fbpx

Борисов: Отстранувањето на цистерните во Хитрино засега е опасно

-

Најмалку 48 часа ќе продолжи извлекувањето на цистерните во Хитрино, каде што утринава товарен воз кој превезуваше течен гас излета од шините и предизвика експлозија, изјави бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, на седницата на националниот штаб за акција при катастрофи.

„Преземаме мерки, повлековме девет цистерни од железничката композиција. Другите се многу ризични и бројот на луѓе кои работат го сведовме на минимум. Според мене, ситуацијата е сè ушта опасна, не сакаме да ризикувме. Ќе ги повлечеме полицијата и противпожарната служба“, изјави Борисов.

Дописничката на „Мета“ од Бугарија јавува дека се чекаат обвинителите и истражителите да завршат со истражната постапката, за потоа да се извлечат и другите цистерни за кои ќе бидат потребни најмалку 48 часа.

„Потребно е да се преземат сите мерки на безбедност. Ги донесовме сите најдобри експерти за да бидеме подготвени ако се случи евентуална хаварија при процесот на работа. Се надевам дека бројот на жртви нема да се зголеми“, изјави Борисов.

Во несреќата, најмалку седум лица загинаа, а хоспитализирани се 25 повредени од кои деветмина се со потешки повреди.

Железничката композиција со која се превезувал гасот била во сопственот на компанијата „Булмаркет ДМ“, која била регистрирана на Кипар. Компанијата главно се занимавала со испорака и со трговија на гас, производство на биодизел и друго.

Причините за несреќата засега се непознати, но жителите за медиумите изјавиле дека реакцијата на властите била задоцнета, а противпожараната бригада пристигнала еден час по несреќата.

Според бугарското МВР, службите дејствувале професионално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...