fbpx
Таг: деца

таг: деца

Нападнати деца на кејот 13 Ноември

Вчера, скопјанка во полициска станица пријавила дека на кејот 13 Ноември, во центарот на Скопје, нејзиниот малолетен син и неколку негови другари биле нападнати од група од пет до шест машки лица. Напаѓачите, според кажувањето на претепаните деца, биле на возраст од околу 20 години. За инцидентот полицијата почнала истрага.

УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ алармираат: Во Егејско Море секој ден има по две удавени деца

Од септември 2015 година досега, во водите на Егејско Море, меѓу Турција и Грција, во просек секој ден животите ги губеле по две деца додека со своите семејства се обидувале да стигнат во Европа, велат од ИОМ, УНХЦР и од УНИЦЕФ и предупредуваат дека бројот на смртни случаи на деца на бегалската рута постојано е во пораст. Според податоците на агенциите,...

Градинката „Корчагин“ го прослави патронатот

Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ вчера го прослави патрониот празник. Децата пред присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, изведоа пригодна програма. Градинката „Корчагин“ прослави 68 години постоење.

СДСМ: Додека децата смрзнуваат, директорката се шета во странство

„Два дена јавната детска установа „Јасна Ристеска“ од Охрид нема централно греење во својот објект „Развигорче“. Таму каде што цел ден престојуваат нашите деца, недозволиво е во зимски услови да нема греење“, обвинуваат од СДСМ. „Дали воопшто директорката реагирала да се надмине таа состојба или сè уште е под импресии од службеното патување како дел од официјалната делегација на Општината...

Во Колумбија 3.100 жени заразени со вирусот зика

Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот зика, што се пренесува преку убод од комарци, информираше претседателот на оваа земја, Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка. Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била...

Зголемен број заболени од овча сипаница

Во јануари во Институтот за јавно здравје се регистрирани 829 случаи на овчи сипаници во цела земја, што е речиси иста состојба со претходниот месец кога биле откриени 816 болни, но двојно повеќе од ноември, кога имало околу 400 заразени. Меѓутоа, во споредба со јануари лани, оваа болест бележи пораст од 64 отсто. Тогаш имало само 504 болни со овчи сипаници....

Кери: Русија да престане со бомбардирањето во Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, побара од Русија да го прекине бомбардирањето во Сирија и да воспостави прекин на огнот во земјата. - Русија многу директно ми навести дека е подготвена на прекин на огнот. Иранците пред два дена во Лондон потврдија дека сега ќе поддржат прекин на огнот - истакна Кери. Тој додаде дека набргу ќе биде јасно кој...

Најмалку седум загинати во земјотрес во Тајван

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца. Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 ката. Околу 230 луѓе се спасени од урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Сè уште се трага по 26 луѓе. Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според...

Спасовски во посета на децата на загинатите бранители во Пониква

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ќе ги посети децата на загинатите бранители во одмаралиштето на МВР во Пониква. Предвидено е да ги поздрави децата, по што ќе следува вежба од припадниците на Единицата за брзо распоредување и изјава за медиуми.

УНИЦЕФ: Меѓу бегалците сè повеќе деца и жени

Според податоците на УНИЦЕФ, сè повеќе деца и жени патуваат во бегалскиот бран кон Европа. Тие сочинуваат речиси 60 отсто од вкупниот број бегалци кои минуваат од Турција кон Грција. Во јуни минатата година, речиси 73 отсто од мигрантите биле возрасни мажи, а само еден од 10 бегалци биле помлади од 18 години. Мари Пјер Поири, посебна координаторка за бегалската криза...

Во Европа исчезнале 10.000 деца-бегалци

Најмалку 10.000 деца-бегалци, кои не биле во придружба на своите родители, исчезнале откако пристигнале во Европа, соопшти европската полициска агенција Европол. Се стравува дека многу од нив паднале во рацете на организирани криминални групи за трговија со луѓе. Само во Италија исчезнале 5.000 деца, додека во Шведска 1.000 деца се водат како исчезнати, истакна шефот на Европол, Брајан Доналд, кој предупреди...

Богоева: Неколку училишта во Велес се без греење

Општинската организација на СДСМ во Велес ја обвинува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за „катастрoфалната политика во образованието“ при што истакнуваат дека, учениците од Велес биле без греење на првиот училишен ден од второто полугодие. - Учениците од „Васил Главинов“ биле прунудени да ја следат настава со јакни, шалови и со ракавици за да не смрзнат, поради тоа што немало греење. И во...

Дете почина затрупано во лавина на француските Алпи

Лавина на француските Алпи попладнево затрупа девет деца и наставник, кој ги придружувал. Според досегашните информации, едно од децата е загинато, три се потешко повредени, а по другите сè уште се трага. Во потрагата учествува полицијата, помогната од два хеликоптери.

ОН најавија 250 милиони долари за едукација на сириските деца

Претставникот на ОН за глобално образование, Гордон Браун, изјави дека донаторите ветиле 250 милиони долари за едукација на повеќе милиони сириски деца во текот на 2016 година, но додаде дека тоа не е доволно. Во изложувањето во ОН во Њујорк, Браун навел дека итно се потребни уште дополнителни 500 милиони долари за финансирање на програмата за едукација во Турција, Либан и...

Авганистан: Три деца загинаа во напад на училиште

Најмалку три лица загинаа во минофрлачки напад на едно училиште на истокот на Авганистан. Министерството за образование соопшти дека во нападот се ранети уште осум ученици. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Друштвото „Илинден” ги стимулира децата во Албанија за изучување на македонскиот јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште, им подарија пакетчиња за новогодишните и за божиќните празници. „Македонско друштво „Илинден“ и на овој начин ги стимулира најмладите да се залагаат за чувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо“,...

УНИЦЕФ: Во 2015 година 16 милиони деца биле родени во конфликтни зони

Секое осмо бебе од сите деца родени во светот или повеќе од 16 милиони деца, оваа година биле родени во конфликтни зони, соопшти УНИЦЕФ. - Секои две секунди, по едно новороденче го зема првиот здив во средиште на воено жариште, честопати во застрашувачки околности и без пристап до медицинска грижа. Премногу деца го почнуваат животот во екстремни околности – од конфликтни зони...

Исламска држава ќе убива деца со Даунов синдром

Исламска држава издала фатва со која на своите следбеници им налага да ги убива новороденчињата со Даунов синдром, вродени деформации и со други видови инвалидитет, соопшти ирачката активистичка група „Мосулско око“. Одлуката за тоа ја донеле шеријатските судии на ИД, се наведува во соопштението што го пренесе британскиот таблоид „Дејли мејл“. Повеќе од 38 деца родени со деформитети и со Даунов синдром,...

Виница пред епидемија од варичела

Триесетина деца од предучилишна возраст и еден родител од Виница во текот на ноември заболеле од варичела, меѓу народот познатa како овча сипаница. Ноември е месецот со најголем број на заболени, со оглед на фактот дека од февруари до почетокот на декември се регистрирани вкупно 37 болни. Само во вторникот биле пријавени пет нови случаи на варичела на возраст...

Шест деца загинаа во пожар во училиште во Турција

Во пожар во училиште во провинцијата Дијарбакир во Турција загинаа шест деца, јави турската државна агенција „Анадолија“. Во несреќа во селото Карагак на југоистокот на земјата, повредени се уште шест ученици. Се верува дека пожарот во училиштето го предизвикал дефект на електричната инсталација, наведува агенцијата „Анадолија“.

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...