fbpx
Таг: Државна комисија за спречување на корупцијата

таг: Државна комисија за спречување на корупцијата

Тантуровски: Нема да поднесам оставка затоа што не чувствувам одговорност

Јас не чувствувам одговорност, не бев посочен како одговорен ниту во извештајот и од тие причини немам намера да поднесам оставка, изјави за „А1 он“, претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, по обелоденувањето на скандалот за трошењето во Комисијата. - Извештајот беше направен за интерна употреба, но целта на неговото објавување во јавноста беше единствено...

Ременски: Собранието ќе ги разреши членовите на Антикорупциска ако не поднесат оставки

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција ниту еден ден повеќе, изјави потпретседателката на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски на прес-конференција во законодавниот дом. -Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите...

ОЈО ќе го истражува трошењето пари во Антикорупциска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека, по допрен глас, оформило предмет за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. „По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции“, велат од ОЈО.

Владата очекува антикорупционерите да покажат одговорност кон буџетските пари

Владата го следи принципот на нулта толеранција за корупција и очекува и членовите на Антикорупциска комисија да го следат тој принцип и да покажат одговорност, се вели во реакцијата на Владата на ревизијата на УЈП која констатирала нерегуларности во работењето на Комисијата. „Владата на Република Македонија го следи принципот на нулта толеранција за корупција. Во изминативе седум месеци покажавме дека...

Алинејата 4, додадена во Изборниот законик во Пржино, го кочи разрешувањето на Зврлевски

Одредбата од членот 8-а од Изборниот законик, за која ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со собраниската расправа за разрешувањето на држвниот јавнен обвинител, Марко Зврлевски, беше додадена во Изборниот законик во согласност со Договорот од Пржино, што во 2015 година го постигнаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, за излез од политичката...

ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Антикорупциска за расправата за Зврлевски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија денеска до Државната комисија за спречување корупција поднесоа барање за мислење во однос на собраниската расправа за разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зрлевски. „Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на јавниот обвинител, почната на 5 јули, сè уште е во тек, а тоа е во спротивност со член...

Невладините бараат власта и институциите да ја испитаат работата на Тантуровски и на ДКСК

Власта и институциите да ја проверат основаноста на контролите во невладините организации и да ја истражат злоупотребата на службената должност за политички притисок и дискриминација од сите засегнати раководители кои се дел од прогонот. Ова денеска повторно го побараа 22 граѓански организации и фондации во кои изминатите шест месеци Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција вршат контроли...

Тантуровски уште една година ќе биде прв антикорупционер

Членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница едногласно му дале уште еден едногодишен мандат на актуелниот претседател на Комисијата, Игор Тантуровски. „На денешната 182. седница на Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со Законот за спречување на корупцијата и со деловникот за работа на комисијата, поради истекот на мандатот на претседателот, се спроведе...

Шилегов: По налог на УБК се проверува работата на 22 невладини и на 42 лица, критичари на власта

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов, денеска рече дека според информациите што ги имаат, по иницијатива на актуелниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) побарала проверка за 22 невладини организации. - Управата за финансиско разузнавање, според информациите, отворила проверки...

Антикорупциска ги одби сите приговори на СДСМ за предизборни вработувања

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на јавна седница ги одби како неосновани сите приговори на СДСМ што се однесуваа на незаконски вработувања во неколку државни институции во предизборниот период. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку својот претставник Стевица Јосифовски до ДКСК поднесе четири приговори за вработувања во Министерството за правда, односно за избор на шест нотари, во „Македонска пошта“, Театарот за...

Антикорупциска отвори четири случаи за вработувања пред изборите

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на јавна седница отвори постапки за четири случаи на противзаконски вработувања во јавни институции и претпријатија во предизборниот период. Претставките до антикорупциска ги поднесе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а од вкупно пет, ДКСК не ја прифати претставката што се однесуваше за вработувањето на информатички администратор во самата комисија. Антикорупциска отвори постапки во врска со...

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 6 пати повеќе пари во кампањата од пријавените приходи

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи на политичките партии од почетокот на изборната кампања до 30 ноември, кои партиите, според предвидениот рок, вчера ги доставија до ДИК, Државниот ревизор и до Државната комисија за спречување на корпуција (ДКСК). Од извештатите на политичките партии, најинтересен е финансискиот извештај на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, кој е за периодот од 21 до 30 ноември...

#Одговорност е јавен увид во анкетните листови на функционерите

Минатата година на адреса на Комисијата за спречување на корупоција стасале 552 анкетни листови по избор и по именување на функција, а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба. Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната...

Судскиот совет со оглас ќе бара наследници на Неделкова и на Панчевски

Судскиот совет на Македонија на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседатели на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1. На актуелните претседатели на овие два суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски, четиригодишниот мандат им истекува на почетокот на декември, а рокот за избор на новите претседатели е два месеци. Огласот ќе биде објавен во „Службен...

Директорот на Агенцијата за разузнавање крие стан од 90.000 евра, обвинува СДСМ

Директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Наќе Чулев, поседува луксузен стан, вреден околу 90.000 евра, кој не го пријавил во својот анкетен лист, обвини денеска СДСМ. Членката на извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Рената Јајоска, на денешната прес-конференција, пред зградата каде, како што рече, се наоѓа станот на Чулев, го покажа анкетниот лист на директорот на АР, изваден...

Игор Тантуровски е нов претседател на ДКСК, на Миленков му заврши мандатот

Горан Миленков повеќе не е претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) откако му истече едногодишниот мандат како прв човек на комисијата. Од ДКСК соопштија дека на негово место е избран Игор Тантуровски, член на актуелниот состав на комисијата. „Државната комисија за спречување на корупцијата, поради завршување на мандатот на претседателот на ДКСК, Горан Миленков, во согласност со...

Платформа против корупција: ДКСК да го објави анкетниот лист на Груевски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го почитува законот врз основа на кој е формирана, што е нејзина основна надлежност и грижа, а сè за да се заштити јавниот интерес, јавно повикуваат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Оттаму остро реагираат на изјавата на претседателот на ДКСК, Горан Миленков, кој на прес-конференција во средата минатата недела,...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...