fbpx
Таг: експлозија

таг: експлозија

МНР: Нема повредени или загинати македонски граѓани во нападот во Санкт Петербург

Министерството за надворешни работи на Македонија изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во експлозијата што денеска се случи во рускиот град Санкт Петербург. „Министерството за надворешни работи известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Руската Федерација и до овој момент нема добиено информација за повредени и/или загинати македонски државјани“, информираат од МНР. За сите...

Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург

Десет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во експлозија во метро-станица во Санкт Петербург, јавува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на полициски извори. Агенцијата јавува дека на една метро-станица одекнала експлозија и дека има многу повредени. Експлозијата одекнала во еден од вагоните на возот, додека тој се движел меѓу две станици. Засега не се знае причината за експлозијата. „Спутник“ јавува дека експлозијата...

Двајца повредени при експлозија во воена база кај Тирана

Најмалку две лица се полесно повредени при експлозија во воена база во близина на албанскиот главен град Тирана. Министерството за одбрана соопшти дека еден од повредените е воено лице, додека другиот е цивил. Експлозијата се случила во воената база Порто Романо, на 40 километри од Тирана. Засега не се познати причините за експлозијата.

Еден загинат и седум повредени при експлозија во станбена зграда во Брисел

Едно лице загинало, а седум биле повредени, од кои тројца тешко, во експлозија што вчера се случила во станбена зграда во Брисел, најверојатно поради истекување на плин, соопштило белгиското државно обвинителство, пренесува ХРТ. „Денеска (сабота) попладне, станарите на две згради беа жртви на експлозија, по која избувна пожар. Седум лица се пренесени во две болници. Тројца се тешко повредени, меѓу кои...

Во експлозија на автопат во Турција загинаа двајца војници

Двајца војници загинаа откако бомба експлодирала на автопат на југоистокот на Турција. Како што јавуваат турските медиуми, бомбата најверојатно ја подметнале курдски бунтовници. Државната новинска агенција „Анадолија“ јави дека експлозијата се случила на автопатот што ги поврзува градовите Марин и Дијарбакир, на југоистокот на Турција. Бунтовниците на Работничката партија на Курдистан, откако во 2015 година пропадна мировниот договор со владата, често изведуваат...

Во експлозија во Крагујевац загина едно лице, а по три сè уште се трага

Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, оцени дека постои опасност од нови експлозии во Техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, каде вчера загина едно лице, а 25 припадници на српската војска се повредени при гаснењето на пожарот. Српските медиуми јавуваат дека група од 74 работници се безбедно евакуирани. Министерот формираше комисија која ќе ги истражи причините за несреќата. Сè уште се трага по...

Експлозија во пакистанскиот град Лахор, шест загинати и 15 повредени

Шест лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во експлозија во пакистанскиот град Лахор, соопштија пакистанските претставници. Причината за експлозијата, која одекнала во луксузен ресторан, засега не е позната, рече министерот за правда Рана Санаула. Инцидентот доаѓа по серијата самоубиствени и други напади во кои во изминатите две недели загинаа повеќе од 125 лица. Одговорноста за нападите ја презедоа неколку милитантни...

Опасна експлозија во фабрика за хемикалии во Шпанија

Силна експлозија одекна во фабрика за хемикалии во шпанскиот град Патерни, во близина на Валенсија. Како што се наведува, инцидентот се случил во индустриската зона Фуерте дел Харо, а шпанските медиуми наведуваат дека најмалку едно лице е хоспитализирано. Во хемиската фабрика се работи со хлорин, токсичен гас кој може да предизвика тешкотии со респираторниот систем, очите и со кожата. https://twitter.com/PCPaterna/status/829251531950215169

Две битолчанки со тешки изгореници од експлозија на плинска боца

Две жени се тешко повредени од експлозија на плинска боца на улицата Пореч во Битола. Од битолската клиничка болница велат дека двете повредени, мајка и ќерка, поради сериозноста на здравствената состојба ќе бидат транспортирани во Скопје на понатамошно лекување. Станува збор за седмочлено семејство, а во моментот на несреќата дома биле само пет члена. Плинската боца ја користеле за затоплување. Од пожарот куќата е...

Експлозија и пожар на автобуска станица во Детроит

На автобуска станица во Детроит одекнала експлозија, по која избил пожар, но детали засега не се познати. Локалните медиуми јавуваат дека пожарот поприлично ја оштетил зградата на автобуската станица и оти пожарникарите сè уште го гаснат. Засега нема информации за причината за експлозијата, ниту дали има повредени. https://twitter.com/MCmuckraker/status/819804735762878465 .

Тројца повредени во експлозија пред суд во Измир

Најмалку три лица се повредени во експлозија што одекна пред судот во западниот турски град Измир, јавуваат турските медиуми. Еден осомничен милитант е убиен во престрелка со полицијата, јавува весникот „Хуријет“, додавајќи дека уште едно лице, наводно, било инволвирано во вооружената престрелка. Весникот наведува дека експлозијата била предизвикана од автомобил бомба, а „Си-ен-ен Турк“ јавува дека возилото било поставено на паркиралиштето наменето за...

Се урна зграда во Казахстан, девет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа кога се урна зграда во селото Шакан во централниот дел на Казахстан, соопштија локалните власти. Како што се наведува, несреќата се случила во неделата попладне, а според првите наоди, била предизвикана од експлозија во котларница. Од урнатините на зградата досега се извлечени девет лица, меѓу кои имало и три деца. Во акцијата за спасување учествуваат 300 луѓе.

Експлозија во Москва, најмалку двајца повредени

Најмалку две лица утринава се повредени во експлозија во подвозник во близина на метро-станица во јужниот дел на Москва, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на извори на службата за вонредни ситуации. Во експлозијата две лица се повредени, од кои едно потешко. Полицијата го забранила пристапот до местото на експлозијата, а влезот на метро-станицата е затворен.

Неприлагодена брзина на возот, можна причина за несреќата во Хитрино

Неприлагодена брзина на возот при влез во железничката станица е една од можните причини за несреќата во Хитрино, во која воз излета од шините и настана експлозија на превезуваниот гас, јавува дописничката на „Мета“ од Бугарија. Причината за несреќата денеска ја соопштил Станко Станков, сопственикот на компанијата „Булмаркет“, која го превезувала гасот, а истата била потврдена и од истрагата на црната кутија...

Борисов: Отстранувањето на цистерните во Хитрино засега е опасно

Најмалку 48 часа ќе продолжи извлекувањето на цистерните во Хитрино, каде што утринава товарен воз кој превезуваше течен гас излета од шините и предизвика експлозија, изјави бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, на седницата на националниот штаб за акција при катастрофи. „Преземаме мерки, повлековме девет цистерни од железничката композиција. Другите се многу ризични и бројот на луѓе кои работат го сведовме...

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на товарен воз во Бугарија

Најмалку седум лица загинаа, а хоспитализирани се 25 повредени по несреќата во која товарен воз со течен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино на североистокот на Бугарија, соопшти бугарската полиција. Според пишувањата на бугарските медиуми, бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, се упатил кон тоа село и апелирал граѓаните да даруваат крв во болницата во местото Шумен,...

Експлозија во Каиро, загинаа шест полицајци

Шест полицајци загинаа, а седум лица се повредени во експлозија во Каиро, соопштија безбедносни извори. Бомбата експлодирала во контејнер кај контролен пункт. Во експлозијата ранети се тројца полицајци и четворица цивили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Експлозијата се случила во улица која води кон пирамидите.

Во експлозија во Атина, повредени се шест лица

Шест лица се повредени, а едно се води за исчезнато во експлозија што одекна во ресторан за брза храна на атинскиот плоштадот Викторија. Веднаш по експлозијата, објектот се запалил. Осум противпожарни возила и 20 пожарникари учествуваа во гаснење на пожарот. Како што јавуваат грчките медиуми, експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас за домаќинство.

ОЈО Гевгелија поднесе обвинение за експлозијата и за пожарот во „Балкан гасови“

Гевгелиското јавно обвинителство до судот поднесе обвинителен предлог против три лица и фирмата „Балкан гасови“ за експлозијата и за пожарот што лани во февруари се случија во фабриката во Богданци, а во кој загинаа тројца вработени и еден беше тешко повреден. Обвинетите, како што соопштија денеска од обвинителството, се товарат за тешки дела против општата сигурност и за повреда на...

Се зголеми бројот на повредените во експлозијата во Истанбул

Десет повредени е последниот биланс од експлозијата што денеска се случи во истанбулското индустриско предградие Султанбејли. Како што јавуваат турските медиуми, несреќата се случила кога парен котел експлодирал во фабрика за козметички производи. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки на кои се гледа како пожарникарски камиони го гаснат пожарот. https://twitter.com/Gazi4161/status/798163988307705856 https://www.youtube.com/watch?v=dwuMIEY13ZM