истанбул

Пет лица се повредени во експлозија пред полициска станица во Истанбул, соопшти гувернерот Васип Сахин. Иако првично беше објавено дека станува збор за автомобил, гувернерот подоцна на „Твитер“ напиша дека во нападот е употребен мотоцикл-бомба. Експлозијата оштетила неколку возила и ги искршила прозорците на околните згради. https://twitter.com/trtworld/status/784037505561726976 Полициската станица се наоѓа во квартот Јенибоса, источно од истанбулскиот меѓународен аеродром „Ататурк“. Весникот „Милијет“ јавува дека...

Повеќе од 70 луѓе повредени во експлозија на гас во Малага

Најмалку 77 луѓе се повредени, од нив пет потешко, во експлозија на гас што се случи синоќа во ресторан во шпанскиот град Велез-Малага на јужниот брег, соопшти портпаролот на службите за итни интервенции. Портпаролот рекол дека експлозијата се случила во текот на прославата во градот, кој се наоѓа 40 километри источно од летувалиштето Малага. Никој од потешко повредените не е во животна...

Десет лица повредени во експлозија во бар во Милано

Силна експлозија одекнала во бар во централниот дела на северната италијанска метропола Милано утрово во два часот, при што се повредени десет лица, соопштија италијанската полиција. Сите повредени се хоспитализирани во неколку милански болници, но нивните животи не се загрозени. Според прелиминарната истрага, во моментот на експлозијата локалот веќе бил затворен. Сите настрадани се станари од првиот кат од зданието во...

Експлозија во Будимпешта, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци се повредени во силна експлозија која одекнала во сутерен во деловна зграда во центарот на Будимпешта, соопшти денеска полицијата. Експлозијата се случила синоќа, околу 22.30 часот, а засега не е познато што ја предизвикало. Повредените двајца полицајци биле во патрола кога одекнала експлозијата и тие се хоспитализирани. Нема информации за други повредени. https://www.youtube.com/watch?v=ouJiDs5Pb8w Полицијата го блокираше тој дел од градот и...

Идентификуван осомничениот за експлозијата во Њујорк

Њујоршката полиција верува дека 28-годишниот Ахмад Кан Рахами е одговорен за експлозијата на импровизирана бомба на Менхетен. Ова го соопшти претставникот на полицијата, Питер Доналд. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, истакна дека осомничениот е идентификуван и дека се работи за натурализиран Американец кој пораснал во Њу Џерси. Тој додаде дека осомничениот е вооружен и опасен. Њујоршката полиција ја објави и неговата фотографија. Во експлозијата...

Пет лица уапсени за нападот во Њујорк

Пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен, јавуваат американските медиуми. Федералните истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема. Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група. Во...

Во Њу Џерси експлодирал сомнителен пакет, пронајдени уште четири

Сомнителен пакет кој е пронајден на железничка станица во Њу Џерси експлодирал за време на истрагата на специјалните полициски сили. Како што јавуваат светските медиуми, не се работело за контролирана експлозија. Властите соопштија дека до детонацијата дошло при обидот за деактивирање на експлозивната направа, која се наоѓала во ранец и е една од петте направи пронајдени за време на истрагата. Две лица...

Бомбата во Њујорк била терористички акт

Бомбата што вчера експлодира во Њујорк, при што беа повредени 29 лица, е терористички акт, но не се откриени врски со меѓународни групации. Ова го соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, јави  „Би-би-си“. – Кој и да ги поставил овие бомби, ќе го најдеме и ќе го изведеме пред лицето на правдата - увери гувернерот. Втор експлозивен уред кој потсетувал на оној во...

При експлозија во зграда во Барселона, повредени се 15 лица

Експлозија во станбена зграда се случи денеска во каталонската општина Премија де Мар во Барселона, Шпанија. Во експлозијата, од која се урнал дел од зградата, повредени се повеќе од 15 лица, а најмалку еден е загинат.  Сите жители на зградата се евакуирани. Според информациите на локалните медиуми, во болница се сместени најмалку 15 лица, а состојбата на двајца од нив е...

29 лица се повредени во експлозија во Њујорк

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа се случи во квартот Челси на Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес-лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јавува „Си-ен-ен“. Полицијата ги проверува видеозаписите од местото на првата експлозија, на кои изгледа е прикажано лице кое остава...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...