Вистиномер: Во Украина не биле запленети дронови кои содржеле агенси за предизвикување ковид-19

-

Униформираното лице кое се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа, униформираното лице не носи никаква заштитна опрема додека е во близина на беспилотните летала, ниту пак го споменува коронавирусот, кој патем не може да се пренесе преку распрскување од беспилотни летала и од голема височина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Фејсбук објава тврди дека во Украина биле запленети дронови кои содржеле канистри со агенси за предизвикување на коронавирус. Ова е неточна информација.

АКО Е ОВА ВИСТИНА, А НЕ СЕ СОМНЕВАМ, ЕВЕ ОД КАДЕ ОД КОИ ЛАБОРАТОРИИ ГЛОБАЛ-САТАНИСТИТЕ НЕ ТРУЕЛЕ НАС И ЦЕЛ СВЕТ !!!

А ВИЕ И ПОНАТАКА ПОДРЖУВАЈТЕ НАТО И ЕУ КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ВО ОВАА ГЕНОЦИДНА ПОЛИТИКА !

А СО ОВА СЕ ОТВОРААТ И МНОГУ ДРУГИ ПРАШАЊА ЗА ГЕНОЦИД И …

На објавата се споделени две фотографии, принтскринови од објава на оваа информација во српскиот медиумски простор. На првата фотографија се гледа исечок од текст во кој што всушност се тврди дека руската војска запленила дронови кои носеле канистри од 30 литри со агенси за предизвикување ковид-19 и разни други болести. Според објавата, овие дронови се користеле за разболување на руската војска, но и на населението.

Ова не е точно и е измислена информација за која нема никакви докази.

Видеото прво е споделено од руската амбасада во Египет на 13 април годинава. Во објавата од амбасадата се тврди дека таа најверојатно покажува беспилотни летала што ги користат украинските сили за да прскаат токсични хемикалии врз руските војници и украинските цивили.

За време на рутинска проверка на воена единица напуштена од Украинците, пронајдени се три беспилотни летала… Овие беспилотни летала се претпоставува дека биле користени за прскање токсични хемикалии за да предизвикаат штета и на руските вооружени сили и на цивилното население, твитна амбасадата на арапски јазик.

Никаде во објавата која доаѓа од руска страна не се спомнува коронавирусот. Точно е дека се тврди (без никакви докази) дека со леталата прскале токсични материјали, но не и коронавирус.

Униформираниот човек кој се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа, униформираното лице не носи никаква заштитна опрема додека е во близина на беспилотните летала.

На видеото кое што го објави амбасадата се гледа логото на Раша Тудеј – медиумска организација во сопственост на руската влада. Истото видео со англиски превод беше објавено на нивниот Твитер профил.

Но, на српски профили видеото е објавено со текст дека дроновите носеле агенси кои предизвикуваат ковид-19, иако такво нешто не тврди руската страна. Видеото, објавено на српски со такво тврдење е споделено над 13 илјади пати.

Впрочем, не е ни возможно коронавирусот да се пренесе на тој начин. Ваквото тврдење е бесмислено, затоа што коронавирусот се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, течност која се исфрла преку кашлање, кивање, зборување, пеење и сл.

За да се инфицира лицето, вирусот мора да навлезе во устата, носот или очите, што се случува кога лицата се во близок контакт помал од еден метар со инфицирано лице. Така што, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион и од огромна височина.

Но, и тврдењето дека дроновите пренесувале било каква токсична материја е веројатно лажно. Всушност, американските и европските претставници постојано изразуваат сомнежи дека Русија размислува за употреба на хемиско оружје во нејзината војна против Украина.

Полиграф.инфо, сервисот за проверка на факти на Гласот на Америка објави дека беспилотните летала на видеото се комерцијални, а не воени единици. Тие се произведени од кинеската компанија XAG и се користат за наводнување и за прскање со пестициди.

XAG објави дека се случила голема продажба на дронови на украински компании во 2021 година и повторно во февруари 2022 година. Компанијата соопшти дека соработува со две дистрибутивни фирми во Украина, DroneUA и Robotic Agriculture.

Во 2020 година, Украина беше меѓу првите 10 светски извозници на земјоделски производи, главно пченка и пченица, и најголем извозник на масла од семе во светот.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...