fbpx

Во Европа исчезнале 10.000 деца-бегалци

-

Најмалку 10.000 деца-бегалци, кои не биле во придружба на своите родители, исчезнале откако пристигнале во Европа, соопшти европската полициска агенција Европол.

Се стравува дека многу од нив паднале во рацете на организирани криминални групи за трговија со луѓе.
Само во Италија исчезнале 5.000 деца, додека во Шведска 1.000 деца се водат како исчезнати, истакна шефот на Европол, Брајан Доналд, кој предупреди дека софистицираната европска „криминална инфраструктура“ сега го насочува вниманието кон бегалците.

– Не е претерано да се каже дека во овој момент во потрага сме по 10.000 деца. Нема сите од нив да бидат искористени во криминални дејства, некои можеби се предадени на членови на нивните семејства. Но, факт е дека ние не знаеме каде се тие, што прават и со кого се – истакна Доналд.

Според податоците на хуманитарната организација „Спасете ги децата“, во Европска унија минатата година влегле 26.000 деца без придружба на родител.

Европол кој има повеќе од 900 аналитичари и полициски службеници, верува дека 27 отсто од милион бегалци, кои изминатата година влегле во ЕУ се малолетинци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...