fbpx

Владата очекува антикорупционерите да покажат одговорност кон буџетските пари

-

Владата го следи принципот на нулта толеранција за корупција и очекува и членовите на Антикорупциска комисија да го следат тој принцип и да покажат одговорност, се вели во реакцијата на Владата на ревизијата на УЈП која констатирала нерегуларности во работењето на Комисијата.

„Владата на Република Македонија го следи принципот на нулта толеранција за корупција. Во изминативе седум месеци покажавме дека не постои толеранција кон именуваните функционери кои имаат покажано неодговорно трошење на парите на граѓаните и сите кај кои беше утврдена таква состојба поднесоа одговорност. Истовремено Владата постојано укажува дека одговорното трошење на буџетските пари треба да биде почитувано и од сите останати јавни функционери како што беше примерот со Државната изборна комисија. Очекуваме дека и членовите на Антикорупциската комисија ќе го следат принципот на нулта толеранција за корупција и ќе покажат одговорност имајќи ги предвид последните случувања и имајќи предвид дека тоа е суштината на нивната работа“, велат од Владата на Република Македонија.

Медиумите објавија дека ревизијата на УЈП констатирала нерегуларности во работењето на Комисијата, каде нејзини членови ненаменски трошеле буџетски средства. Конкретно, во ревизорскиот извештај било констатирано дека на членови од Комисијата им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Потоа, некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, и биле поднесувани по три патни налози за ист ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...