fbpx

УНИЦЕФ: Меѓу бегалците сè повеќе деца и жени

-

Според податоците на УНИЦЕФ, сè повеќе деца и жени патуваат во бегалскиот бран кон Европа. Тие сочинуваат речиси 60 отсто од вкупниот број бегалци кои минуваат од Турција кон Грција.

Во јуни минатата година, речиси 73 отсто од мигрантите биле возрасни мажи, а само еден од 10 бегалци биле помлади од 18 години.

Мари Пјер Поири, посебна координаторка за бегалската криза при УНИЦЕФ, изјави дека жените и децата се посебно ранлива категорија бегалци.

Европол на 31 јануари објави дека најмалку 10.000 деца-бегалци што биле без придружба исчезнале во Европа во изминатите две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...