fbpx

УНИЦЕФ: Во 2015 година 16 милиони деца биле родени во конфликтни зони

-

Секое осмо бебе од сите деца родени во светот или повеќе од 16 милиони деца, оваа година биле родени во конфликтни зони, соопшти УНИЦЕФ.

– Секои две секунди, по едно новороденче го зема првиот здив во средиште на воено жариште, честопати во застрашувачки околности и без пристап до медицинска грижа. Премногу деца го почнуваат животот во екстремни околности – од конфликтни зони до природни непогоди, сиромаштија, болести или неисхранетост. Може ли еден живот да почне полошо – рече извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Од УНИЦЕФ велат дека во земјите кои се зафатени со конфликти, како што се Авганистан, Централноафриканската Република, Ирак, Јужен Судан, Сирија и Јемен, или на опасните патувања за да избегаат од борбите, новородените деца и нивните мајки се соочуваат со огромни ризици.

„Бремените жени се во опасност да се породат без медицинска помош и во несанитарни услови. Поголема е веројатноста дека нивните деца ќе починат пред петтиот роденден и ќе доживеат екстремен – или „токсичен“ – стрес, кој ќе го попречи нивниот емоционален и когнитивен развој на долг рок“, се вели во соопштенито од УНИЦЕФ.

Според организацијата, во првите девет месеци од 2015 година, повеќе од 200.000 деца побарале азил во земјите на Европската унија, како дополнување на 30-те милиони деца во светот кои биле присилени да ги напуштат своите домови до 2014 година поради војна, насилство и прогонување. Сега има повеќе раселени луѓе отколку кога било од Втората светска војна.

– Доколку се справиме со причините поради кои толку многу семејства и нивни деца чувствуваат потреба да ги напуштат своите домови, преку решавање на конфликтите, справување со климатските промени и зголемување на можностите, можеме 2016 година да ја направиме година на надеж, а не година на очај за милиони луѓе – вели Лејк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...