Таг: Чаир

таг: Чаир

Изгорел стан во Чаир

Повеќе од два часа скопските пожарникари вчера се бореле со пожарот што избувнал во стан во зграда во Чаир. Интервенцијата за пожарот во станот на петтиот кат на зградата број 27 на улицата Павле Илиќ почнала околу 20.30, а пожарот е изгаснат во 22.40 часот. Интервенирале 13 пожарникари со пет возила. Зафатени биле 60 квадратни метри од станот, а штетата се...

Истепани кошаркари и полицајци на натпревар во Чаир

Навивачи на кошаркарскиот клуб „Шкупи“, вчеравечер во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир повредиле двајца полицајци, еден кошаркар и технички раководител на клуб, а удирале и други играчи. Според СВР Скопје, инцидентот почнал во 19.20 часот, по завршување на натпреварот помеѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Од трибината каде што била навивачката група на „Шкупи“ била фрлена...

Приведени уште четири лица за убиството на 24-годишниот чаирчанец

Полицијата денеска извршила претреси и привела уште четири лица за убиството на 24-годишниот Б.И. кој беше застрелан на автобуска постојка на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир пред една седмица, велат од МВР. Во претходната ваква акција, ден по убиството, беа приведени три лица и беше пронајден автомобилот „југо“ во кој биле убијците.

Приведени три лица за вчерашното убиство во Чаир, соопшти Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска соопшти дека се приведени три лица во врска со вчерашното убиство на 24-годишното момче во Чаир. - Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, пријателите и луѓето...

Момчето во кое беше пукано во Чаир, им подлегнало на повредите

Момчето во кое беше пукано во Чаир им подлегнало на повредите, информираше директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Илир Хасани. Тој додаде дека лекарите вршеле 45-минутна реанимација на Б.И (24), но безуспешно. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи, врши увид...

Пукање во Чаир, повредено 24-годишно момче

Денеска околу 17.40 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје од возило во движење пукано е во лицето Б.И. (24), информираат од МВР. Повредениот Б.И. веднаш е пренесен во болница, а полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Обвинителството со анализа на видеоснимки ќе го бара убиецот од Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје ги зело и ќе ги анализира видеоснимките од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде во петокот минатата недела, беше убиен 35-годишниот И.А. од селото Блаце. Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни мерки за откривање на сторителот и на мотивот за убиството. „Обезбедени се видеозаписите од камерите што се...

Скопјанец дивеел пред Брза помош во Чаир оти не му се јавувале на телефон

Гневен на лекарот и на сестрата во единицата на Брза помош во поликлиника Чаир, кои не одговориле на телефонските повици, скопјанец вчера дошол пред вратата, удирал по неа, се заканувал на сестрата, а потоа го влечел докторот и му се заканувал дека ќе го убие ако нешто се случи на неговата внука. Е.С., заедно со неговиот брат, вчера ја донел внуката,...

Висар Ганиу, и официјално, е новиот градоначалник на Чаир

Кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, и официјално, победи во општина Чаир, покажаа резултатите од повтореното гласање објавени на сајтот на Државната изборна комисија. Ганиу во вториот круг, и по денешното прегласување во избирачкото место 2901 во Чаир, освои 48,92 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат од паријата Беса, Зеќирија Ибрахими доби 47,71 отсто. По вториот круг од локалните избори, оджрани...

Заврши гласањето на ИМ 2901 – Беса обвинува дека се вршело притисок врз гласачите

Заврши гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, каде се прегласуваше вториот круг од локалните избори 2017 одржани на 29 октомври. Како што соопштија од ДИК, гласањето минало непречено и во мирна атмосфера, а до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласале 251, односно 34,9 отсто. Првичните резултати од гласањето по електронски пат ДИК ќе ги објави...

ДИК: Излезноста до 13 часот на ИМ 2901 во Чаир е 20,86 отсто

Гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, каде се врши прегласување на вториот круг од локалните избори се одвива непречено, а до 13 часот на гласање излегле 20,86 отсто од запишаните избирачи. Како што соопшти портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, до 13 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 150, односно 20,86 отсто. Гугучевска потсети дека...

Денеска се прегласува на избирачко место во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник на општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори. Како што соопштија од ДИК за „Мета“, гласачкото место навреме е отворено и засега изборниот процес се одвива без никакви проблеми. По вториот круг од локалните избори, одржани на 29...

Денеска е изборен молк – утре се прегласува на гласачко место во Чаир

Од синоќа од полноќ почна изборниот молк поради утрешното прегласување во избирачкото место 2901 во општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори. Политичките партии по вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври поднесоа 16 тужби, но Управниот суд отфрли 15 од нив, а ја прифати тужбата за избирачкото место...

Ахмети објави победа во Тетово, Струга, Кичево, Чаир и во Сарај

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници од неговата партија во клучните општини со големо албанско мнозинство, како Тетово, Чаир, Струга, Сарај, Дебар, Липково, Долнени, Теарце и Кичево. - Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и во Кичево - соопшти Ахмети. На...

Заев во Чаир: Гласајте за Висар Ганиу, ќе работи за сите граѓани

„Чаир е пример на мултиетничност, а Висар Ганиу е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево...

Заев во Чаир побара поддршка за градоначалничкиот кандидат на ДУИ

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска пред граѓаните во населбата Топаанско Поле побара поддршка од граѓаните за Висар Ганиу, кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, а на граѓаните им порача дека СДСМ стои зад секој проект на Ганиу, бидејќи сите проекти се за подобар живот. Претходно Заев, Ганиу и новиот скопски градоначалник Петре Шилегов беа во населбата...

Зеќирија Ибрахими: Општина Чаир должи 2,3 милиони евра

Долгот на Општина Чаир во мај годинава, според Министерство за финансии, изнесувал 2,3 милиони евра, рече на прес-конференција Зеќирија Ибрахими, градоначалнички кандидат на Беса за Чаир. Тој се обрати до својот противкандидат Висар Ганиу од ДУИ, велејќи му дека не треба да верува на гарнитурата во Општина Чаир, чии претставници „му рекле дека Општината не должи, бидејќи тие не водат...

Проширување на улиците и повеќе зелени површини во Чаир ветија кандидатите

Во телевизиската дебата „Живот во Македонија“, која ја организираа „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, четирите кандидати Албанци за градоначалници на општина Чаир, ветија дека во рамките на мандатот би граделе нови паркиралишта и би проширувале улици, а не би дозволиле дивоградби. Велат и дека ќе го сопрат претераното градење и воопшто нема да толерираат градење на зелените површини. Идриз Орана...

Четири луѓе вчера биле пријавени за исчезнати

Во текот на вчерашниот ден, во полиција четири лица биле прогласени за исчезнати. Како што се дознава од полицискиот билтен, исчезнатите се од скопското село Црешево, Тетово, кавадаречкото село Сопот и од Скопје. Б.П. (73) од скопското село Црешево во полициската станица Гази Баба вчера пријавил дека во петокот од дома излегол неговиот 35-годишен син С.П. и оттогаш не се...

Советот за етика го осуди попречувањето на екипата на ТВ „Шења“

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ „Шења“ била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува да се преземат неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања. „Новинарите мора да бидат ослободени од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...