недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Dezinformacii | 101 резултати

Вистиномер: Регрутација и евиденција во воен регистар, не е исто

9 јули 2022

Жените во Украина  од 1 октомври 2022 година ќе бидат запишани во воениот регистар, но тоа не значи дека ќе бидат регрутирани – запишани во воениот рок, како што тврди постот. Запишувањето во регистарот не е еквивалентно на отслужување на воен рок. Исто така, при запишувањето во регистарот, според Законот на Украина за мобилизациска обука […]

Вистиномер: Артем Бонов не е припадник на украинското Министерство за внатрешни работи

8 јули 2022

Артем Бонов, човекот кој е претставен на фотографијата споделена во постот е Украинец со крајно десничарски ставови. Тој има свој Јутјуб канал. Бонов е облечен во стара униформа, на што укажува натписот „Милиција“ на задната страна – на грбот.  Ваквите униформи се користеле до ноември 2015 година, а оттогаш униформите се заменети со поинакви, така […]

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект не постои

5 јули 2022

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: „Силна изјава се дава од Русија: Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста […]

Вистиномер: Нема информации дека во Украина се борат 79 платеници од РСМ

5 јули 2022

Не е точна изјавата на руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ. Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот за Portalb.mk изјави дека ова е […]

Во Украина не е постигнат мир, руската агресија продолжува и по 4 месеци

4 јули 2022

Не е точно дека Зеленски и Путин се договориле да се повлечат и дека е постигнат мир во Украина. Потребата за сензационализам во онлајн медиумите ги дезинформира читателите како руските војници да се повлекле од Украина и како војната да е завршена, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   „Добри вести за целиот […]

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

23 јуни 2022

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден […]

Вистиномер: Не е точно дека во ОН терминот „македонски јазик“ е заменет со „јазик на РС Македонија“

20 јуни 2022

Постот шири невистини за наводно интерно упатство на ОН да се користи терминот  „јазик на Северна Македонија“, наместо „македонски јазик“. Ваквите дезинформации беа демантирани од ОН и од македонското МНР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук тврди дека со интерна одлука на Секретаријатот на Обединетите Нации, на […]

Вистиномер: Нема никакво „распаѓање на Македонија“, ниту „создавање на Етничка Албанија“

20 јуни 2022

Иако двата најголеми државни извори на информации, кои се финансирани и ги промовираат официјалните политики на Кремљ низ светот, „Русија денес“ и „Спутник“ немаат директно присуство во земјава, некои од наративите преку кои Русија низ годините се обидуваше да влијае и да ги вметне во медиумската реторика на Западен Балкан сè уште кружат. Еден од […]

Вистиномер: Дезинформациски трендови поврзани со странски влијанија во Република Северна Македонија

18 јуни 2022

Со цел идентификување на трендовите на медиумското известување, како и клучните дезинформациски трендови поврзани со странските влијанија во земјава, во периодот од ноември 2021 до април 2022 година е направен мониторинг на домашните медиуми. За утврдување на главните дезинформациски трендови беше спроведена анализа на повеќе од 300 антидезинформациски написи, од кои 160 директно се однесуваа […]

Вистиномер: Шпекулација е дека Полска ќе испраќа војници во Украина

26 мај 2022

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа […]

Вистиномер: Измислена изјава на Лавров кружи на Фејсбук

10 мај 2022

Наспроти тврдењето во постот, никаде не може да се понајде наводната изјава на Лавров  во која тој ѝ одржал на Грција лекција по демократија: „Вие ли што со години терор вршите врз Македонија и Македонците најдовте да зборувате за демократија“. А, исто така, досега искажаните ставови на официјална Русија во врска со Договорот меѓу Северна […]

Вистиномер: Хитлер немал еврејска крв, како што тврди Лавров

9 мај 2022

Изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека верува оти Хитлер, како и Зеленски, имал еврејска крв, предизвика лавина негативни реакции од страна на еврејскиот народ, барања за извинување и дипломатски реакции. Но, Хитлер нема еврејска крв. Неговиот татко, Алоис, бил непризнаено дете, а дедо му не бил познат, вели австрискиот […]

Вистиномер: Вредноста на рубљата не пораснала за 100 проценти во еден месец

8 мај 2022

Објавата на Фејсбук датира од 28 април. На тој датум, рубљата, според престижниот „Блумберг“  во споредба со доларот била 72, односно за 1 долар сте можеле да добиете 72 рубљи. На 28 март, односно еден месец пред 28 април кога е објавен постот, таа вредела 94 односно за 1 долар сте можеле да добиете 94 […]

Вистиномер: Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

29 април 2022

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува […]

Проруската политичка партија „Родина Македонија“ – дезинформации, теории на заговор и поттикнување омраза

28 април 2022

Проруската партија „Родина Македонија“ беше извор на дезинформации за Украина уште пред започнувањето на воената инвазија од страна на Русија. Претходно, партијата ширеше дезинформации кои поттикнуваат омраза за НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа, ковид-19 и вакцинирањето, пописот и локалните избори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Жарко Трајаноски, […]

Вистиномер: Во Украина не биле запленети дронови кои содржеле агенси за предизвикување ковид-19

20 април 2022

Униформираното лице кое се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа, униформираното лице не носи никаква заштитна опрема додека е во близина на беспилотните летала, ниту пак го […]

Вистиномер: Измислен говор на Путин вирално се шири на социјални мрежи

20 април 2022

Ниту една од овие триесетина реченици од наводниот говор на Путин што се споделува на Фејсбук, рускиот претседател не ги кажал во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите реченици се целосно измислени. Со пребарување на Интернет не може да се најде запис од таков говор […]

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

18 април 2022

На годинешната конференција „Дисикон – Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот на информациите и изборниот интегритет се меѓусебно поврзани и дека […]

Вистиномер: Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства

12 април 2022

Сателитските снимки од теренот, кои беа објавени од страна на медиумите, покажуваат дека некои од телата на убиените во Буча биле во иста позиција со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била отстранета од атмосферски настани во моментот кога се направени фотографиите и кога новинарите влегле во Буча, предградие […]

Вистиномер: На видеата од Буча, Украина, нема исценирани тела кои мрдаат

8 април 2022

На споделуваното видео, наместо „труп кој ја помрднува раката”, се гледа дамка на стаклото на автомобилот. Раката е непомрдната исто како и починатото тело на асфалтот, меѓутоа дамката на стаклото се помрднува, во исто време како што се движи и автомобилот. Истото објаснување го објавија и проверувачите на факти на Би Би Си, а со […]

Страна 4 од 5